Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сега ја забележав темава, мислев ќе прочитам некоја дискусија, кога шо ќе видам: 3-0, не 3-0, 4-0, не 4-0, 16-0... Овие кутрите како Боби цела година што чекаат Интер да изгуби, само ја зголемуваат гол разликата во прогнозите и никако да фатат нештоТиха патња...
Сега, ако зборуваме за кладилница, ние Интеристите ќе ја играме 2-ка поради тоа што на два пати Интер ги учеше покер на Олимпико, ама се разбира, ние сме субјективни и не треба да не слушате. Посигурно ви е дека двете екипи ќе постигнат гол, помал коефициент но и помал ризик. Или пак играјте како што ви вика Боби, 3-0 за Рома. Ваше си е...
Сега, назад на натпреварот: Интер во последно време одлично поминува на Олимпико со Рома и на Сан Сиро со Милан. Причината е едноставна: Рома и Милан се екипи кои се надигруваат, не играат бункер и не чекаат на контри. Интер има проблем со таквите екипи, како Катанија и Палермо на пример. Кога има надигрување, тогаш шансите се на страната на поквалитетната екипа, и затоа се случува овие две да настрадаат. Сега не е ова нешто зајадливо со фан-клуб Милан и со двајцата фанови на Рома на форумов, така стојат работите во моментов.
Од тука, немаме причина да не бидеме оптимисти, мислам дека ќе биде одличен натпревар, дека ќе има многу голови и се надевам дека ќе постигнеме гол повеќе.
Еве ги и двата натпревари во покер:
да не се повтори
09/05/2007 Kup Italija AS Roma vs. Inter Milano 6:2
:helou::helou::helou:
Пусти желби...
Пупоне, Рома со Раниери може не игра така офанзивно, ама Рома никогаш не може да игра со 10 назад и во контра. Ќе играат по претпазливо тоа е нормално, ама простор и шанси даваат многу, за разлика од бункерашите со кои мора да се искористи некоја од ретките шанси и тоа брзо. Земи го на пример натпреварот со Ливорно, типично за Рома...
па не се толку бљантава екипа па со 10 да играат цело време назад, ама сепак оваа не е Рома која ја предводеше Спалети, тим кој сака да се надигрува, го имам тоа приметено
Тоа е ОК, мене ми беше муабетот дека ние со таквите ЈСП екипи имаме проблем. Со Рома ќе се игра нормален фудбал, камо сите така да играа...
Пусти желби...
Пупоне, Рома со Раниери може не игра така офанзивно, ама Рома никогаш не може да игра со 10 назад и во контра. Ќе играат по претпазливо тоа е нормално, ама простор и шанси даваат многу, за разлика од бункерашите со кои мора да се искористи некоја од ретките шанси и тоа брзо. Земи го на пример натпреварот со Ливорно, типично за Рома...
Знаеш ли ЈСП колку беа јаки негде 1999-2000 година кога Жикица им беше капитен и прв шпиц?![]()