РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
53
Веб-сајт
www.kajgana.com
Киро Глигоров наполни 89 години

Правнуците Ирена и Игор беа меѓу првите што на својот прадедо, првиот македонски претседател, Киро Глигоров, вчера му го честитаа 89-тиот роденден. Осуманесетгодишната Ирена и четиринаесетгодишниот Игор, внуци на неговата ќерка Лиле, не сакаа да откријат што му подариле на својот прадедо. Рекоа само дека станува збор за мал подарок. Тајна останаа и подароците што Глигоров ги доби од сопругата Нада, како и од членовите на својот кабинет.
240A603BDC72AE459A02A699DCD83B4E.jpg
Роденденот беше доволен повод Глигоров да ги собере членовите на своето семејство и соработниците за да ги почести. Изборот падна на скопскиот ресторан „Воденица”, на скромен ручек, за на кој не било предвидено да се послужи роденденска торта со свеќички.

Сопругата Нада му наздрави со чаша шампањско, а Глигоров го избра коктелот „Блади Мери”.

На адреса на првиот македонски претседател вчера пристигнаа и повеќе роденденски честитки - од шефот на државата Бранко Црвенковски, од претседателот на МАНУ Цветан Грозданов, академик Гане Тодоровски, поранешниот словенечки претседател Милан Кучан и други.

По вчерашното славење, Глигоров го очекуваат нови работни обврски. Тој денеска треба да замине во Рим, Италија, на завршниот состанок на Комисијата за Балканот, а потоа во Сараево, БиХ, на состанок на Балканскиот политички клуб.
 
Честито и од мене. Таа внуката Ирена (олсо ноун ес Иќи) одеше со мене на англиски едно време.
 
Честит роденден и од мене иако не ја поддржував неговата политика, сепак беше Претседател на нашата Држава.
 
Темава како и личноста на која се однесува не заслужуваат внимание!
 
е фино напунил години
 
Дали е точна веста на денешен Вест, дека Катерина Коцевска му ја испеала
happy birthday mr. president.....
 
остајте го бе ѕвер е типов, да не беше он ќе бевме у војна и ние со Србија
 
Еден од гробарите на македoнската нација и држава, човекот кој влечеше катастрофално лоши потези, кој ја протежираше својата партија и на кој интересите на истата му беа над националните. Тешка србенда, на кој Белград секогаш му бил помил, најлошата варијанта која што можеше да ја има Македонија во кревките години по осамостојувањето. Лажго, пропагатор кој на сметка на наводната крхкост и старачки лупетања, влечеше симпатии и народот слепо го подржуваше. Се покажа дека е поздрав од коњ и еве начука 89 години, за разлика од оние кои во тој период беа најактивни и направија најмногу за независна Македонија, а сега се маргинализирани, неканети на прослави за независност, малтретирани итн, или починати/убиени.
Се надевам дека ќе постои правда и она кое Глигоров и го направи на Македонија и народот нејзин ќе му биде вратено на неговото семејство, на неговите блиски, на оние околу него.
 
Никола напиша:
..........................................Се надевам дека ќе постои правда и она кое Глигоров и го направи на Македонија и народот нејзин ќе му биде вратено на неговото семејство, на неговите блиски, на оние околу него.

Pa .......Otto Eduard Leopold nemoj vaka ko nekoja baba, pravda nema, daj vidi nesto poprakticno.... vidi nesto od toa repertoarot na Koba :):):)!!!!
 
епа срекен му роденден и нека му се множат :)
 
mRnO напиша:
Киро Глигоров наполни 89 години

Правнуците Ирена и Игор беа меѓу првите што на својот прадедо, првиот македонски претседател, Киро Глигоров, вчера му го честитаа 89-тиот роденден. Осуманесетгодишната Ирена и четиринаесетгодишниот Игор, внуци на неговата ќерка Лиле, не сакаа да откријат што му подариле на својот прадедо. Рекоа само дека станува збор за мал подарок. Тајна останаа и подароците што Глигоров ги доби од сопругата Нада, како и од членовите на својот кабинет.

240A603BDC72AE459A02A699DCD83B4E.jpg

Роденденот беше доволен повод Глигоров да ги собере членовите на своето семејство и соработниците за да ги почести. Изборот падна на скопскиот ресторан „Воденица”, на скромен ручек, за на кој не било предвидено да се послужи роденденска торта со свеќички.

Сопругата Нада му наздрави со чаша шампањско, а Глигоров го избра коктелот „Блади Мери”.

На адреса на првиот македонски претседател вчера пристигнаа и повеќе роденденски честитки - од шефот на државата Бранко Црвенковски, од претседателот на МАНУ Цветан Грозданов, академик Гане Тодоровски, поранешниот словенечки претседател Милан Кучан и други.

По вчерашното славење, Глигоров го очекуваат нови работни обврски. Тој денеска треба да замине во Рим, Италија, на завршниот состанок на Комисијата за Балканот, а потоа во Сараево, БиХ, на состанок на Балканскиот политички клуб.


СРЕЌЕН МУ РОДЕНДЕН
 
wow цовекот е дзвер
 
abe ajde!!!ovoj vampir,gi nadzivea site.
toj vo ponovata istorija netreba da zazeme ni 3 reda,a ne da bide velicen i respektiran.
cel zivot niz belgrad i stana pretsedatel so "placenje"....
kako i da e....imavme mnogu podobar od nego.
 
Back
На врв Bottom