Роботизирани и индиферентни души

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
А бре пријателе (ко Ѓорѓи Колозов сум :)), ти и Бацо Гаго најтврдокорните следбеници на материјалистичката филозофија ми бевте, и за чудо кај двајцата во постовите го забележувам зборот или поимот духовност.
Јас не знам што подразбираш под тој поим кога сметаш дека од неживо живо настанало и дека ние луѓето сме бездушни животни :helou:.

ЕТИКА и разликување Т.Е јасна дистинкција на доброто од злото тоа е духовност и ДА ОД нежива материја настала жива материја ПА КОЛКУ ДОКАЗИ САКАТЕ БРЕ КОЛКУУУУУУУУУУУУУУУУ

јас кога се гледам во огледало јасно ми е дека сум од животни...јасно ми е дека во ембрионална фаза сум имал хорда значи сум бил безрбетник ФАКТИ ФАКТИ пред нив и боговите молчат...еј навистина молчат:helou:
 
Кога ќе ми најдиш експеримент успешно направен од некој научник неорганската материја да ја претвори во живо нешто(спори, вирус или бактерија) тогаш ќе поверувам на доказите и ќе прифатам дека сум грешел.
Јас ќе ти кажам нема шанси затоа што според мене не е така. И дотичниот научник ќе ти објасни дека не можи да го стори тоа, затоа што според теоријата негова или твоја, за да се претвори неорганска материја со внатрешно согорување во живо нешто биле потребни неколку милијарди години. Што значи во лабараторија не е можно да го симулира тоа, едноставно нема толку време за да евоулира живот :).
Во недостаток од докази што ни преостанува нас? Да веруваме или не, кој како сака и милува :).
 
Примерот со штурецот смрди.
Секаде се пишува дека штурецот свирел и никој не го слушал.Штурецот е хит на секој блог,форум,дневен весник...и на pornhub може ќе стават клип од таа фантастична човечка лапсусоидност.

Воопшто не се согласувам со веродостојноста на овој пример,па и ме чуди од каде авторот на темата успеа(како и многу ценети блогераши) да го балканизира проблемот и да навлегува во комплетно промашена теорија.

Приказната за штурецот и мравката сите ја знаеме.Во метро каде секој доаѓа и заминува со цел,мотив кој го води во тој момент,не е можно ни реинкарниран Паганини да одврати внимание.Не се работи за роботизираност,туку се работи за планирање на време,во кое секоја секунда се брои.А човек чиј ден е испланиран и тече по првичниот план е успешен човек.Дисциплината е вредност.

Но кога веќе кругот се стесни за да се долови нашата јагнешка кожа,тогаш мора да се сфати дека колку и да сме биле јагленосани од пропаганда,толку и самите не можеме да се одречеме од нејзе.Колку и да сме биле жртви на селективност(тешка индустрија во Србија,Бела техника во Словенија,текстил во Македонија),толку и самите создаваме слика дека сме неспособни,со што ја оправдуваме таа Великосрпска теорија.

Неможеме да сфатиме како Јапонецот има 5 слободни дена цела година.Не можеме да издржиме а да не се пожалиме на нашата мака.Егејскиот принцип на складирање пари под перница,а кукање дека се нема денар е хит.Олигархијата има супремација,а за екстра заработка државата им плаќа за да им работат робови со умствени дефекти.Тоа дека ги преработуваат сиротите деца е однесување типично за Олигархијата во Индонезија-Nike и олигархијата на Француски нафтени полиња во Нигерија.
Системот на функционирање кај нас,сепак,е токму оној спротивниот од оној кој првичниот пример го дава.Нашиот човек би застанал да го слуша штурецот само за да ескивира од работа.Македонецот инфициран со балкански менталитет е склон кон уживањата на животот,кои ги експлоатира ако има можност,а сонува за нив ако ја нема.

Заклучокот е крајно неоптимистички.Нашиот човек ужива во малите работи,а западниот не.Нашиот е сиромав,западниот не толку.Дали е роботизација или прагма,незнам,ама го фаворизирам второто.
Нашиот далтонизам е боја плус за човек од Менхетен.Нашата топлина и човечност е мисловна именка за него.Исто како што и нивниот животен далтонизам ни дава нас нешто за кое ќе сонуваме.Пари и лагоден живот.Сите плусови и минуси во нашето живеење,без разлика на средината во која живееме,даваат еквиваленција како краен резултат.
 
Што ќе ти слики, си имам USB.
Зошто да идам на кафе можам да седам на facebook.
Деца од 10 години не нe знаат да сврзат муабет а да не се работи за кантер, дота...
Што ќе ти се книги, кој прави муабет за тоа денес, кога имаш Свет да читаш..
50% матуранти сонуваат да бидат програмери, 50% правници. Па и така нема потреба од ништо друго.
Психологијата не била наука, етнологија што ќе ние кога се срамиме од сопствената традиција, филозофијата била непотребна, Playboy е уметничко списание, Ден Браун е бог, а Опра спиритуален водач.

Ние сме си учени да се жалиме цел живот, да плукаме по се што е наше и да сакаме се туѓо. Па ќе дојде некоја Гага, и пошто као она не е курва, не се ни тие што се облекуваат и однесуваат ко неа. Па ќе дојде 50 cent кој преживел куршум, и некако пола Скопје е на hi5 ремет со пиштоли во рака. Па само контраверзни, храбри уникати искачаат на генијални емисии ко бекстејџ, па сега некако испадна да си контраверзен е убаво.
Баш ме интересира до кај ќе дотераме вака.
 
Кога ќе ми најдиш експеримент успешно направен од некој научник неорганската материја да ја претвори во живо нешто(спори, вирус или бактерија) тогаш ќе поверувам на доказите и ќе прифатам дека сум грешел.
Јас ќе ти кажам нема шанси затоа што според мене не е така. И дотичниот научник ќе ти објасни дека не можи да го стори тоа, затоа што според теоријата негова или твоја, за да се претвори неорганска материја со внатрешно согорување во живо нешто биле потребни неколку милијарди години. Што значи во лабараторија не е можно да го симулира тоа, едноставно нема толку време за да евоулира живот :).
Во недостаток од докази што ни преостанува нас? Да веруваме или не, кој како сака и милува :).

Колку време и треба на природата да утови една кокошка 8кг, а колку му треба на фармер да ја утови 8кг?

едит: пардон за офтопик...малограѓански муабети ебате..
 
....

Воопшто не се согласувам со веродостојноста на овој пример,па и ме чуди од каде авторот на темата успеа(како и многу ценети блогераши) да го балканизира проблемот и да навлегува во комплетно промашена теорија.

Приказната за штурецот и мравката сите ја знаеме.Во метро каде секој доаѓа и заминува со цел,мотив кој го води во тој момент,не е можно ни реинкарниран Паганини да одврати внимание.Не се работи за роботизираност,туку се работи за планирање на време,во кое секоја секунда се брои.А човек чиј ден е испланиран и тече по првичниот план е успешен човек.Дисциплината е вредност.

....

Заклучокот е крајно неоптимистички.Нашиот човек ужива во малите работи,а западниот не.Нашиот е сиромав,западниот не толку.Дали е роботизација или прагма,незнам,ама го фаворизирам второто.
Нашиот далтонизам е боја плус за човек од Менхетен.Нашата топлина и човечност е мисловна именка за него.Исто како што и нивниот животен далтонизам ни дава нас нешто за кое ќе сонуваме.Пари и лагоден живот.Сите плусови и минуси во нашето живеење,без разлика на средината во која живееме,даваат еквиваленција како краен резултат.

Почнав да се навикнувам да го читам она што сите сакаат да го прочитаат.Во последно време многу почесто.Темата колку сме ние како народ бесценети,оддамна ми е јасна.Ако не се цениш сам,нема кој друг да те цени.Но преценетоста создава слика која не е реална,слика која само ние можеме да ја видиме и да се восхитуваме,а од страна е добра подлога за лепење мастика.
Ќе се обидам да направам некоја паралела од пред 15 години и сега,со цел да доловам на каде одиме.Работното време беше до 15.30,некаде до 16 часот.Потоа следеше одмор и прошетка до езеро.Викендите немаше место да поставиш маса во природа за да запалиш фамилијарна скара.Луѓето уживаа во животот.Работничката класа имаше достоинство,имаше пари да слави.
Проблемот е што во потрагата по средства,се заборави на се,се заборави на моментот посветен на себе си барем 5 секунди да послушаш пријатна виолина.Можеби и не се распознава виолина од гласот на Боки 13,се стана каша попара.Дисциплината за која говориш и секундите одбројани во чекори се чекорите кои денес ги одиме.Секој ден истите,по автоматизам.Времето во кое им се смеевме на останатите нации,дека се роботи дојде и кај нас.Еден работен ден во Скопје докажува се.
Човечноста се губи,разликата помеѓу оној што има и оној што нема е голема.Додека некој пребарува,зад грб му поминуваат десетици мобилизирани,испарфемизирани луѓе,кој ни една секунда не му одвојуваат внимание на оној кој се бори да преживее.Заврши времето на братство и единство,влеговме во системот на трка со времето.Ништо не е поважно од благосостојбата и функцијата.Домаќинките веќе не чистат ни прашина дома,плаќаат слугинки и за да биде посурово се фалат со тоа.Како ги гледаат во очи тие жени,кој им ја чистат посерката зад нив.Плаќаат луѓе за да им го преместат бирото од една соба во друга.Во тој момент се владатари,сигурно им се појавува круна на глава.Замисли се да се промени утре.Ние да клечиме на колена,а некое исфрустрирано женче да ми покажува кој дел од тепихот има нечиста линија.Ја замислувам мојата фамилија на раб на беда,а надвор никој човечен,никој со срце да помогне.
Немаше да го применам примерот со вниманието и способноста за забележување,ако не ги забележав симптомите на коњски грип кај нас.
 
Не се работи за роботизираност,туку се работи за планирање на време,во кое секоја секунда се брои.А човек чиј ден е испланиран и тече по првичниот план е успешен човек.Дисциплината е вредност.
Pa toa e be i celata poenta na prikaskava.

Zosto da ne moze radi kejf, radi toa sto imam merak da uzivam, barem ednas vo tri-cetiri meseci da napravam "grev", da otstapam od sekojdnevnata praktika ( koja vprocem vo golem del os slucaite mi e nametnata ) pa makar i da zadocnam saat vreme na rabota?

Disciplinata e vrednost se dodeka ne ti go zatupuva zivotot. :toe:
 
Роботизирани? Ова ли било роботизација?
Па не ни кажуваа така...
Коа бефне мали* ни викаа у иднина све ќе биде роботизирано. Ќе има роботи што све ќе работат, а ние ќе лежиме. Ќе имаат сијалички место очи, штипалки место шаки, антени на глаата (обавезно) и тркалца место нозе.
И еве, дојде иднина и ни роботи ни курташак. Камо роботи бе? Све да работат место нас. Минимум треба по еден дома.
Цело време не лажеле комунистите...

Плус ни збореа и други работи: дека ќе сме оделе на Месечината на одмор и дека место да ручаш само апче ќе се напиеш и готово...
Изглеа ништо ни од тоа.

Не знам за вас, али мене оваа иднина не ми личи на роботизација. А тие у текстот тропаат глупости, робот бре се знае како изгледа...

*- у мој случај многу одамна
 
Ќе се обидам да направам некоја паралела од пред 15 години и сега,со цел да доловам на каде одиме.Работното време беше до 15.30,некаде до 16 часот.Потоа следеше одмор и прошетка до езеро.Викендите немаше место да поставиш маса во природа за да запалиш фамилијарна скара.Луѓето уживаа во животот.Работничката класа имаше достоинство,имаше пари да слави.

Баш така.Со секоја запалена скара сред езеро и пецање риби,паралелно Тито одеше да се (пардон) курва за кредит,играјќи на картата "инаку нема да бидеме на ваша страна."
Причинско-последично,ние не уживаме затоа што тие пред нас премногу уживале за да приметат дека словенецот иде и им зема 10 кила портокали џабе за потоа да им продава сокчиња кои,со малку иницијатива,и сами ќе ги произведувавме.
Ако не се уживало толку,ќе имаше национално достоинство,па ќе се протестираше на фактот дека ни ја прават земјата увозно зависна со отварање на фабрики за чии суровини бевме зависни од СХС камион.
Приказната за македонецот е иронична оти после толку тешко минато на присилно ова или она,им се заслади доволно фатаморганата,па ја претворија во стандард на живеење кој треба да биде веродостоен.Епа не е.Сме биле делумно битен политички ентитет,па западот фрлал пари.Јас и ти сега ги враќаме.

Проблемот е што во потрагата по средства,се заборави на се,се заборави на моментот посветен на себе си барем 5 секунди да послушаш пријатна виолина.Можеби и не се распознава виолина од гласот на Боки 13,се стана каша попара.Дисциплината за која говориш и секундите одбројани во чекори се чекорите кои денес ги одиме.Секој ден истите,по автоматизам.Времето во кое им се смеевме на останатите нации,дека се роботи дојде и кај нас.Еден работен ден во Скопје докажува се.

Со ова комплетно се согласувам.Само,ова не е ама баш ништо ново.Историски,социолошки или било како гледано,проблемот е константен и (релативно) горлив (зависно од "класното" гледиште).
Кај нас можеби не дотолку,ние сеуште го држиме менталитетот.Затоа и толку тешко не удираат калта и контејнерите препознатливи за Њујоршките квартови,преработеноста и слабите примања,кои се ебола-симптом за цела Азија и Јужна Америка...Африка е вон конкуренција.
Не ме сфаќај погрешно.Човештвото глобално ја има заебано работата во односот кон себе.Тајмингот на кататонична пандемија се разликува само по...тајминг. :)

Човечноста се губи,разликата помеѓу оној што има и оној што нема е голема.Додека некој пребарува,зад грб му поминуваат десетици мобилизирани,испарфемизирани луѓе,кој ни една секунда не му одвојуваат внимание на оној кој се бори да преживее.Заврши времето на братство и единство,влеговме во системот на трка со времето.Ништо не е поважно од благосостојбата и функцијата.Домаќинките веќе не чистат ни прашина дома,плаќаат слугинки и за да биде посурово се фалат со тоа.Како ги гледаат во очи тие жени,кој им ја чистат посерката зад нив.Плаќаат луѓе за да им го преместат бирото од една соба во друга.Во тој момент се владатари,сигурно им се појавува круна на глава.Замисли се да се промени утре.Ние да клечиме на колена,а некое исфрустрирано женче да ми покажува кој дел од тепихот има нечиста линија.Ја замислувам мојата фамилија на раб на беда,а надвор никој човечен,никој со срце да помогне.
Немаше да го применам примерот со вниманието и способноста за забележување,ако не ги забележав симптомите на коњски грип кај нас.

Дека е срцепарателно ова,Е. :)
И е една тажна вистина.
Ама,пак иста работа,позната во Бурбонските палати и Рокфелерските хациенди,само во помодерно време.Покондираноста е ин.
Богатите не се возат во метро.Немаат многу допир со сиромашните слоеви.Во момент на снобовски наплив,немаат проблем со тоа да платат карта и да го слушаат овој човек на концерт.А оние другите...бидејќи наметна теорија која е доволно очигледна,одговорот е исто таков.Од работа,на работа,по работа.Ум доволно заморен,загреан,занесен...умовите на луѓето кои го градат ова општество за да им биде шарено на богатите,немале и немаат време за себе.Черчил кажал дека демократијата е многу лош систем на владеење...ама е подобар од сите веќе пробани.А капитализмот бил отсекогаш тука....обидите за промена и за класна еднаквост биле ништени и вшмукани во сопствениот ентузијазам.Господари и работници.Креатори и уживатели.Тоа е целата филозофија.

Some people say a man is made outta mud.
A poor man's made outta muscle and blood.
Muscle and blood, skin and bones;
A mind that's weak and a back that's strong.

You load sixteen tons an' what do you get?
Another day older and deeper in debt.
St Peter don't you call me cause I can't go:
I owe my soul to the company store.

Well, I was born one mornin' when the sun didn't shine.
I picked up a shovel, an' I walked out to the mine.
I loaded sixteen tons of Number 9 coal,
An' the store boss said: "Well, bless my soul."

You load sixteen tons an' what do you get?
Another day older and deeper in debt.
St Peter don't you call me cause I can't go:
I owe my soul to the company store.

Pa toa e be i celata poenta na prikaskava.

Zosto da ne moze radi kejf, radi toa sto imam merak da uzivam, barem ednas vo tri-cetiri meseci da napravam "grev", da otstapam od sekojdnevnata praktika ( koja vprocem vo golem del os slucaite mi e nametnata ) pa makar i da zadocnam saat vreme na rabota?

Disciplinata e vrednost se dodeka ne ti go zatupuva zivotot. :toe:

:)
Балканец си,Ференгинар....балканец.Во претходниот пост убаво кажав дека нашиот систем на функционирање сеуште не е разјаден од западните струи до таа цврстина на восок.Ти сакаш да си седиш и да бистриш политика на форум,да браниш етникум и (не)партиска идеологија....сакаш да си пофилозофираш малку,да прочиташ книга,да земеш слободен ден и да му дадеш шанса на "гревот".
И не,не го осудувам тоа....ама ете видиш,некои раѓале мечиња за време на "комунизам" по фабрики,а некои го дрвеле и краделе.Недисциплиниран ум е склон кон грешки.А од тој синдром на сервилност кон себе многу работи кармички ни се вратија.K'ната генерација,која никако да научи.
Се фаќа кила од премногу физичка работа.Ама се фаќа и од премногу д*кање.
 
Од каде таа идеја дека уживаме во животот?
како може да ужива во животот некоја која работи во конфекција за 5000 од утро до вечер без одмор и слободни денови?
Raziel напиша:
Неможеме да сфатиме како Јапонецот има 5 слободни дена цела година.
Зошто Марсовке мора веднаш да се вметне политика во секоја тема. Смири се душо, не се врти светот околу нашата транзиција, ниту гравитацијата е поврзана со рејтингот на Груевски. Плус ваков отсечен пример апсолутно ништо не докажува.

Тврдам дека македонецот е далеку по релаксиран заради навиката, менталитетот и минатото кое го носи со себе. Ние сме народ кој е релаксиран во принцип, и никаква политичка ситуација тоа нема да го измени. Да, беспарицата во голема мера допринесува да бидеме напнати и нервозни, и да не обрнуваме премногу внимание на околината, но тоа е привремено, а како доказ ги приложувам сите оние момци и девојки од некоја урбана средна класа кои по напорниот ден во банка (или шо ти ја знам каде) уживаат да седнат во Тафталиџе во дворче на пивце по кратки гаќи со комшии. Директоришта без трошка време неделно пладне го поминуваат со салатичка и ракиичка со пријатели. Културата и традицијата ни наметнува релаксиран, хедонистички начин на живот, и ниедна политика тоа нема да го смени.

Жената која ја спомна иако можеби има мака и проблем, одлучува да работи за тие 5000 и да крева нозе у вис останатото време со пинк телевизија. На запад, би работела уште една работа или барем би го користела времето да најде уште една.

Јапонците всушност се народ кој има 15 неработни дена како државни празници. Македонците за споредба имаат 13. Покрај тоа, јапонците имаат брдо празници од типот на наш бадник... но тоа нема апсолутно никаква врска со тоа што Тито некад наоѓал кредити за нас, туку има врска со начинот на функционирање на еден просечен македонец и еден обичен јапонец. Животот е различно сфатен и тоа е добро што е така, бидејќи никогаш на планетата нема да се случи фамозната глобализација, и никогаш нема да се создаде една држава, светски поредок и слични смешки, туку вечно ќе имаме различни култури, обичаи и навики па дури и ние од Скопје кога ќе се споредиме со оние од Куманово. И тоа е прекрасно што е така, особено кога ќе треба да се споредат нашите со оние од Монголија на пример.

Да, се движиме кон запад и се убиваме од работа, стануваме роботи, ама мислам дека никад нема да бидеме грди како глупите германци кои ќе ја доведат до перфекција секоја ситница, и ќе уживаат фалејќи се на австријците. :tapp: Фак`ем.
 
Секој (ако живее правилно, според мене) има работа. И секој има приватен живот.

Секој со својот приватен живот прави што си сака. Но кога доаѓа време за работата, тука нештата се многу јасни и се мерат со време и со пари.

Затоа виолинистот не успеал да привлече толку многу внимание: барал луѓето што поминуваат да одвојат дел од својот приватен живот и да му ги посветат нему. Со што ги заслужил?

Ќе кажете дека е врвен виолинист и тоа е несомнено точно. Но, ако е врвен, зошто свири на улица? Зошто не свири по филхармонии?

Ќе кажете дека тоа за него не е проблем и дека тоа не е поентата - секој ќе цени она што ќе го плати. Она што нема да го плати, нема да го цени. Така и овде: луѓето добиваат маестрална музика бесплатно, а ниту не мрднуваат со мал прст за неа.

Се работи за човечка психологија: ќе го цениш нештото доколку се намачиш да го добиеш. Инаку не ти значи.

Затоа ние не го цениме воздухот, зашто го имаме бесплатно и во изобилие. Водата ја цениме, зашто ја плаќаме, но не премногу, зашто знаеме да се изгубиме во туширање и бањање или друго луксузирање. Храната повеќе ја цениме, но исто така се случува да фрлиме некоја недојадена храна, зашто не ни била вкусна - бактериите нека ја решат.

Ако сме мрзливи до толку ништо да не нè интересира туку само она што ни е пред нос (ако и тоа), тогаш многу лесно ќе нè испрограмираат, зашто ќе ни го дадат она што го сакаме и ние ќе бидеме среќни и ќе правиме сè што ќе ни кажат, без поговор, зашто тие нè задоволуваат и затоа тие се добри.
 
Се фаќа кила од премногу физичка работа.Ама се фаќа и од премногу д*кање.
Pa zatoa treba balans, usul malku, toa sto ocigledno ko sto i vo eden prethoden post kazav, go nemame. :):toe:
 
Секој (ако живее правилно, според мене) има работа. И секој има приватен живот.

Секој со својот приватен живот прави што си сака. Но кога доаѓа време за работата, тука нештата се многу јасни и се мерат со време и со пари.

Затоа виолинистот не успеал да привлече толку многу внимание: барал луѓето што поминуваат да одвојат дел од својот приватен живот и да му ги посветат нему. Со што ги заслужил?

Ќе кажете дека е врвен виолинист и тоа е несомнено точно. Но, ако е врвен, зошто свири на улица? Зошто не свири по филхармонии?

Ќе кажете дека тоа за него не е проблем и дека тоа не е поентата - секој ќе цени она што ќе го плати. Она што нема да го плати, нема да го цени. Така и овде: луѓето добиваат маестрална музика бесплатно, а ниту не мрднуваат со мал прст за неа.

Се работи за човечка психологија: ќе го цениш нештото доколку се намачиш да го добиеш. Инаку не ти значи.

Затоа ние не го цениме воздухот, зашто го имаме бесплатно и во изобилие. Водата ја цениме, зашто ја плаќаме, но не премногу, зашто знаеме да се изгубиме во туширање и бањање или друго луксузирање. Храната повеќе ја цениме, но исто така се случува да фрлиме некоја недојадена храна, зашто не ни била вкусна - бактериите нека ја решат.

Ако сме мрзливи до толку ништо да не нè интересира туку само она што ни е пред нос (ако и тоа), тогаш многу лесно ќе нè испрограмираат, зашто ќе ни го дадат она што го сакаме и ние ќе бидеме среќни и ќе правиме сè што ќе ни кажат, без поговор, зашто тие нè задоволуваат и затоа тие се добри.
Се согласувам делумно и навистина добар начин на резонирање, бидејќи јас се утепав мислејќи зошто сме такви и тек твојот пост ми помогна да мрднам од мртва точка со мислите. Но, деловите со кои не се согласувам, ќе ги болдирам и коментирам.:smir:
1. Квалитетот денес несомнено е заменет со амбалажа. Тоа е кривица на наметнатата ,,естетика" од Америка, пропагандни материјали кои форсираат нивни ,,идеални големини и вредности", на чија сметка ние ги газиме оние што вредат. Така што, рекламите(прв пат појавени во Америка, првата за Барби-кукла) се прв и основен предуслов (во кој се вложуваат пари) кој ни кажува ,,дека нештото е добро". Тука го гледам проблемот зошто нерекламираниот(во случајов) виолинист, не собрал толку пари колку што му чинат билетите. Немало јака пропаганда која ќе придонесе консументите на неговата музика да сфатат колку тој вреди. Очајно е колку само од реклами, мозокот ни се пере и стануваме ,,експертиза за секакви теми".:pipi:
2.Точно е дека времето и парите се многу ценети, но прашањето е, зарем кога не би постоел некој што ќе ни покажува што е добро, а што не, дали тогаш ние самите би сфаќале? Среќа што никогаш нема да го имаме овој ,,проблем" бидејќи секогаш ќе се наоѓа ,,невидлива рака" која ќе диригира во која насока ќе се движи нашиот мирис за уметност. Само би кажала уште, дека е навистина жално и бескрупулозно тоа што сопствените национални квалитети од уметничка перспектива, свесно ги продаваме за Мекдоналдс и Зара. Наместо да јадеме плескавица во лепиња.:back:
И за крај, би го додала потписот на Џимеј во контекст на темава:Most folks are about as happy as they make up their minds to be.
Abraham Lincoln (1809 - 1865)
 
За двата случаи (за жал) причината лежи во една мисла, од не знам кого и не ги знам точните зборови, но поентата е следна: „Поевтино е да вложиш малку за пропаганда, т.е. да кажеш дека нештото е добро на многу луѓе, отколку да вложиш многу за квалитет, т.е. да направиш нешто вистински добро, што секој ќе може да го забележи“.

Основата на ова е нашиот недостаток на верба: *не веруваме* дека нештото е добро и ни треба да се *увериме*. А ако добро ни се изманипулира перцепцијата, ќе се „увериме“ дека нештото е добро, дури и ако не е.

Со други зборови: ако сте бомбардирани со реклами, тоа е затоа што немате време/желба/интерес/итн. сами да се уверите дека нештото е навистина добро. А за таа информација плаќате, со своето внимание, во најмала рака.

И тука доаѓа спамот: билборди, реклами на телевизија, радио, итн. Добиваме информации кои 90% не ни се потребни, но ако се погоди да се 10% потребни, тоа е оправдување за сите тие спамови.

Не сме совршени. Имаме недостаток на внимание и желба. Тоа е причината што човечкиот мозок може лесно да се изманипулира.

Нејсе... Уште сум Homo Sapiens. Уште овие зборови се само релативно точни.

:oftopic: Благодарам на вниманието. :smir:
 
Јапонците всушност се народ кој има 15 неработни дена како државни празници. Македонците за споредба имаат 13. Покрај тоа, јапонците имаат брдо празници од типот на наш бадник... но тоа нема апсолутно никаква врска со тоа што Тито некад наоѓал кредити за нас, туку има врска со начинот на функционирање на еден просечен македонец и еден обичен јапонец.

Иако е малце офтопик,треба да ја тргнеме оваа збунка од патот.
Системот на славење државен празник во Јапан не е ист и тие не се облигаторни,па луѓето можат да работат на тие одредени денови.
Историските празници од времето на шогунизмот и нападот на Хирошима се слават,но огромен дел од поплуацијата во таа замја е на работното место.Ова го знам од кажувања на двајца кои живееле таму и имале можност да просведочат.Јапонецот незнае што да прави со слободното време.Ретко кој од нив ги прифаќа годишните одмори.За пример,еден од министрите во владата земал одмор за да им покаже на луѓето дека од тоа не се умира.Си изнаслушав работи кои мене,како горд северномакедонец ми се чудни. :)

Од друга страна,религијата во таа земја е шинтуизам.Тоа е паганско верување.Таму не се фаворизира дотолку целината,туку индивидуалната наклонетост на одредена виша енергија.Со тоа,ако има,да речеме четири државни празници,ги има за да нема селективност и да се почитуваат индивидуалните убедувања.Затоа и не сите ги слават во таа иста бројка.
Кај нас,од друга страна,сите државни празници се бир,пинатс енд а блади гуд тајм..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom