Rules Of Engagement

  • Креатор на темата Креатор на темата Фил Ајви
  • Време на започнување Време на започнување
Добра е серијата, ја загледувам кога ќе ја фатам на Фокс Лајф. Најмногу ме нервира сопругот на таа плавата, ич не знае да глуми, многу се фолира. Омилен ми е женкарот.

И друго - кој е тој оригинален начин жити се?

Па едно добри 70% од шегите прв пат ги слушам и на некои од нив сум се смеел до солзи, не се некои копии кои се само "превртени" и вметнати со цел да мислиш дека се нови, ете имаш горе и поубаво објасни Pluh.

Не знае да глуми? Типов е створен за ликот на Џеф и целата серија воопшто. Омилен лик ми е.

Инаку новата епизода е лудило.
 
Првпат ја фатив пред некое време на Сител и ми се допадна... а претходно имав гледано само промоа на Fox Life и ми личеше на типичен досаден ситком... Па, во некој нареден период, ако ми падне на памет, ќе ја симнам да ја изгледам. :)
 
почна новата седма сезона...

Лиз како лик ме страшно нервира, ни една нејзина линија ме нема насмеено... но веројатно ја вметнале само за да ја исмева Џеф...
 
почна новата седма сезона...

Лиз како лик ме страшно нервира, ни една нејзина линија ме нема насмеено... но веројатно ја вметнале само за да ја исмева Џеф...

Лиз му е поставена како досаден лик кој покрај на актерите и тебе ти смета и те нервира. :D
Нема човек на светов кој ќе му се допадне The Cat lady :)
 
идиотиве од CBS ја прекинаа заради таму си некое ретардирано риалити шоу.. а со Модерн Фемили најсмешни ми беа од овие што се активни...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ја иам на Фокс фатено, добра ми е, али за да земам сезона по сезона да ја гледам, па баш и не. Може ако останам ептен без ситкоми за гледање.

Инаку, Џеф мислам се вика, е тој ми е најјак. Колку си тера онака кулирачки, ништо не го нервира, за ништо не се замара, цар е. :D
 
Ја иам на Фокс фатено, добра ми е, али за да земам сезона по сезона да ја гледам, па баш и не. Може ако останам ептен без ситкоми за гледање.

Да се негирам.
Си ја симнав некни. Ми светна така тој ден и викам ќе ја симнам ајде оваа, ми беше на Фокс пријатна за гледање, а штом по 2-3 епизоди можам да ја гледам, за мене е добра.
И сега сум на втора сезона. :D
Интересни ми се стварно, Џеф ми е секако најјак, тој лежерен стил, ко некое мрзливо мече ми е. :pos:
Расел е исто интересен, немам стигнато до делот кај што ќе го вработи тој асистентот што му е, али ко тандем ми се небо-земја. :D
Имаат интересни фори, тоа ми се допаѓа, па и актерите се добри, во глобала, сосема ок ситком. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom