РК Алкалоид

  • Креатор на темата Креатор на темата Vardarecc
  • Време на започнување Време на започнување
И на Партизан левите бекови. 40 гола им даде Партизан нека не плаче Киро пак за повреди, туку нека фати да смени нешто на тактички план. Очигледно е дека вака пак ќе губат како магариња од сите.
 
Кизиќ за Алкалоид брани или за Партизан? :icon_lol: Вака ако играат гарантирано 4-то место пак и ништо повеќе. :P
 
Кој му е крив шо си замина од Пелистер
Не е ни до Пелистер, ни до Алкалоид, туку толку му е квалитетот на дечкото. Да беше он со квалитетот кој му го препишуваат нашите медиуми немаше Загреб да го врати експресно дома. Солидно крило, али ништо повеќе од тоа, дај боже Белистојаноски да го надмине за брзо.
Цела сезона на Алкалоид ќе им зависи од Митев. Со тројца врвни бекови на лев/десен поред него он мора да експлодира, а некако делува скроз изгубен на терен, како да проаѓа низ фазата низ која поминуваше Кузмановски кога отиде во Германија.
 
Алкалоид дефинитивно најнеподготвен за стартот на сезоната. За разлика од Вардар, Охрид и Пелистер кои изгледаат како да се на крај на подготовките Алкалоид делува како да го бара својот идентитет, како да не знае што сака во моментот.

Алкалоид од минатите сезони имаше јасен идентитет - транзиција, прв бран, втор бран, брз центар, Митев и Ѓеоргиев во константен напад на влез, многу пикери во два правци кои се ротираат (за да се издржи темпото)....

Овој Алкалоид изгледа поинаку. Борзаш делумно донесе различен елемент лани, ама сега со Борозан и Цехте, некако комплетно е променета физиономијата на екипата. Брзата игра не беше констатна, некогаш ја имаше друг пат не. Борозан имаше преголем улога на теренот - да не речам се се вртеше околу него - нешто што сигурно не смеат да го дозволи Кире, не може да градиш екипа оолу него во 2026та. Факт е дека имаше многу отсуства, пред се на пикер (макар што и отсуството на Велковски не е за потценување). Можно е и заради тоа да ја имаше променето тактиката Кире, за да го заштеди Стојковиќ кои не можеше секако да игра 60мин. Вака се правеа некои непотребни замени, се забави играта, видовме дури и акција со Борозан на пикер :shook:, Дамјан Митев во улога на специјалист дефанзивец на 3ка :pijanco:, Борозан и Николов како креатори... Се на се еден куп работи кои немаат место во модерен сериозен ракометен натпревар.

Но, има и реални проблеми. Голманите беа катастрофа и двајцата и беа главен виновник за поразот (на некој начин заедно со одбраната, ама за неа има алиби во отсуствата). Можеби ја потценив ситуацијата во овој аспект, кога ја анализирав сезоната. Кизиќ се знае дека е топло ладно голман. За втора опција е ок, ама не може да носи екипа цела сезона. Галевски е големата надеж. Но реалноста е дека е млад и прашање е колку е спремен за ваков предизвик. Ќе видиме. Се промашија и многу зицери, особено Ненад Костески кој имаше катастрофална реализација. Ако не грешам 4 промашувања на празен гол - едноставно неприфатливо. Николов, исто, многу слабо, скептик сум дека ќе го гледаме многу оваа сезона.

Се на се чуден меч на Алкалоид, многу работи не функционираа во стил каков што треба да игра Алкалоид. Загрижувачки е падот што го имаа психички во второто полувреме. Таман стигнаа да израмнат и после тоа се распаднаа. Не сум сигурен што е главната причина, но ќе има многу работа Кире.

За разлика од некои други, не мислам дека Марко Митев имаше лош натпревар. Напротив, забележливо беше дека е на пат да се врати на својата патека. Проблемот беше што не се вртеше се околу него како што беше во минатото. Митев беше каде каде поефективен од останатите (барем мој впечаток). Едноставно, според мене проблемот беше во тоа што кога имаш бекови шутери како Борозан, Цехте и Борзаш, мора филозофијата на играта да се врти околу средниот бек, а овие тројца само да се повремени финишери кои играат во два правци (и така ја овозможуваат брзата игра која им одговара на другите). Наспроти тоа, премногу гледавме креации од Борозан и Николов, тоа нема шанси да функционира на ова ниво.

За одбраната, намерно не коментирам многу, не беше на задоволително ниво, но факт е дека без Карасманакис, Аларов и Сухолежник се практично без сите клучни одбранбени играчи (Стојковиќ според мене е најдобар офанзивец од 4ката на пикер, но најслаб во одбрана), а и Стојковиќ повремено го менуваа во одбрана за да го заштедат. Дамјан Митев одигра повеќе од пола натпревар како специјалист дефанзивец, Борозан, Борзаш и Цехте исто често покриваа на 3/4 во одбрана. Едноставно невозможно е на ова ниво со такви експерименти да се очекува успех.

Ќе видиме, рано е, може многу работи да се сменат за неколку недели...
 
Ѓорѓиев исто одигра солидно.
 
Back
На врв Bottom