РК Алкалоид

  • Креатор на темата Креатор на темата Vardarecc
  • Време на започнување Време на започнување
Лазаров подот го избриша со Ангеловски, голема победа на Алкалоид.
 
Дефинитивно интересна сезона! Криво ми е за Костески. Сезонава ја игра феноменално. Сега не знам кој ќе игра на десно крило против Естонија и Литванија (иако мора да признаам, сите наши играчи играат во форма и би требало лесно да пројдеме на двете утакмици).
 
Најдобра партија на Алкалоид откако е формиран клубот. Обично имаат падови во некој период ама овојпат 60мин на топ ниво.

Голема штета за Костески со долгорочни импликации по повеќе основи... Се плашам дека изгледаше на ахилова тетива...
 
Нема среќа Костески, конечно си ја дочека шансата и стана стандарден репрезентативец, сега се здоби со тешка повреда. :(
Во моментот е наше најдобро крило, игра во животна форма, нека му е со помин.
 
Овој е некој голем талент или?
 
Овој е некој голем талент или?
Има материјал
 
Овој е некој голем талент или?

Не е толку ново име Мартин Ивановски. Веќе 5-6 години е меѓу потенцијално интересните млади играчи. 2001 генерација ако не грешам, постепено ќе почне да влегува во зрели години. Едно време како талент во кампот на Веспрем беше и за тоа се пишуваше кај нас, ама некако никогаш не експлодираше, во Охрид стагнираше, во Пелистер ја крена играта, ама нема достигнато којзнае какво ниво. Низок модерен среден бек во принцип. Брат на Михаил Ивановски кој беше во Алкалоид некое време и веројатно оти немаше минутажа си замина во Дубочица во Србија.

Околу него, главниот проблем отсекогаш според мене бил Охрид. Да имаш свои талентирани деца и да ги оставиш да се шетаат безвезе по клубови, а ти да се наполниш со еден куп просечни странци стварно нема логика. Според мене Охрид кога ќе се зафати со сериозно долгорочно градење на екипа, а не како сега крпење од сезона во сезона, мора да почне од тука, не може да испушта ротациски домашни играчи на сметка на онакви странци какви што имаат.
 
Последно уредено:

Не се браќа, Михаил е без В, Мартин со В во презимето, а ми имаат кажано и ракометариве :)
 
Не е толку ново име Мартин Ивановски. Веќе 5-6 години е меѓу потенцијално интересните млади играчи. 2001 генерација ако не грешам, постепено ќе почне да влегува во зрели години. Едно време како талент во кампот на Веспрем беше и за тоа се пишуваше кај нас, ама некако никогаш не експлодираше, во Охрид стагнираше, во Пелистер ја крена играта, ама нема достигнато којзнае какво ниво. Низок модерен среден бек во принцип. Брат на Михаил Ивановски кој беше во Алкалоид некое време и веројатно оти немаше минутажа си замина во Дубочица во Србија.

Околу него, главниот проблем отсекогаш според мене бил Охрид. Да имаш свои талентирани деца и да ги оставиш да се шетаат безвезе по клубови, а ти да се наполниш со еден куп просечни странци стварно нема логика. Според мене Охрид кога ќе се зафати со сериозно долгорочно градење на екипа, а не како сега крпење од сезона во сезона, мора да почне од тука, не може да испушта ротациски домашни играчи на сметка на онакви странци какви што имаат.

Tака, е кога во клубот влегуваат партиски лешинари,паразити,рамковисти и плус некој шо фаворизират од своја фам тогаш некои стагнираат,така и Мартин замина за Битола на факултет плус надевајки се дека ке добиет шанса ама пак недоволно го префрлиле во двојката.За него најдобра опција беше да останит во Охрид и наместо моментално тројцата средни и тренерот .......можеа да донесат еден скап играч кој ке бидит и тренер....со тие пари ке го платеа Карабатич уште 2 г да играт.
Кире направил одличен потег ,јас лично мислев дека баткава ке одит во Вардар зошто не го зеле кога беа во потрага за среден бек......
 
Сосема очекувано, заврши СП и почнуваат да се крчкаат шпекулациите околку Митев...

нека ги земат парите и уште утре нека го пуштат ,магдебург не сакат да ја испуштит битката за титулата и лш ,феликс почна да тренират и веке во фебруари се надеват на минутажа...ова му е супер шанса на митев
 
Одамна сме немале толку озбилен играч од наша лига и очекувано беше ова. Искрено не се сеќавам некој дека заминал со вака голема оштета од кај нас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom