Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Рубљата се опоравува, јасно беше како што кажа хх дека тие два-три дена беа само напад и нема врска со реалната економска ситуација во државата. Каматите остануваат на 17% што само докажува на здравата монетарна состојба на државата, а централната банка нема више да троши милијарди за да ја спасува валутата. Очекувам 2015 да биде турболентна година и секако рецесија у Русија, ако не се смени нешто со цената на нафтата и паѓањето на вредноста на рубљата да потикне поголемо производство и извоз.
 
Оној кој ги создаде олигарсите сега им дава амин:

http://kapital.mk/putin-pobara-usmanov-isporacha-najbogatiot-rusin-go-vraka-kapitalot-doma/
Рускиот милијардер Алишер Усманов прв го послуша повикот на претседателот Путин до руските бизнисмени за “деофшоризација“ на нивниот капитал
Најбогатиот Русин, Алишер Усманов, ги префрли своите удели во мобилниот оператор “MegaFon“ и железарницата “Metalloinvest“ од странство во компании регистрирани во Русија, откако претседателот Владимир Путин ги повика бизнисмените да ги вратат своите средства во татковината.

Како што пренесуваат “Moscow Times” и “Bloomberg”, Путин пред извесно време ги засили своите напори за т.н. “деофшоризација“ на бизнисите што се во сопственост на руските милијардери, особено сега кога економијата се соочува со рецесија, заради последиците од западното ембарго кон Русија и руското кон западните стоки за широка потрошувачка.

Така, “Telecominvest Holdings Limited” регистрирана во Кипар, подружница на “USM Holdings“ во сопственост на Усманов, ги префрли акциитена “MegaFon“ во “AF Telekom Holding LLC“ која што е регистрирана во Русија. “AF Telekom“ сега поседува 53,8% од акциите на “MegaFon“, изјавија од компанијата. Уште една фирма со седиште во Кипар, подружница на “USM Holdings”, а тоа е “USM Steel & Mining“ги префрли своите акции од “Metalloinvest” во “Metalloinvest LLC“, регистрирана во Русија.

Усманов е најголемиот акционер во “USM Holdings” со 48% удел, додека неговите долгогодишни бизнис партнери Владимир Скоч и Фархад Мошири поседуваат 30% и 10% респективно. Усманов, инаку Узбекистанец по потекло, е познат по бројните удели што ги поседува во бизниси од различни сектори – енергетика, технологија, медиуми, а меѓу другите е и акционер во лондонскиот фудбалски клуб Арсенал. Неговото богатство пред кризата во Русија се проценуваше на 20-тина милијарди долари.

Путин: Амнестија на капиталот нудиме само еднаш
Претседателот Путин исто така предложи амнестија на капиталот што ќе се врати во Русија, ветувајќи дека сите оние што ќе ги вратат своите пари, акции и други средства во татковината, нема да платат данок на нив, или да се соочат со истраги и други дејства од страна на државните органи.

Путин во неодамнешното обраќање до нацијата даде цврсти гаранции дека никој нема да им додева на оние што ќе го вратат капиталот дома.

“На економијата и е потребна кеш инјекција, затоа што државата претрпува огромен одлив на странски капитал поради санкциите, и загуба во домашната економија заради големиот пад на цената на нафтата, која што е клучниот извозен производ на земјата.

Руското Министерство за економски развој соопшти дека очекува до крајот на годинава околу 125 милијарди евра капитал да се одлеат од земјата – сума што е околу 6% од рускиот БДП.

Путин рече дека понудата за амнестија на капиталот ја дава само еднаш.



Не би сакала да сум во кожа на рускиот народ, оние кои те искрале со се партали да ти ги прогласат како спасители :)

Рубљата се опоравува, јасно беше како што кажа хх дека тие два-три дена беа само напад и нема врска со реалната економска ситуација во државата. Каматите остануваат на 17% што само докажува на здравата монетарна состојба на државата, а централната банка нема више да троши милијарди за да ја спасува валутата. Очекувам 2015 да биде турболентна година и секако рецесија у Русија, ако не се смени нешто со цената на нафтата и паѓањето на вредноста на рубљата да потикне поголемо производство и извоз.

Каде тоа го прочита остави линк?
 
Грчки медиуми: Путин и влепи шлаканица на Грција со Република Македонија
19.12.2014
Вчерашната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин не беше пријатна за грчката јавност, јавува дописникот на МРТ од Атина...

putin%20makedonija%20grcija.jpg


Поради Република Македонија, Северен Кипар и пријателството со Турција, вчерашната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин не беше пријатна за грчката јавност, јавува дописникот на МРТ од Атина.

„Неколку удари и пораки од рускиот Претседател”, “Бомби од Путин за Македонија и Турција“, се дел од насловите во грчките медиуми кои што користењето на нашето уставно име од страна на Путин го претставуваат како шлаканица за Грција.

„Можеме да почнеме да работиме на гасовод до Македонија, преку Грција, кој ќе продолжува кон Србија и ќе оди до Баумгартен во Австрија. Ако не го сакаат, тогаш нема да го градиме“, изјавил Путин на годишната пресконференција пред новинарите.

„Владимир Путин и влепи и втора шлаканица на Грција во истото излагање кога зборувајќи за Јужен ток рече дека гасоводот може да оди низ Грција за да стигне до Македонија, како што го нарече ‘Скопје’“, се вели во текстот на порталот за вести MyCosmos.

Првата „шлаканица“ од Путин за Грција според грчките медиуми биле неговите ставови за кипарскиот спор и акцентирањето на руско- турското пријателство.

Контроверзно било тоа што говорејќи за Кипар, Путин рекол островот го сочинуваат Северен Кипар од една страна и Република Кипар на југ, од другата. Рускиот претседател порача дека Русија има многу добри односи со Турција и дека тие се протегаат и на Северен Кипар.

„Путин користеше контроверзна дипломатска терминологија, која што не е во согласност ниту со руските позиции за Кипар, ниту со релевантните резолуции на Безбедносниот совет на Обединетите Нации“, пишува весникот Имерсиа.

Дел од грчкиот печат, меѓу кои и провладиниот Катимерини, пишуваат дека Путин го користел нашето уставно име согласно терминот што го користи руската дипломатија.
Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина
 
производсвото на нафта и гас во Русија е зголемено но извозот е намален
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=43711
Како што јави ТАСС, Новак информира дека рускиот извоз на двата енергенси годинава се намалил и тоа за 4,3 отсто на нафтата на 229 милиони тони и на гасот за 6,7 проценти на 183,3 милијарди метри кубни.
 
Примерот со Израел е да се покаже дека концептот е возможен и се развива. Израелците не фрлаат пари лесно.

THAAD не е системот кој е развиван да биде штит. THAAD, Aegis, Patriot би се користеле како дополнителна поддршка на GMD системот, кој е главната програма. За Булава си во право. Русите се намачија и после многу неуспеси, мислам дека конечно направија успешен тест. Ја споменуваш и Искандер, која иако е квазибалистичка ракета, нема домет до Америка.

GMD ќе има можност за маневри.

The Raytheon EKV (Exoatmospheric Kill Vehicle) is launched by the Ground Based Interceptor (GBI) missile, the launch vehicle of the Ground-Based Midcourse Defense System. The EKV's own rockets and fuel are for corrections in the trajectory, not for further acceleration.

Сакав да споменам во претходниот пост дека ако влеземе во дискусија кој што има во моментов, ќе навлеземе длабоко во шпекулации.



Мојата поента беше дека анти-ракетен штит е возможен, веројатен, можеби не за 2-3 години, но за 10-15 ќе има поголем напредок во тоа поле. Досега договорот меѓу Русија и САД оневозможуваше преголем развиток на таа технологија, сега веќе ја нема таа препрека и скоро сите големи земји се нафатија на таа задача, вклучувајќи ја и Русија. Доволно е една страна да има поголем напредок, за да се наруши балансот во доктрината за гарантирано меѓусебно уништување.

Маневирбилноста на ракетите што ќе ги користи GMD е чисто за корекција на патеката, т.е. доближување до предвидената патека на боевата глава.
И истиов систем е наменет за соборување на ракети во вселената. А Булава ја избегнува вселената. Впрочем воопшто и не ја напушта атмосферата. Башка сите контра мерки и заштити што ги поседува, заедно со способноста да маневрира постојано.
Но да, мора да се признае настојувањето на САД да развијаат штит(ови) кој би делувал добро против скоро сите балистички ракети со долг дострел. Единствен проблем се Булава и Топол-М (како и верзијата за лансирање од сило), што се само мал дел од сите ракети на планетава кои може да бидат истрелани врз САД.

Можеби ќе направат голем чекор напред, но технологијата за напад секогаш ќе биде подобра од технологијата за одбрана. Мора да се признае инвентивноста на двете страни.
 
Рубљата се стабилизира откако порасна за 50% за една недела
14:09 24 декември 2014


Курсот на рубљата за време на тргувањето во вторникот продолжи да расте поради мерките на владата.

Берзанскиот курс на рубљата во вторникот се стабилизираше по растот кој изнесува 50% од најниската точка, кога доларот се продаваше за 80, а еврото за 100 рубљи.

Официјалната потврда од владата наменета за државните компании за продажба на валута ги зајакна позициите на рубљата.

На фонот на добрите вести од владата, доларот и еврото во вторникот изнесуваа 52,88, односно 64,02 рубљи. Според ова, рубљата во однос на доларот зајакна за 51,5%, а во однос на еврото - за 56%
 
zdravo momci:) Ve sledam dolgo vreme , interesna debata praite ...so mislete za
analizata na Vasko ...
https://www.youtube.com/watch?v=sLKb5ad8v_Q&list=UUrr-J3gKi7OnHmiyOSYhNtw
da se umesam i ja malce ..pozdrav

Интересни анализи на бугарските говорници, нешто што оди во прилог на нивните тврдења:
Русија беше најголем трговски партнер на Бугарија во 2011, 2012 и 2013 година, па затоа последиците од девалвацијата на руската валута ќе бидат суштествени за бугарската економија. Трговијата меѓу двете земји во изминатите три години изнесува речиси 20 милијарди долари, а зад Русија се Германија и Италија со 18 и 13 милијарди долари.

http://mk.rbth.com/news/2014/12/24/..._ke_vlijae_na_biznisot_vo_bugarija_39851.html
 
Bugarija e edna od nekolkute drzavicki koi mozno e da postradaat od sorabotkata ili nesorabotkata so Rusija, imaat dolga tradicija na sorabotka i biznisi , a sea se na krstopat , mora da biraat strana ...Sekoja strana e porazitelna za niv...Samo, prasanjeto e , dali evropa t.e SAD ke gi zrtvuva, dozvoli da krahiraat nekolku drzavi vo Evropa, da dojdat do dno , pa podocna da gi oprava taa so sopstveni sredstva, samo da go trgne vlijanieto na Rusija..Makedonija sea za sea e mirna , spored mene taka treba da ostane , da ne bira strani i da ne se zaletuva mnogu na rusko insistiranje na podavanje raka...toa moze da ne kosta ...ispravete me ako gresam
 
Интересни анализи на бугарските говорници, нешто што оди во прилог на нивните тврдења:
Русија беше најголем трговски партнер на Бугарија во 2011, 2012 и 2013 година, па затоа последиците од девалвацијата на руската валута ќе бидат суштествени за бугарската економија. Трговијата меѓу двете земји во изминатите три години изнесува речиси 20 милијарди долари, а зад Русија се Германија и Италија со 18 и 13 милијарди долари.

http://mk.rbth.com/news/2014/12/24/..._ke_vlijae_na_biznisot_vo_bugarija_39851.html
Во голема грешка си. Не е точно и за 2013 година. Наjголем трговски партнер беше Германиja,а не Русиja. Русиja е голем трговски партнер, но извозот е само 400-500 милиона евро, а увоз от 3-4 милиарда евра. Со два збора, Бугариja е пазар на Русиja,а не обратното. После 1999 година, Русиja не е голем пазар, даже можам да кажам мал пазар за бугарски производи. За повеке информации
http://www.nsi.bg/bg/content/7503/по-основни-т'рговски-партньори
http://www.nsi.bg/bg/content/7510/по-основни-т'рговски-партньори
Бугариja и бугарската икономика се влиjaе многу повеке от пазарите како Германиja,Турциja,Италиja,Романиja,Белгиja, отколкото Русиja.
Туризмот е гранката,коjто може да настрада,но трговиjaта е минорен процент.
 
Последно уредено:
Мое идеално решение е Европа да се дистанцира од САД Русија да се прими во ЕУ како влијателен член и да се направи евроазиска економска заедница е тогаш ке ја доживее Европа својата втора ренесанса повеќе од економски аспект.
 
Мое идеално решение е Европа да се дистанцира од САД Русија да се прими во ЕУ како влијателен член и да се направи евроазиска економска заедница е тогаш ке ја доживее Европа својата втора ренесанса повеќе од економски аспект.
Некомплетна ти е приказнава, мора да објасниш што се случило со банкарската олигархија од западот?
(хинт: нешто со револуција и со гилотина ќе заврши работа) ;)
 
На средбата со Владата и Централната Банка, Путин побарал “рачно“ управување со економската политика, базиран на испробаниот модел на справување со финански кризи од 2008/09 година.
Тогаш биле употребени сосема нови методи и средства за силно влијание врз економијата, каде наместо по пат на долги парламентарни гласања и непотребни бирократски процедури, мерките одма ќе бидат автоматски активни.
Истакнал дека во интерес на државните интереси, во овој момент сите во Владата и клучните сектори ќе мора да работат и за време на празниците.

http://top.rbc.ru/economics/25/12/2014/549bff109a794746becedc1e
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom