Ruby оn Rails

Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Ме интересира дали има некој во Македонија што работи или што знае нешто повеќе за Ruby (на Rails framework). Aко има, ме интересира што би можел да каже за Ruby зошто почнав да го учам сега па ме интересира некоја информација повеќе, а и се надевам и другите членови на форумот би сакале да дознаат нешто повеќе за Ruby.
Благодарам :)


Поздрав
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Јас во оваа работа не се разбирам ама баш ич ... али не би било лошо да ја има оваа информација

* Ruby - Официјална страна.

* Download Ruby.

П.С. Не би било лошо некој на македонски повеќе да не запознае со ова чудо. :)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Копајки по нетов улетав на една интересна страна поврзана со Ruby Tutorials... можете да погледнете ТУКА.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Краток опис поврзан со програмскиот јазик Ruby.

Ruby е објективно ориентиран програмски јазик. Во себе комбинира синтакса инспирирана од јазиците Перл и Ада со објективно ориентирани особини кои наликуваат на јазикот Смолток, а дели и некои особини со јазиците Пајтон, Лисп, Dylan и CLU. Ruby е едопролазен интерпретиран јазик. Неговата главна имплементација е слободниот софтвер (open source).


Јукихиро "Мац" Мацумото (Yukihiro Matsumoto) со развој на овој јазик започнал во фебруару 1993 година. За прв пат е објавен во 1995 година, а моментално стабилна верзија е 1.8.4 која може да се превземе од официјалната страна на самиот програмски јазик. Според многу програмери Ruby го следи принципот "со најмало изненадување" со што мисли дека тој јазик е ослободен од сите препреки што ги имаат другите јазици.

Името Ruby потекнува од англискиот збор "Рубин" (Ruby, англиски "бисер").

Ruby долго време бил чисто јапонска појава, каде што постигнал голема популарност, приближно како Перл или Пајтон. Документација постоела само на Јапонски јазик. "Мац" дури кон крајот на милиениумот започнал со ширење на овој програмски јазик надвор од границите на Јапонија. Лесно и набрзо е прифатен од другите и држави и поради тоа излезени се доста документации, туторијали итн итн... во врска со овој програмски јазик.

Особини на Ruby.


  1. Едноставна и читлива синтакса.
  2. "Чисто" објективно ориентиран програмски јазик.
  3. "Све" е објект.
  4. Наследување на модули, наместо повеќеструктурно наследување.
  5. Уникатни методи.
  6. Динамична промена и надоградба на класите по извршената програма.
  7. Препишување оператори.
  8. Интроспекција.
  9. Автоматско ослободување од непотребната меморија.
  10. Поддршка на регуларните Перл изрази.
  11. Поддршка на повеќе оперативни системи.
  12. Единствен интерфејс за пристап во базата на податоци.
  13. Автоматска документација.
  14. Функционално и процедуално програмирање.
  15. Либерална лиценца (GNU или по желба).
Ruby е потполно објективно ориентиран, сите променливи се објекти што важи за Java и за примитивни типови типови.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Темава малце е застарена, па реков да ја оживеам. :)

Значи постои Macedonian Ruby users group и кој сака во Кика Хаклаб секој втор четврток од 19:00 до 21:00 се одржуваат собири каде што се дискутираат работи поврзани со Ruby.

Значи наизменично, еден четврток е Python, следниот Ruby... и се така...

Повеќе информации можете да најдете тука.
[FONT=Courier, Monospaced][/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom