Родителско право на шамар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора на детето да му удриш шамар за да го воспиташ.
Еве тргнувам од мене.Мене родителите никогаш не ме удриле(барем од ова што се сеќавам:wink:)и сепак значи прераснав во добра личност.Тие ме воспитале по начинот на кој сметале дека е добро(значи без шамари)и ја постигнале целта во животот што се однесува до децата(истиот пример е и со сестра ми и неа никогаш не ја имаат удрено).Шамарот не е некое насилство ама еве можело и без него да се поминит:smir:
 
Ако имам здравје дете исто како јас кога бев мала, богами не шамар, ќотек!(по гз де). Некои деца не се разбираат со зборови, има секакви , со различен темперамент. Гледам по братучеди, ни со ќотек не се разбираат, бесни пребесни. Сметам дека секој родител го има правото на шамар, убаво е понекогаш да осети и детето што е болка, за нареден пат да помисли ако направи нешто лошо, може повторно шамар да добие. А не да се разгали до максимум. Таквите деца се после најлоши, а не оние кои барем еднаш осетиле шамар.
 
Море еби му мамицу напрај го лом, да видиш дали тогаш ке пуши цигари или ке користи дроги. Само 2 пати од земја мавање ке биде мирно коо куче.
Како што веќе кажав, еден шамар и тоа за обично дерење. Толку. Па нити пушам, нити се дрогирам. Има различни пристапи, само ретко кој ги знае:smir:
 
Како што веќе кажав, еден шамар и тоа за обично дерење. Толку. Па нити пушам, нити се дрогирам. Има различни пристапи, само ретко кој ги знае:smir:

Не се сите деца разбрани како тебе :)))
 
Не оправдувам.
Мислам,физички гледано,шамарот не е многу болен удар или нешто па да може да му нанесе штета на детето,ама тоа не е проблемот.
Едноставно,родителот не треба да превзема такви мерки за да спречи нешто.
Ако претходно со вербална комуникација не успеал да го превенира тоа за што го казнува сега детето со шамар,тоа е негова грешка.
Значи во глобала,шамарот е секогаш грешка на родителот,па затоа вакво нешто не треба да се употребува.
 
како што кажаа погоре некои деца не се разбираат ни со добар муабет, а не пак со шамар.
Имам братучеди на кои ни тетка ми ни тетин ми неможе да им докаже нешто, едниот си тера по свое , помалиов гледа од него и дома е хаос, единствено страв имаат од чичко им кој ниту ги тепал, удрил.... ама кога ке им каже нешто кажано е , слушаат и прашуват дали треба уште?
 
Неколку илјади луѓе во Нов Зеланд се собраа на протест и бараа како родители да им се даде право и понатаму без казна да можат да ги исшамараат своите непослушни деца.Во неколку градови протестирале дури и дедовците против новиот предлог закон кој предвидува казнена одговорност за родителите за било кој облик на физичко насилство врз детето, вклучувајќи и шамар.
Во главниот град Велингтон училиштата се затворени за учениците да можат да учествуваат во јавните менифестации против предлог законот, кој според мислењето на организаторите на протестот, претставува мешање на државата во семејството и прават ана родителите.
Црквата проба да интервенира против острите реакции на здружението на родителите, истакнувајќи дека единствената намера на законодавецот во пишувањето на новиот предлог закон е да го ограничи застрашувачкиот пораст на насилството во семејството.

Што мислите вие, дали на родителите треба да им се одземе или остави правото? Ајде аргументи.

Шамар на дете? зошто? Не само што е болно, туку е и понижувачки. Башка што остава и последици... детето ќе трепка забрзано, секогаш кога мува ќе му прелета околу лицето.....

Родителите бараат права за ќотек? прв пат слушам вакво право :) ама конвенциите за правата на децата се познати во целиот свет.

Детето има право да е среќно.

Казната со ќотек не е ништо друго туку само немоќ на родителот да се справи со некое поведение на детето. И дефинитивно не треба да постои. Не може секогаш кога ние сме немоќни, да ги шамараме децата.

Сум против тепање деца максимално, освен кога станува збор за мали деца кои одат накај штекер на пример, па онака демек го плескаш по рачето за да не му текне другпат. (не да му го исушиш рачето туку само симболично)

За поголеми дечиња е контрапродуктивно. И кај мене дома може да се случи да плеснам дете по газето, само ако прави нешто што е опасно по живот. Се друго се решава со разговор!
 
Шамар е знак на нервоза, фрустрација и незадоволство на родителот, од некоја постапка на детето. Ако некој излегол од вас, не значи дека е ваша сопственост, така што немате право да млатите никого. Односно имате, но не заборавајте дека инфантилниот е многу чувствителен период од животот така што подоцна може да се рефлектираат вашите ,,кун-фу" карактеристики, и врз вашето дете. Дедо ми на пример, сеуште памети како во 1945, татко му го фрлил во капина, поточно во трњето од истата. Денес сме поеволутивни, затоа не викаат луѓе, за да се разбираме со зборови.

Море еби му мамицу напрај го лом, да видиш дали тогаш ке пуши цигари или ке користи дроги. Само 2 пати од земја мавање ке биде мирно коо куче.
Што ми рече? Ај дојди мене удри ме, еве пушам цигари, да ме одвикнеш. Коа ќе ти стегнам една тужба... Па човекот куче ли е бе? :tapp:
 
Баба ми стално и викаше на мајка ми да не не удира многу, ,,зашто кога ќе ти тргне раката, тешко е после". Има ситуации кај што стварно заслужува детето шамар, ама тоа да е ретко,а не секојдневно
 
пошо денешниве деца се претерано размазани и распрдени, или е по нивно или по ничие, сум за родителски шамар но во ситуации кога со збор ништо не може да се постигне, значи ептен во екстремни ситуации кога се нема друго решение а практично децата се вон контрола!
 
Некогаш кога е повеќе од јасно дека збор не помага треба една воспитна да му удриш за да сфати некои работи, за да научи што е добро, а што е лошо. Ама и родителите не треба да претеруваат со тие шамари треба и они некоја граница да си постават, а не еднаш ќе видат со шамар ќе се смири па ајде после само со шамари ќе го смируваме детето.

Море еби му мамицу напрај го лом, да видиш дали тогаш ке пуши цигари или ке користи дроги. Само 2 пати од земја мавање ке биде мирно коо куче.
Абе а ти колкав си може да кажеш??? Не пушиш ли???? Нели си правел триста глупсоти кога си бил помал????
 
Може наместо шамар да му се даде некоја казна, повеќе ќе дејствува според мене, па греота е по лице или глава да се тепа дете, поубаво по раце со стапче како што правеле порано:).
 
Баба ми стално и викаше на мајка ми да не не удира многу, ,,зашто кога ќе ти тргне раката, тешко е после". Има ситуации кај што стварно заслужува детето шамар, ама тоа да е ретко,а не секојдневно
Нема никогаш такви ситуации, само мислењето за тоа.
 
Шамар? Не, во никој случај за болката, туку понижувањето. Шамарот не е решение, туку шокот. Се треба да се решава со шок терапија. Детето треба да сфати што направило и да му стане мака , па потоа ке се смири. А со шамар има деца кои беснеат уште повеке.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom