мислев на договор со Русите за повлекување на амерички ракети од турција
А инаку Америка нема што да прави инвазија на Куба кога се веќе на Куба. Имаат војска имат бродови имаат авиони.
Ааа, мислиш пишан договор? Па немале ни за повлекување на Руските ракети од Куба. Се договориле да си ги тргнат ракетите кои едни на други им биле пред двор и си направиле така Кенеди и Хрушчев во тој така да го наречеме Пакт.
Гвантанамо е изнајмен на Америка мноооогу пред Кастро и тоа е тоа нема мрдање од тука.
Али јас мислев на сите американски бизниси на Куба кои Кастро ги национализира и кога се загреува таа криза се спрема инвазија на Куба за да се врати „демократијата и слободата“ али по 63та се се смирува. Америте планирале инвазија и американската војска притискала за напад, и затоа и дошле Русите за да дигаат џева и мрсат конци. На крај се повлекле ракетите и од Куба и од Турција како и добар дел од Руската војска одкако Америте се обврзале дека нема да ја нападнат Куба каде и ден денес е Кастро на власт. Ова не е никаква утеха за народот на Куба, али не им било подобро ни пред Кастро.
Од Гвантанамо не можела да се изврши окупација на островот ниту да се симне Кастро од власт дека е релативно мала база од околу 9000 војници сосе механичарите и пумпашите.
Но сега едноставно ке почекаат да умре Кастро и ете ти ја Куба пак под Америка.
А за ова анти-ракетен штит, жива заебанција за да можат Русите и Америте да цедат пари за воен буџет и да ги дупчат прдежите да купуваат нивно оружје. На крајот на краиштата ако се лупаат меѓу себе најкраок пат на ракетите е преку северен пол, а не преку Полска/Чешка/Бугарија.
Јебига, очигледно Украина нема да влезе во НАТО и најверојатно ке го продолжи договорот за Црноморската флота да остане во Севастопол, а Грузија не може да влезе во НАТО дур има територијален спор (треба да се откаже од Абхазија и Осетија за да нема спор) па ете ракетен штит.
Иран нема никогаш, никогаш да испали ракета накај Америка, Израел или Европа.
Американците се молат и надеваат секој ден дека Иран ке биде толку глуп и дека ке испали, за да можат да им се изнаонакват до мила воља.