Рок/Метал vs. Турбо фолк и шабанерија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Што преферирате, рок/метал или турбофолк?


  • Вкупно гласачи
    343
A бе овие се штимаат цело време!! Песна не слушнав!

Плус шо таа пејачката збори на амерички?!?!?
Таа треба на бина да збора македонски (со прилепско битолски дијалект) и да викне ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, ДА ЖИВЕАТ НАШИТЕ ПОРОБЕНИ БРАЌА ВО ЕГЕЈ И ПИРИН, СЛАВА ИМ НА АЛЕКСАНДАР, САМОИЛ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ДАМЕ ГРУЕВ, ЈОРДАН ПИПЕРКАТА, ЈАНЕ САНДАНСКИ, ЧЕНТО,


а и не го гледам армоникашо никаде....
Во живо го вика и тоа што го викаш ти. Fuck the Kavadarci police department!
 
Металната и панкерската музика можи да звучат поарно ако уфрлат некоја хармоника или кавал во вокално инструменталнио состав, а и песните малце да ги преработат и наместо за гробови и ѓаоли да пејат за некое момче што оди печалба а либето му остана дома в село... или за некој ајдук војвода шо сардисан од клети душмани се отепва жив в раце да не им падни... или за македонија дека треба да се обедини егеј пирин и вардар......


Ти го препорачувам Перо Деформеро
 
Во живо го вика и тоа што го викаш ти. Fuck the Kavadarci police department!

YAEH, Fuck the локална подружница на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Виница
 
Fuck третата кабина на наплатната рампа Скопје - Куманово "Романовце"
 
1.Мразам турбо фолк.
2.На нова година ми пуштаа турбо фолк и бев тужен ко некој да умрел.
3.Турбо фолкот не орасположува највеќе.

И мене ми пуштаа (претежно) ТФ за Нова Година. Бевме нешто поголемо друштво од обично и изгледа ТФ им беше некакво музичко есперанто. Едно 80% од луѓето што беа таму ги знаеја сите песна напамет, и нормално цело време си пееја со дигнати раце. Јас кутриот, седнат таму на страна, не знаев ни една песна, немајќи што да правам, (да си одам немаше смисла) морав цело време да пијам, кога веќе не пеам. Колку да не бидам ајљак.

Резултат - се разбудив дома без јакна и без телефон, не памтејќи ништо после 1:30. Среќа си ги најдов работите уште истиот ден.

Наравоучение - ТФ му штети на вашето здравје и на околината. Без разлика дали го конзумирате директно или индиректно. ;)
 
Металната и панкерската музика можи да звучат поарно ако уфрлат некоја хармоника или кавал во вокално инструменталнио состав




Еве има и хармоника и кавалче и виолина и све... И текстовите се типично фолкерски, поврзани со пиење :pos2:
 
Е темава замре па да ја живнам.

Сега децо ќе ви претставам една идентична песна во две верзии: кафанска и металска. Па вие одберете си го вашиот фаворит. Иначе Бишке (ѕвериште) авторот е кафански металец или металски кафанец како сакате. За мир у кучи, повелете масовна са(х)рана:

Металска верзија


Кафанска верзија


Ај на здравје!
 
Темава треба да се вика:

Све остало vs. турбофолк.

Гласам за све остало.
 
Темава треба да се вика:

Све остало vs. турбофолк.

Гласам за све остало.


ако е све остало и јас ќе гласам како тебе

турбо дизел фолк сакс
 
Турбо Фолкот треба да оди во рајот.Кремците ќе одат во рајот.
 
Немам ништо против и не ги осудувам луѓето кои сакаат да слушаат турбо фолк, бидејќи тоа си е нивен избор и јас немам никакво право ниту обврска да се мешам во тој избор.
Мене лично турбо фолкот ми „смрди“, што значи дека во никој случај не би го избрала... не ја сакам ниту музиката, ниту текстовите, ниту начинот на живот.
 
Ќе ја воскреснам оваа тема со песна која сосема одговара за тука. Уживајте, како во музиката, така и во текстот. :)

watch
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom