Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Кратка верзија од видеово:
Внатрешната политика(особено таа на Централната Банка) на Русија и штети повеќе, отколку санкциите што Западот им ги воведе.
Доколку имате време, погледнето го видеото.
(Видеото е два месеци старо, така да, можно е да има некои промени во монетарната политика на ЦБ.)
 
Еве и на Алсат некоја си анализа нешто има нешто нема воглавно ок е држи вода до некаде.
Анализа, Саудиска Арабија и уривањето на цената на нафтата


http://alsat.mk/index.php/vesti/sve...арабија-и-уривањето-на-цената-на-нафтата.html

Јас лично не ги сакам Саудијците и едвај чекам да им секне нафтата и после да бидат фактор 0 во светов а и нема да финансираат во мкд радикали.
 
Да се вратиме на тема.

Еве неколку чекори за анализа:

1.
Барајќи излез од кризата, претседателот на Русија Владимир Путин им се обратил на 41 олигарх. Целта на разговорите било милијардерите да придонесат со заеднички сили да се стабилизира курсот на рубљата, народот да не навалува да ги зема рубљите од сметките во банките и да ги претвора во девизи или да купува сè што ќе му дојде до рака. Во Екатеринската сала во Кремљ Путин им рекол на бизнисмените дека е спремен за отворен разговор за кое било прашање и го повторил предлогот за потполна амнестија на капиталот за тие што ќе ги вратат парите во земјата.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/putin-gi-testira-ruskite-oligarsi-da-i-pomognat-na-tatkovinata-vo-kriza


Дали е ова показател дека сепак судбината на Русија е во голема мера во рацете на олигарсите?

2.
Одредени аналитичари веќе толкуваат дека потезите на Руската православна црква, како последниот со посетата на митрополитот Иларион, се во согласност со стратегијата на рускиот претседател Владимир Путин за одржување на влијанието на Русија на Балканот.
Руската православна црква, поточно патријархот московски и на цела Русија, Кирил, веќе го најави курсот на идните преговори на МПЦ со СПЦ. Една од опциите е да се задржи името Македонска православна црква, со одредница за статусот на црквата која нема да содржи грчки термини – значи да се користат поими како самостојност, самоуправност … Конструктивноста на овој предлог е што МПЦ го задржува името без да го прифати статусот автономија, а при тоа може да биде задоволна и српската страна од која нема да се бара автокефалност за МПЦ.
http://kapital.mk/kapital-analiza-i-mpts-del-od-planot-na-rusija-za-vlijanie-na-balkanot/

Иларион Алефеен, еден од највлијателниот митрополити на Руската православна црква одговорен за надворешната политика на Московската патријаршија викендов престојуваше во Македонија.
Од РПЦ доаѓаат информации дека МПЦ би можела да добие статус на „самостојна“ црква, што подразбира висок степен на самостојност, но не и целосна автокефалност.

Во официјалното соопштение на РПЦ пишува дека целта на посетата на Иларион Алефеев била „регулирање на канонскиот статус на црковната структура Македонската православна црква која што е надвор од заедницата на православните цркви“.
http://www.mkd.mk/makedonija/politi...ion-od-ivanov-gruevski-i-od-gg-stefan-pobaral

Зошто би сакала Русија да се наметне како фактор на Балканот и да ја истисне Цариградската Патријаршија(грчкото влијание)?
 
Мислам дека ова ќе Ве интересира
Русија купува злато во огромни количини
Русија во третиот квартал оваа година купила 55 тони злато
http://falanga.com.au/putin-site-gi-stava-vo-shah-mat-nikoj-ova-ne-go-ochekuva#
Мислам дека ова што паднал курсот на рубљата кон еврото е исто некоја игра која ние не ја разбираме
 
http://www.mkd.mk/makedonija/politi...ion-od-ivanov-gruevski-i-od-gg-stefan-pobaral

Зошто би сакала Русија да се наметне како фактор на Балканот и да ја истисне Цариградската Патријаршија(грчкото влијание)?
Еве нешто што иде во прилог на ова тврдење,
http://telma.com.mk/vesti/mpc-pobara-milost-za-vranishkovski
Македонската православна црква побара од властите милост за поранешниот митрополит Јован Вранишковски. Заклучокот е донесен на вонредната седница на Светиот архиерејски синод, одржана веднаш по завчерашната средба на поглаварот, господин господин Стефан со рускиот митрополит, господин Иларион.

Со овој чекор МПЦ го прави првиот чекор во затоплување на односите со СПЦ под покровителство на Иларион.
 
Мислам дека ова ќе Ве интересира
Русија купува злато во огромни количини
Русија во третиот квартал оваа година купила 55 тони злато
http://falanga.com.au/putin-site-gi-stava-vo-shah-mat-nikoj-ova-ne-go-ochekuva#
Мислам дека ова што паднал курсот на рубљата кон еврото е исто некоја игра која ние не ја разбираме

Ма не бре, и јас и ти погрешно ги разбираме работите.

Па погледни ја рубљата како губи од сопствената вредност, Русија се соочува со банкрот, а само будалите како мене и тебе обрнуваат на овие руски зделки со купување на злато.
 
Дали е ова показател дека сепак судбината на Русија е во голема мера во рацете на олигарсите?
Не би рекол.Мене ова,
Во Екатеринската сала во Кремљ Путин им рекол на бизнисмените дека е спремен за отворен разговор за кое било прашање и го повторил предлогот за потполна амнестија на капиталот за тие што ќе ги вратат парите во земјата.
и ова,
Милијардерите биле замолени до Нова година да ја „продаваат валутата во порции“. Едноставно кажано, извозниците дел од девизите ќе ѝ продаваат на државата според распоредот што го составиле членовите на владата. За две-три недели извозниците би продале од 20 до 30 милијарди долари, што би требало да го смири девизниот пазар. Путин ова го нарекол граѓанска одговорност.
ме наведува да помислам дека ќе прават "финта".Знаат они дека со 20/30 милијарди ништо нема да постигнат,ама ако им додадат една нула,друга ќе биде играта.

Можеби грешам,ама мене така ми мириса работава.
 
@TITTANIK,

Дај внеси малку повеќе контекст во постот за да не нагаѓам што мислиш :)

Според мене чим Путин ги седнува на маса, дава јавно признание дека не може без нивна помош, што индицира дека индиректно тие управуваат со судбината на земјата.
Од друга страна, тоа се трговци по крвна група, мора да видат заработка во замена за нивната поддршка или пак повисока толеранција за нивните бизниси од страна на државата, што од аспект на обичниот народ не мора да значи ништо добро.


Русија полека но сигурно се американизира во начинот на водење политика, со приоритизирање на бизнис интересите на тесна група олигарси.
Баш би сакал повеќе да знам за секој од нив, за жал за разлика од западната пракса, овие луѓе во Русија се “луѓе во сенка“ кои многу добро се кријат од очите на јавноста.(поголемиот дел од нив)
 
Таа група на луѓе се поголема закана за Путин, отколку протести и незадоволство на народот. Еве ги загубите на русите милијардери за 2014 г.

dD0baj9.jpg


Процентуално

ArYd0UD.jpg
 
Ете ја моќта на Путин, 4 месеци санкции и отиде рубљата во неповрат!!!
 
Извор на сликиве Спароу?
Едноставно тешко ми е за верување дека нивните биланси се јавно достапни за некој да им прави анализи.

Еден малку сензационален наслов, но сепак содржински придодава во насока на руската возможна стратегија.

Русија игра мудро, а тоа ќе доведе до финансиски колапс на западните економии во почетокот на 2015!

Неуморната пропаганда нѐ бомбардира со вести дека Русија е беспомошна бидејќи светот ја изгубил и последната трошка доверба, во кого друг освен – во претседателот Путин. Планот за промена на режимот на дело. Господинот Путин мора да биде прогласен за виновен, со надеж дека ќе биде дискредитиран кај својот народ. Тој ја води Русија во длабока рецесија, најлоша од распаѓањето на Советскиот Сојуз. Медиумите ни пренесуваат изјави на обични граѓани на Русија, дека им пропаднале заштедите и дека не знаат дали ќе ги преживеат неволите што им претстојат.

Одвојување на рубљата од западниот систем

Во реалноста, најмалку 80 отсто од руската популација цврсто стои зад Путин. Тој го обнови образовниот систем, здравствениот систем и инфраструктурата, кои беа во руини по распадот на СССР. Претседателот Путин буквално се слави како херој кај огромно мнозинство од руската популација, вклучувајќи ги и тамошните олигарси.

Денес ниту една економија на Западот не работи со рубли. Во своето кратковидно попуштање на Вашингтон, министерствата за финансии на вазалите на САД се ослободуваат од своите резерви во рубли, кои, од друга страна, Русија не ги откупува и пазарот е преплавен. Русија не само што има огромни доларски резерви, туку и рубљата е „покриена“ со злато, но тие факти уредно се пропуштаат во новинарските извештаи. Во моментов, на Русија повеќе ѝ одговара пад на рубљата.

Во уште еден насилнички аранжман на Обама, блискоисточните марионети, произведувачите на нафта како Саудиска Арабија и земјите од Арапскиот Залив, со хиперпроизводство го преплавија пазарот со нафта и гас, спуштајќи ја цената и создавајќи им економски загуби на Русија и Венецуела, земјите во кои Вашингтон сака да ја смени власта. Две муви со еден удар, верува Вашингтон, собирајќи ги комплиментите од своите поданици. На шеиците кои го контролираат производството на нафта, Вашингтон очигледно морал многу да им вети за да се впуштат во вакви загуби.

На Русија ѝ треба рубљата. Тоа е нејзината парична единица и Русија ќе ја користи во идните трговски односи, но рубљата одвоена од западниот монетарен систем.

Кога Русија ќе смета дека вредноста на рубљата е на доволно ниско ниво, ќе ја откупи евтината рубља со огромни количества долари. На тој начин Русија ќе го преплави западниот пазар со долари, евра и други западни валути и – злато. Да не заборавиме дека Русија има покритие во злато. Видовме до сега како уфрлање на големи количества на некоја валута влијае врз нејзината вредност, овој пат со истовремен откуп на рубљата од Западот. Брилијантен потег во насока на враќање на вредноста на рубљата и создавање нов монетарен систем. Систем во кој Европа ќе биде добредојдена, но по сопствена желба и избор, а не со вашингтонското виткање раце.

На Русија не ѝ е во интерес да предизвика ненадеен распад на финансискиот свет заснован врз доларот – што би значело финансиски колапс на голем број земји кои се потенцијални нови трговски партнери во новиот монетарен систем. Наместо тоа, падот на западните економии на заоѓање може да биде планиран како успорено опаѓање со што на тие земји ќе им се даде можност да се пренасочат – да ги претворат своите резерви во рубли, јуани и други валути од земјите од Брикс и Шангајската група. Ова веќе се случува. Пред само десет години хартиите од вредност деноминирани во долари сочинуваа 90 отсто од резервите низ светот. Денес тој однос е паднат на 60 отсто и продолжува да се намалува.

Наместо со оружје, Русија тропа со пари

На крајот, можеби како резервен план, постои договор за монетарен сојуз меѓу Русија и Кина. Кина во моментов има околу 1,5 илјади милијарди долари, а во западни валути речиси три илјади милијарди долари и непознати огромни количества злато. Солидарноста на земјите од БРИКС и Шангајската група со Русија е цврста гаранција за рубљата. Да замислиме дека првата голема акција на Новата развојна банка (банката на БРИКС), со основачки капитал од 100 милијарди долари, ќе биде сеопфатна операција на спасување на рубљата. Не грижете се, руската економија е во добра насока.

Неизбежно се поставува прашањето дали оваа организирана шема на девалвација на рубљата од гигантски размери е уште еден показател дека ни следи војна? Дали тоа ќе биде нуклеарен судир или нова верзија на Студената војна? Дали тоа е уште еден обид на Западот инициран од Вашингтон да се фати Русија во смртоносна замка?

Не мора да значи. Русија мудро ја игра оваа шаховска партија, со врвна дипломатска вештина. Наместо да тропа со оружје, Русија тропа со пари. Оваа игра може да доведе до финансиски колапс на западните економии засновани врз доларот уште во почетокот на 2015 година.

И победникот е...?

http://www.mkd.mk/svet/analizi/rusi...do-finansiski-kolaps-na-zapadnite-ekonomii-vo
 
Таа група на луѓе се поголема закана за Путин, отколку протести и незадоволство на народот. Еве ги загубите на русите милијардери за 2014 г.

dD0baj9.jpg


Процентуално

ArYd0UD.jpg

Незнам од кај ти се податоциве ама да речеме листава според Форбс кажува поинаку.
се фатив за Алекперов зашто некако многу богат ми го направиле овде.

http://www.forbes.com/profile/vagit-alekperov/

Ти сам си ги правеше листиве?
 
Ете ја моќта на Путин, 4 месеци санкции и отиде рубљата во неповрат!!!
Каде е тоа неповрат?
Ми требаат малку рубљи.:confused:
Сега очекувам тие што ги ставаа онлајн валутните пазари да ги постават пак, зошто сум загрижен за нивната објективност.
Знам дека тие се само едни објективни реалисти кои немаат ништо против Русија.
Јас на пример никогаш не сум глумел лажна објективност и цело време сум зафаќал една стана за која сум мислел дека е подобра за мене и мојот народ а која пак сум ја одбрал како резултат од целокупното мое искуство.
Ви тие рамки секогаш сум бил објективно критичен кон мојата страна,само за да таа страна стане уште подобра во битката или натпреварот со другите страни.
Никогаш ама никогаш во животот не сум се обидувал да изигравам месија кој единствено го знае вистинскиот пат од кој сите скршнале,што значи никогаш не ми биле еднакво мили или сум имал еквидистанца во односот Русија-Америка.
Сето тоа се разбира гледано од единствено можниот за мене агол МАКЕДОНСКИОТ.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom