S 
		
				
			
		Shellshock nam67
Гостин
Санкциите на Арапската лига и повикот од Франција да се воспостави хуманитарна зона во Сирија, покажуваат дека меѓународната заедница презема се посилни притисоци врз претседателот Башар ал-Асад да го запре крвопролевањето, во кој според процените на меѓународната заедница загинале 3500, додека според сириската опозиција бројката загинати изнесува повеќе од четири илјади во текот на деветте месеци протести за соборувањето на владата.
Русија, којашто во Сирија има своја поморска база и чиешто тргување со оружје со земјата чини неколку милиони долари на годишно ниво, минатиот месец и“ се придружи на Кина и стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации со којашто се осудува режимот на ал-Асад.
Покрај патролниот брод и другите пловила, Москва во сириските води ќе го испрати и носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, пишува Известија , повикувајќи се на пензионираниот адмирал Виктор Кравченко. /крај/ро/сн
e ne ce se zaebava
	
 


	