@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
И по три писмени на ден за полугодишна оценка
Во рок од три недели, правевме 12 писмени работи и тестови по речиси сите предмети, велат ученици во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Наплив од тестирања има во сите основни и средни училишта, а причина за тоа, како што велат родители и професори, е штрајкот на просветниците, кога децата цела недела губеа настава. Учениците се жалат дека во последниве неколку недели се растргнале од учење, а директорите на училиштата се правдаат дека испрашувањата и тестовите не биле невообичаени за период од годината.
- Минатата недела секој ден имавме тестови и писмени задачи, а и нè испрашуваа секој час. И лани имавме многу за учење во декември, но годинава претераа, имаме и по три писмени во еден ден. Професорите ни кажуваат дека има повеќе испрашувања заради штрајкот на просветниците, кога не учевме осум дена - вели ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Според директорите на училиштата, штрајкот не е причина за тестирањата.
- Нашите професори продолжија да го предаваат материјалот онаму каде што застанаа пред да почне штрајкот. Секоја година се прават тестови за да се внесат полугодишните оценки - вели Снежана Мироновска, директорка на гимназијата.
И професорите признаваат дека имаат многу работа во последниве неколку недели.
- Се координираме со колегите, гледаме да им олесниме на децата и да не закажуваме два теста во еден ден. Кај нас штрајкот траеше четири дена, така што, не се одрази многу на наставата. Освен тоа, ова им е шанса да си ги поправат оценките - вели Дивна Младенова, професорка по математика во гимназијата „Никола Карев“.
Родителите реагираат за ниските оценки на децата
Наставниците конечно ги пишуваат реалните оценки кои ги заслужуваат учениците, а тоа е причина што почна да се јавува големо незадоволство кај нивните родители, вели Елка Даскалова, директорка на основното училиште „Вера Циривири Трена“.
- Добро е што се воведе екстерното оценување. Со тоа, учениците ќе добијат што си заслужуваат. Родителите реагираат за ниските оценки, но пред полугодието нема, како што имаше до минатата година - вели Даскалова.
Учениците на крајот од учебната година ќе полагаат главен тест по еден предмет. Оценката што ќе ја добијат ќе се спореди со оценката што ја пишувал наставникот во текот на годината. Ако ученикот добивал 5-ка, а на конечното тестирање добие 3-ка, тоа ќе значи дека наставникот нереално оценувал. Ако тој продолжи континуирано нереално да оценува, платата ќе му се намали за 10 отсто. Наставниците и професорите кои реално ќе оценуваат, ќе добијат покачување на платата за 10 отсто.