Насетувам ли траги на нетолеранција или така ми се чини :wink:?
Не, не сваќам

.
Писмени луѓе до
18 век имало екстремно малку и мнозинството население било НЕПИСМЕНО! Како ќе се одвивала елинизацијата кога луѓето си останале неписмени a ти тврдиш дека тоа е главниот двигател на елинизацијата?
Се согласувам дека доколку се описменувало на грчки или латински со тек на децении можело да се асимилира АМА кој и зашто би бил ненормален тоа да го прави?
Модерната писменост и школство се производ на модерните текови а не на 12, 13, 14 па и 15 век кога веќе доаѓаат Турците.
Не знам зашто упорно збориш за теорија што би било кога би било кога самите словенски владетели побарале СВЕТО ПИСМО на нивен јазик! Значи секако немало шанси за елинизација.
Инаку си ја промашил тотално поентата за мотивот.
Византија била првенствено заинтересирана да го шири христијанството и и било совршено јасно дека не може тоа ефикасно да го направи на туѓ јазик па затоа и превод на словенски.
Самите тие не помислувале на елинизација туку на ефикасно христијанизирање.
Високите слоеви во царска Русија збореле француски но дали тоа значи дека не знаеле руски?
Многу ако, ако, ако, мислев збориме за пракса а не за теорија.
Кирилицата е една тема а јазикот е сосема друга. Ти објаснив претходно зашто немало шанси за елинизација бидејќи самата Византија не била заинтересирана а после 12 век немало ни начин а ни можност за такво нешто.
Колку пати да повторам дека Србија под Душан со или без кирилица немала ни можност а ни мотив да го рашири грчкиот јазик и да го направи домороден поготово што како што ти велиш писмени луѓе биле да се бројат како прстите на едната рака.
Имам впечаток дека влечеш заклучоци од некои настани во 19 век кога веќе модерниот школски систем зема замав но тоа е тотално неупотребливо за приликите во 15 век кога мнозинството население живее по руралните подрачја и го користи јазикот исклучиво во усмена форма и тоа најчесто во кругот на фамилијата или со своите соселани.
И мене ми се чини дека не ме разбираш ама тоа е, тотално различно размислуваме.
ПС. Глаголицата која ја спомна Трнот постоела и се употребувала пред кирилицата а во Хрватска и после тоа.