Ролери

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Гледав пред некој ден ролери во Саломон во ГТЦ, и колку што видов се им се марка Fila. Имаше едни беа 5500ден што така ми фатија око, али почетник сум и не ги баратам мн мн, ми требаат за на стаза xD Што викате вие поискусните за Fila како марка ?
 
Продавам JS Xsjado 3 blue , so featherlight шина и тркалца и патики број 43 1/3 ...неотворени.

stockwell1.JPG

информации по ПП.
 
Не се извозени ни 10км, заинтересирани во инбокс :)
781268-2.jpg
 
Доообро....
Ќерка ми (5 и пол год.) е зад мене плаче и рика за ролери, а другарка и е надвор пред врата цела е како од вселенска капсула прв пат на ролерите розеви светкаат и прави вуху хуху ху, и мафта со сите четири

Е јас за ролерите знам само дека е здраво, и дека пошто е хиперактивна ќе се издува, ама никогаш не сум возела дали ќе можам да ја научам?

Кога прв пат се качивте да ролате?
Ми треба да барам некој што знае да ја учи или само да ја пуштам да се искрши и после да ја дотепам?
Што мислите?
 
Дали ќе научи е до неа.
Има некои деца сфаќаат лесно - некои не сфаќаат.
Ама дај и шанса шо. Не се скапи многу детските ролери, ако научи ќе си вози.
Ако не научи ќе фаќаат прашина ама ќе знае (надежно) дека не треба да се лета на секоја ствар шо и се интересира во случај да не ја бива во тоа.
 
Сакам да купам ролерки чисто за фитнес, ама нормално да е солидно и квалитетно во разумна цена се разбира. Можам и да ги порачам од било каде, па ве молам за некој совет/предлог. Најдов некои си 2 модели меѓу кои се мислам ај дајте мислење?

1. Roller Derby Aerio Q80 Inline Fitness Skates
http://www.walmart.com/ip/Roller-Derby-2012-13-Men-s-Aerio-Q80-Inline-Roller-Skates-I258-10/31567246

2. Phuzion Gamma Pure - Fitness Skates
http://www.powerslide.de/products/skates/phuzion-gamma-pure
 
Ролерки Landway I-Max 4.42 - користнеи, одлично сочувани, број 44, портокалова-црна боја, купени од Вучко, доаѓаат со се кутија и опрема. Цена 2.000 денари
 
Attachments

  • Rolerki 3.jpg
    Rolerki 3.jpg
    80,4 KB · Прегледи: 18
Препорака за ролери во Скопје ? Гледам најчесто Salomon се возат кај нас но сега гледам дека има и Fila добри ролерки, па кои според вас се подобро онака за еден просечен рекреативен возач?
 
Може да се најдат некаде во Скопје вакви ролшули?
SKRPQ07-2.jpg

На ebay ги има но не се исплати да се порачаат од таму затоа што поштарината ќе излезе повеќе од цената
 
Колку пари би чинеле класични recreational ролерки? Почетник сум и не знам да возам, што значи не би идел на нешто скапо за почеток. Колку би била отприлика цената за ролерките и во кои дуќани има најголем избор ? Слушнав во ГТЦ дека има најмногу дуќани за ролерки.
 
Ја моите ги купив 3000ден пред 3 години. Имаше и поскапи, ама мене тогаш толку ми беше буџетот. Уште ги возам, душата им ја извадив:P
Во ГТЦ, на почетокот од страна на плоштадот до ДМ дрогеријата, Интерспорт се вика сега продавницата, од таму ми се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom