Revolut account vo MKD

  • Креатор на темата Креатор на темата aktuarot
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 мај 2023
Мислења
2
Поени од реакции
2
Дали некој има отворено или добиено покана да отвори Revolut account во МКД.

Пред некој ден добив е-маил од Revolut дека ми е спремна сметката откако претходно во 2021 се имав пријавено. Системот ме пушти да се регистрирам со македонска лична карта и ми ја прифати Visa дебитната картичка од Халк Банка.

Исто ми побара сметка за верификација на адресата.

Пробав да пратам пробно во Македонија на телефонски број кој нема сметка на Revolut, мала сума, трансакцијата помина но на корисникот не бројот не му дава да отвори сметка и го става на листа на чекање.

Некој да има искуство со Revolut.
 
Не сум добил уште покана јас иако сум на листа на чекање? Сакаш да кажеш ти отвори сметка во денари? Некако тешко ми е да поверувам, ми изгледа невозможна мисија ако ти пратиле покана значи прават тестирање.
 
и јас чекам на листата ама мене ме интересира дали некој од Вас има акаунт на Н26 ?
 
Дали може да ни постираш Скриншот? Нормално со покриени лични податоци
 
Не сум добил уште покана јас иако сум на листа на чекање? Сакаш да кажеш ти отвори сметка во денари? Некако тешко ми е да поверувам, ми изгледа невозможна мисија ако ти пратиле покана значи прават тестирање.

Маил од Revolut добив на 25.05.2023 каде вика дека се работи за Revolut Lite, по што се логирав со МКД број, и направив верификација со МКД лична карта.
Ја поврзав дебитната Виза картичка од Халк и направив треансфер во мкд на Македонски мобилен број.

Апликацијата ми дава да направам трансфер до:

Bank recipient (нема валута МКД, има EUR, USD и т.н)
Card Recipient (My card or Someone else)
Contact (Name, phone or e-mail)

се надевам ти одговорив на прашањето.

Насловот погрешно наведува дека е отворена сметката во МКД, Revolut Lite како што гледам ти дозволува да направиш трансфер на пари од и на прифатена картичка.
Автоматски споено мислење:

Дали може да ни постираш Скриншот? Нормално со покриени лични податоци
Од безбедност не ми дава да направам Скриншот.
Мене би ми користела апликацијава ако можам да пратам и примам пари во странство со прифатлив fee.
 
Последно уредено:
Денес ми стигна покана. Успешна верификација и поврзување на Виза картичка. Претпоставувам ќе пуштат за сите во скоро време.
 
Како би направил трансфер на средства ако претходно не префрлиш средства на Револут...

Освен ако не мислиш да ставиш инфо за дебитната на примачот, а кај пракач да ставиш твоја картичка...

инаку и јас ја имм ама таа е лимитирана верзија и не ги нуди бенефитите во целост, а најубаво е да тестираш со некој што веќе има, ти ги дава во контакт листата кој веќе има или па дирекно на негова сметка. Тоа со тел број секако е научна фантастика за кај нас...

Маил од Revolut добив на 25.05.2023 каде вика дека се работи за Revolut Lite, по што се логирав со МКД број, и направив верификација со МКД лична карта.
Ја поврзав дебитната Виза картичка од Халк и направив треансфер во мкд на Македонски мобилен број.

Апликацијата ми дава да направам трансфер до:

Bank recipient (нема валута МКД, има EUR, USD и т.н)
Card Recipient (My card or Someone else)
Contact (Name, phone or e-mail)

се надевам ти одговорив на прашањето.

Насловот погрешно наведува дека е отворена сметката во МКД, Revolut Lite како што гледам ти дозволува да направиш трансфер на пари од и на прифатена картичка.
Автоматски споено мислење:


Од безбедност не ми дава да направам Скриншот.
Мене би ми користела апликацијава ако можам да пратам и примам пари во странство со прифатлив fee.
 
Здраво дечки

Дали има некој порачано картица од Револут, може ли да се користи со претходно ставено мк податоци?
 
Јас имав отворено Револут негде во 2019, и порачав картица но кратко потоа ми ги кикнаа акаунтот, бидејки МК како земја не неше достапна односно НБРМ не им давапе дозвола да оперираат кај нас... сега по ново, револут лајт е достапна за кај нас со ограничени опции, но пак има проблем затоа што кога ставаш банка за трансфер ти дава дека за МК можеш да подесиш само валута Хонконг долар...
Уште долго нема да ја видиме кај нас, како што и не дозволуваат пеј пал и останати срања... дно од држава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom