Краток опис поврзан со програмскиот јазик Ruby.
Ruby е објективно ориентиран програмски јазик. Во себе комбинира синтакса инспирирана од јазиците Перл и Ада со објективно ориентирани особини кои наликуваат на јазикот Смолток, а дели и некои особини со јазиците Пајтон, Лисп, Dylan и CLU. Ruby е едопролазен интерпретиран јазик. Неговата главна имплементација е слободниот софтвер (open source).
Јукихиро "Мац" Мацумото (
Yukihiro Matsumoto) со развој на овој јазик започнал во фебруару 1993 година. За прв пат е објавен во 1995 година, а моментално стабилна верзија е 1.8.4 која може да се превземе од официјалната страна на самиот програмски јазик. Според многу програмери Ruby го следи принципот "со најмало изненадување" со што мисли дека тој јазик е ослободен од сите препреки што ги имаат другите јазици.
Името Ruby потекнува од англискиот збор "Рубин" (Ruby, англиски "бисер").
Ruby долго време бил чисто јапонска појава, каде што постигнал голема популарност, приближно како Перл или Пајтон. Документација постоела само на Јапонски јазик. "Мац" дури кон крајот на милиениумот започнал со ширење на овој програмски јазик надвор од границите на Јапонија. Лесно и набрзо е прифатен од другите и држави и поради тоа излезени се доста документации, туторијали итн итн... во врска со овој програмски јазик.
Особини на Ruby.
- Едноставна и читлива синтакса.
- "Чисто" објективно ориентиран програмски јазик.
- "Све" е објект.
- Наследување на модули, наместо повеќеструктурно наследување.
- Уникатни методи.
- Динамична промена и надоградба на класите по извршената програма.
- Препишување оператори.
- Интроспекција.
- Автоматско ослободување од непотребната меморија.
- Поддршка на регуларните Перл изрази.
- Поддршка на повеќе оперативни системи.
- Единствен интерфејс за пристап во базата на податоци.
- Автоматска документација.
- Функционално и процедуално програмирање.
- Либерална лиценца (GNU или по желба).
Ruby е потполно објективно ориентиран, сите променливи се објекти што важи за Java и за примитивни типови типови.