Роботизирани и индиферентни души

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Културата и традицијата ни наметнува релаксиран, хедонистички начин на живот, и ниедна политика тоа нема да го смени.
Со таа психологија се вадат мрзливите и неспособни карактери кои што како пост-комунистички навики ги земале жалопојките и неопходната потреба за добивање на парите на тацна.
Капиталистот никогаш нема да биде заинтересиран за културата и традицијата во твојата земја ако ти не му обезбедиш профит.Убаво е да се ужива во животот и да се пронајдат начини за филтрирање, но, да се базираме врз нешто толку неверодостојно во секој рационален и индивидуалистички ум како „така останало од времето“, премногу е лежерно за човек кој што има цели и не се чувстува само како дел од стадото.
Погрешна проценка на генерализацијата во модерната ера на капиталистички босови и луѓе желни за буржоазирање.
Животот е различно сфатен и тоа е добро што е така, бидејќи никогаш на планетата нема да се случи фамозната глобализација, и никогаш нема да се создаде една држава, светски поредок и слични смешки, туку вечно ќе имаме различни култури, обичаи и навики па дури и ние од Скопје кога ќе се споредиме со оние од Куманово. И тоа е прекрасно што е така, особено кога ќе треба да се споредат нашите со оние од Монголија на пример.
Процесот на глобализација ќе го земе својот замав, на оној или овој начин, прашањето кое што вистински треба да се постави е дали поединецот ќе се одлучи да биде конформист или индивидуалист во истото тоа општество.
Стратификацијата е најголемата пречка, да, треба да имаме среќа што нема повторно да доживуваме идеалистички комунизам кој што ќе ја уништи земјата со својата делузивност.
 
Ја сфаќам суштината во она што Леандра го проблематизира, но пак ќе се навратам на "методот" кој Вашингтон пост го користи, со виолинистот и слично...

Дали сметате дека во минатото, или во било кој друг општествен систем, луѓето поинаку би реагирале на виолинистот и неговата музика?
 
Времето е пари. Парите се време. Се што го попречува овој прост и помалку тупав но и тоа како корисен комунитативен израз од кој на повеќемина денес лиги им течат е дисбалансирање. Па така и виолинистот претставува дисбаланс.

Ѓоамити нас секоја минута од денот ни е планирана ,жими дупето.

Брзам на интервју за работа во страшно голема компанија,за 10 минути ќе ја направам зделката од мојот живот...или едноставно ме чеша газето бе не ми е до класична музика,ако ми е до класика дојдено имам дома не знам колку GB download и ете ми класиче во звучниче,тоа е веројатно проблемот.

Би рекла дека денес се живее брзо и не би згрешила,но кога бигарантирала за минатото во афирмација не би била толку сигурна дека секој би го забележал.Не дека сите би му се восхитувале и би го направиле следниот голем талент,можеби и би го истепале едно убаво за нарушување на мирот, во даден период.

И не се согласувам дека се индиферентни. Само мислат дека во моментот имаат страшно попаметна работа од тоа да застанат и да слушаат музика на улица.Постојат луѓе кои би се навредиле да застанат да го слушаат тој ''кутар човек'' и во даден момент го едначат со просјак кој наместо на виолина изведува соло а се случува и во дуо,трио квартет зависи каква среќа имате. Четиристих кој ви мава во совест.

тетке
Бог здравје да ти даде
Дечиња фамилија здрави и живи
дај 10 денари.

Виолинистот денес се наоѓа и во повеќе форми- не знам,street танчери,beatbox-ери,сите се тие уметници.Грешката ја правиме во тоа што мислиме дека тие ги сакаат само нашите пари. Настрана боже мој,не е некој грев да посакувам нечиј полн новчаник :pos2:но не им е тоа првичната цел. Ги гледаме низ нашиот просјачки пејсаж на кој сме навикнати.
 
Роботизирани и индиферентни души, богами звучи психо-интересно, уште да имав видено поише од 2,3 такви примери на луѓе во мојава околина. Проблемот на запад може е роботизираноста, но кај нас, за жал, е мрзливоста. Пред некој ден излегов во 2,3саат-работно време, на прошетка низ центарот, кејот и улица Македонија, фул беше, немаше кај да се помине и кафичите беа полни. Сите сакаат да избегаат од работното место, да трачарат и да го пијат кафето кажувајќи како немаат доволно приходи, или пак критикувајќи се и сешто, од политика до келнер.
Ми се чини дека кај нас се` иде во екстреми, тој што работи вредно, 'рмба (зошто секоја работа му се дава на него, најодговорен и сериозен е); тој што ужива, се излежава(ама па итар е и ја прикрива својата неработа, зошто инаку брзо би летнал од работа).
 
Дали сметате дека во минатото, или во било кој друг општествен систем, луѓето поинаку би реагирале на виолинистот и неговата музика?
Hehehe... :back:

Ado, jasno e ( barem mene mi e ) deka i idejata deka klasicnata muzika generalno e vrvna vrednost, najubav zvuk sto moze da se proizvede i deka site treba da ja sakaat e vsusnost nametnata ideja... zosto, kako, od koja pricina e toa taka e drug muabet.

Vesnikot samo svesno ja prifaka taa ideja kako neosporliva vistina za da celata prikaska dobie poveke na tezina. :toe:

Znaes, mi se slucuvalo da se dogovoram so nekogo za na kafe i dur idam do kaficot sum naletal na Uki kako sviri na plostad. Poveke pati imam zaglaveno pobajagi vreme za da go slusam. Toj/taa so kogo sum bil dogovoren, ostaj sto me cekal/a minimum pola saat ko izguben germanec nego i bil/a primoran/a da gi plati pijackite, bidejki ja site pari mu gi imam dadeno na Uki. :toe: :):)
 
:)
Ок, штом делумно се разбираме.

Значи, настрана генерализацијата за класичната музика и сл.

Пак гледам една генерализација низ темава, во смисол ние на Балканот, тие од Западот, генерациите порано, генерациите денес, у минатото или у друг општествен систем све опуштено и предадено на лепота, сега све убрзано и претворено во "фанатички поклоник" на Височеството Капитал....Лично мене, тоа уверување не ми држи вода.

Да претпоставиме робовладетелско општество...Да претпоставиме феудално општество...Ран капитализам во Англија...Зарем тогаш мнозинството просечен (читај сиромашен) народ, би застанал да слуша музика, би уживал во фините уметнички дела, би читал книги?
И да сакал, не би можел...Што затоа што не му биле достапни, што затоа што бил претворен во перпетум мобиле...Поентата е дека ако веќе збориме за индиферентност и роботизација, ги има од многу, многу одамна.

И секако дека општествениот систем влијае...Но, позади сето тоа, останува личен избор, лична желба да се "отворат очите". Како што ти уживаш во слушање на Уки, така некој, од разни причини не може/не сака. И ниту еден општествен систем и сл. не може да направи да ужива, се додека сам не посака.
 
Дали сметате дека во минатото, или во било кој друг општествен систем, луѓето поинаку би реагирале на виолинистот и неговата музика?
Музиката се прави спрема ритамот, движењето, начинот на живот на луѓето од дотичниот историски период. Музика што била популарна пред два века не можи да биде популарна и денес. Музиката што е популарна денес не можи да биди популарна после два века, едноставно нема да ги допира луѓето на лично ниво :toe:.
 
Не мислев на музика како правец и сл. :)

Како и да е, она што го подразбирав со прашањето, верувам дека подобро го образложив во претходниот пост.
 
Добро да не си ја мачам глаава да читам со страници наназад, ќе кажам само дека ја преслушав музиката што ја свиреше човеков и мојот став е дека луѓево што го одминуваа ништо не пропуштаа. Пишуваше на прва страна Ацид, дека е ипак релативна работа. Да беа застанати Металика и да свиреа нешто нивно облечени ко скитници, сто пати повеќе луѓе ќе им застанеа. Едноставно никој не слуша класични дела на виолина - тоа не значи дека сме станале роботизирани.
 
Едноставно никој не слуша класични дела на виолина - тоа не значи дека сме станале роботизирани.
Едноставно никој не слуша класични дела на виолина, ама тоа пак не значи дека не сме роботизирани. Значи, примерот со виолинистот го сфаќам исклучиво симболично. Не ми покажува музички преференции во никој случај. Ако некој се брза за на работа значи и Бритни Спирс и Металика да беа немаше поголем да биде интересот за `настапот`. Луѓево ќе брзаа и ќе одеа на работа, или ќе се продолжеа онаму каде биле in a first place насочени. Не сме запад, ама пополека се придвижуваме и секој (е сега скоро секој) има организиран ден и некаде мора да оди. `Никој не застана да го слуша виолинистот` е наполно очекувана варијанта на можеби не индиферентно ама дефинитивно роботизирано опшество.
 
Темава е глупа. Ако треба да завршам некоја работа, шо сака нека биде јас ке одам, било кој познат да се појави. Еве сега за 1 саат полагам, па ако ја сретнам Бритни Спирс (не дај боже) пред факултет не значи дека ке застанам и ќе ја пулам, а ке изумам на колоквиумот, си иам свој бизнис, ако сака нека дојде најдобриот од најдобрите во музика ама си терам моја работа, доволно е да обрнам 10 секунди внимание. После патот под нозете и терам
 
Epa sea.... eve mene recimo na pat za fax ili rabota da mi izleze Jennifer Lopez pred oci i mi rece ajmo da me rabotis, idam bez razmislenje so svetlinska brzina, makar i studiite da mi traat uste 10 godini ili pak dobijam otkaz od rabota. :toe:
 
Ок, ако продолжиме вака да ја водиме темава, може и јас да прокоментирам у стил Ако Курт Кобејн се појавеше од мртвите и почнеше да ми пее на сред улица, а мене у меѓувреме да ми течеше омилената хрватска сапуница на ТВ, немаше ни да го погледнам...бла, бла...па после и останатите да се надоврзат со свои примери...и журка.

Значи да, јасно ни е дека секој има своја хиерархија на мотиви и приоритети, па слушањето класична музика не е секад на првото место...али темава е малку покомплексна, па да не ја банализираме со апстрактно/тривијални примери, ок? :)
 
Мислам дека не толку виолинистот , колку локацијата ,метро , имав прилика да живеам во Москва и поголемото движење беше во метро ,не знам како да објаснам но кога ќе влезеш во метро некако се оди автоматизирано те повлекува толпата ти и се препушташ ,така да тоа не е мерило за однесувањето на луѓето . Но сепак би додала дека живееме во време кога навистина секој некаде брза , мислам дека порано не беше така . Колку тоа е оправдано е друга приказна ама сега луѓето имаат помалку време за многу поважни работи ( игра со децата разговори , ручек со фамилијата ) Тоа мора да се промени и секој да си најде време за она што ќе го оплемени и му донесе духовен развој.
 
Мислам дека тоа со виолинистот не е единствен пример па глупаво е да го свакаме буквално зошто никој не застанал да го слуша , нема да се држам за примерот туку за темата ..лугето го губат природно чуство за убавина, вкус и квалитет кога им се пласира во големо количество една изобличена убавина , грдотија но нормално човек кој работи некоја вообичаена работа во канцеларија или од него се бара комплетно исполнување на обврските на работа не е способен да има визија за уметноста и го козумира тоа што му се нуди, нели често знаеме колку лугето се раководени од трендовите и она што моментално е ин дали било тоа храна, пијалак или некој нов партал дизајниран од уметник чиј концепт преминува во нешто банално но на нашиот роботизиран човек тоа не му е грижа зошто? Општествениот поредок го притиска да работи долго време па да ужива во евтини работи во мал дел од слободата што му ја даваат.. уреденоста на денешното општество е да створи луге кои живеат нагонски и инстиктивно на секој можен начин дејствувајки преку медиумите преку образованието, социалниот живот на лугето замислите малку логички па на кого му треба толку натрупан материјал да учи 15 -20 години секој ден од својот живот?, работите можат да бидат многу поедноставни но нечија цел и идеја е да ги направи сложени и од нас да створи роботи тоа е цела политичка машинерија но тоа нема никој да го свати кој останува во рамките на денешното општество и сеуште се држи на нивните упатства и книги.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom