РЕЗИЛ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам на кого сакаш да му залепиш етикета, ама не ти стои. Без лепење етикети. Точно на студент што контиунирано учи, ќе му биде полесно, ама не е хумано бе. Не е хумано да се прават по 3 теста дневно. Треба да се мотивираат децата, не да се осеќаат како во затвор и како роботи. Школото е битно, ама не да се врши иживљавање.

колку годинки имаш ???
не ми кажувај како е зашто сум учел основно во америка и знам
позздраФ
 
колку годинки имаш ???
не ми кажувај како е зашто сум учел основно во америка и знам
позздраФ

Ај не ми се понашај, студирам за твоја информација. Со потценување нема никаде да стигнеш. ОСНОВНО си завршил во Америка? Woooow, сеа треба да паднеме сите во несвест. Браво за тебе. Ако си завршил во Америка веројатно добро знаеш дека таму имаат секоја недела тестови, ама многу е поинаков односот професор - ученик.

А инаку, јас не ги оправдувам целосно учениците, затоа што меѓу нив има невоспитани дечишта без основна култура и домашно воспитание, ама тие не се замараат, на крај пак имаат 5ки, а децата што редовно учат, се мачат, учат, се трудат и на крај на годината се на исто ниво со овие другиве. И каде е тука мотивацијата? Значи мора некако да се стимулираат децата да учат.
 
Ај не ми се понашај, студирам за твоја информација. Со потценување нема никаде да стигнеш. ОСНОВНО си завршил во Америка? Woooow, сеа треба да паднеме сите во несвест. Браво за тебе. Ако си завршил во Америка веројатно добро знаеш дека таму имаат секоја недела тестови, ама многу е поинаков односот професор - ученик.

А инаку, јас не ги оправдувам целосно учениците, затоа што меѓу нив има невоспитани дечишта без основна култура и домашно воспитание, ама тие не се замараат, на крај пак имаат 5ки, а децата што редовно учат, се мачат, учат, се трудат и на крај на годината се на исто ниво со овие другиве. И каде е тука мотивацијата? Значи мора некако да се стимулираат децата да учат.

не ми е тоа поентата. тестови има премног. На секој 2 недели имаш тест (квиз) по секој предмет, усно испрашување нема. Послем на 2 месеци имаш генерал тест по сите предмети па имаш семестар тест што си учел од почеток годиниа до тогаш па на крај година имаш финал од почеток до крај на матријалот. Послем поубава стимулација од 1 има ли??? бар за мене си кажувам ке си добијам кец ке си седнам фино ке ја научам следната тема



пс. неам намера да се карам и да објаснувам го чекам коол да ми одговори
 
не ми е тоа поентата. тестови има премног. На секој 2 недели имаш тест (квиз) по секој предмет, усно испрашување нема. Послем на 2 месеци имаш генерал тест по сите предмети па имаш семестар тест што си учел од почеток годиниа до тогаш па на крај година имаш финал од почеток до крај на матријалот. Послем поубава стимулација од 1 има ли??? бар за мене си кажувам ке си добијам кец ке си седнам фино ке ја научам следната тема



пс. неам намера да се карам и да објаснувам го чекам коол да ми одговори

potpolno se soglasuvam so tebe taka treba i kaj nas da funkcionira obrazovniot sistem a ne nie imame i isprasuvanja i testovi
 
Ti kaza Crazy in love, Brate moj i tvoj rezil e sto nefunkcionalnosti ima vo sekoja pora i sloj na ziveenjeto.

Зашто мора да има виновник со име и презиме. Немора да го има. Доволно е тоа што го гледаме нашиот (НЕ)образовен систем и сите што го сочинуваат. Пропаѓа како Титаник, метафорички кажано. А тоа е, е резил за државата. Зашто образованието е една од најбитните работи,а тоа ни се рони.


Од проста причина, што паролите од типот: ЖРТВИ НА КОМУНИЗМОТ, ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ, ДРЖАВАТА нема да помогнат во решавање на проблемот и лоцирање на виновникот.

Професорот кој НЕРЕАЛНО оценувал има име и презиме.

Министерот кој го толерирал сето ова има име и презиме.


Секогаш за да се избегне од одговорноста, ќе бараме виновник во системот и државата, во комунизмот и сл.

НЕ, кога ќе почнат да се редат по заслуга сите чинители на оваа состојба тогаш ќе почне да функционираме како систем и држава.

Министер, надлежни, директори, професори, комисии.

Има многу кадри за да се заменат оние кои не функционираат, нека почнат првин со казни, па да видиме дали ќе продолжи “неефикасноста“ на образованието.

Должност на професорот е да ги привлече и научи децата, а не што побрзо да се ослободи од нив и да ги препушти полуписмени во животот.
 
Море нас ни закачија 3 теста во еден ден. 2 беа најавени (филозофија и англиски), третиот (физика) не зафркна јако. Ни викат, ова не е тест, ова се само прашања, но ќе бидат и оценувани. Море има некои професори што се стварно за /kill ама то е то.
 
Новиов начин со унифицирани тестови е стварно нешто јако.

Мислам дека овие генерации кои ќе излезат на овај начин ќе бидат и реално оценети и ќе имаат квалитет.

Ќерка ми од прво одделение се со такви тестови и за незе се скроз природни, едноставно ќе дојди и ќе си кажи имавме тест денеска.

Не му најавуваат нешто посебно. И нај природно си ги решава од она што го учела. Еве сега и во трето е така.
 
- Се координираме со колегите, гледаме да им олесниме на децата и да не закажуваме два теста во еден ден.[/COLOR]

Знаеме како олеснуваат.Минатата недела кај нас, на еден час:
-Деца на 25ти писмена правиме!И ние, добро професоре, тогаш нека биде.Следниот час кај друг професор:
-Деца на 25ти писмена!Ама професоре, тој ден имаме писмена по тој предмет, имаме 100 страни за учење, може некој друг ден?
-Не не може, гајле ми е за другиот предмет.

Фала на олеснувањето, драги професори:)

Инаку, јас имав во понеделникот 1 писмена, а натаму заклучно со утре секој ден по 2.И во понеделник и вторник 6-7 часа вкупно усно испрашување.
 
И по три писмени на ден за полугодишна оценка

Во рок од три недели, правевме 12 писмени работи и тестови по речиси сите предмети, велат ученици во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Наплив од тестирања има во сите основни и средни училишта, а причина за тоа, како што велат родители и професори, е штрајкот на просветниците, кога децата цела недела губеа настава. Учениците се жалат дека во последниве неколку недели се растргнале од учење, а директорите на училиштата се правдаат дека испрашувањата и тестовите не биле невообичаени за период од годината.

- Минатата недела секој ден имавме тестови и писмени задачи, а и нè испрашуваа секој час. И лани имавме многу за учење во декември, но годинава претераа, имаме и по три писмени во еден ден. Професорите ни кажуваат дека има повеќе испрашувања заради штрајкот на просветниците, кога не учевме осум дена - вели ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

- Нашите професори продолжија да го предаваат материјалот онаму каде што застанаа пред да почне штрајкот. Секоја година се прават тестови за да се внесат полугодишните оценки - вели Снежана Мироновска, директорка на гимназијата.

Учениците на крајот од учебната година ќе полагаат главен тест по еден предмет. Оценката што ќе ја добијат ќе се спореди со оценката што ја пишувал наставникот во текот на годината. Ако ученикот добивал 5-ка, а на конечното тестирање добие 3-ка, тоа ќе значи дека наставникот нереално оценувал. Ако тој продолжи континуирано нереално да оценува, платата ќе му се намали за 10 отсто. Наставниците и професорите кои реално ќе оценуваат, ќе добијат покачување на платата за 10 отсто.

Ова со тестовиве е друга работа, го поддржувам, туку ова штрајков не` уништи сите. Буквално не` уништи!

Јас сум трета година во ЈБТ.
Минативе две недели, заклучно со денес, максимум три пати се имам видено со мајка ми и татко ми на повеќе од 2 минути. За 5 дена имав 7 теста. Не дека беа нешто многу тешки некои од нив, италијански и англиски имав во еден ден, ептен беа лесни тестовите, учам редовно јазици, но сепак, бараат концентрација и психичка спремност, а не можеш да ги имаш ако си постојано под притисок. Немав ни трошка енергија за последните 2 часа по тестовите. Еве, утре правам математика полугодишен тест. На 26-ти. Кога ќе ги прегледа, не знам.
А професориве се прича сама за себе, како и таа болдираната коза која ги води одозгора која не се има појавено во школото откако си доби работа во 5та приватна, ќе ми продава мозок по медиуми. Каде има камери и таа е таму. Во таа гимназија јас завршив и прва и втора година и правев полугодишни тестови, ама не по Гестапо режим како овој сега.
За да поправиш оцена, некои професори мораш да ги бркаш со моторна пила низ школо за да ти дадат шанса за одговор. Некои па од 4 и 5 се закануваат дека ќе заклучат 4, иако си бил активен преку цело полугодие. Ќе ја отворев на пола вчера една кога ми го кажа ова. И во врска со тестирањата оценка плус - минус не е проблем.
И како што вели Егзотик, "ма мене не ме интересира за другите предмети" е нивна најчеста реплика кога ќе им кажеш дека не може да се постигне.
Барем некои работи на кои веќе сме правеле тест, нека ги исфрлат од полугодишните, колку толку, сепак е олеснителна околност.
 
не ми кажувај како е зашто сум учел основно во америка и знам
позздраФ
Можеби оваа тема се однесува на средното образование, но и со основното е тука некаде исто. Па да искористам да те прашам, пошто имаш искуство како е преку бара:
Имено, дали во Америка родител учи со ученик-основец, пишуваат домашно, му објаснува биологија, географија, историја.... Дали кај вас цело попладне дома родителот изигрува наставник?

И некој ако знае нека наведе случај (или ти ако имаш такво искуство во Америка) каде на своја рака (не е ниту државен празник, ниту неработен ден), наставничкиот кадар слави +2 дена (денес и утре) и плус ден за Нова Година.
Зошто еднаш стапот не заигра во школството (па и другите здравство, администрација...), под чиј протекторат се?
 
Ако тој продолжи континуирано нереално да оценува, платата ќе му се намали за 10 отсто. Наставниците и професорите кои реално ќе оценуваат, ќе добијат покачување на платата за 10 отсто.

Мислам дека покачувањето е 10%, а намалувањето 20%.
А, нереалното оценување продолжува, само во негатива. Тоа може да даде контраефект на она што професорите се обидуваат да го постигнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom