Reviews: Првиот Мобилен Телефон на лизгање - Siemens SL10

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Siemens SL10 e револуција на оваа компанија и и донесе голем профит во 1998/1999 година која во тоа време масовно произведуваше телефони и сите што мешаа прсти во овој бизнис дури беа и запрепастени од моделите на сименс.

Телефонов освен што има говорни команди, перфектен дизајн, издржливост на батеријата од 8 дена со капацитет од 4800 милиампер часа и е дуал бенд исто така има и колор дисплеј од 6бои.
Телефонот е наменет за бизнис класата и во тоа време имаше највеке меморија за контакти т.е. 255 бореви, додека сим картичките имаа по 105 броеви.
Иначе телефонов е и прв мобилен со вградени вибрации.

T

The Blob

Гостин
Мора да бидам искрен, се сметам за човек што има релативно добри знаења за мобилниве, ама овај телефон првпат го гледам. Некро, имаше тогаш вакви модели и во МК? Знам тоа време јас имав еден модел исто Сименс, ама и во дизајн и во големина во споредба со овај беше тула!
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
да бе татко ми има донесено сигурно преку 70 комада.
Јас на нив највеке се учев да монтирам маски оти имаат се на се 16 штрафови башка флетот т.е. каблите беа најинтересниод дел кога ги склопувавме оти немаше никакво упатство.

п.с. порано телефоните дилерски кога ги купуваш од други земји т.е. дилери идеа распакувани за полесен транспорт. Ама затоа беа бајаги и поефтини и појке се каруваше... не можеше да се замисли на нов телефон да имаш кар испод 7-80 марки.
Овие телефони идеа околу 1200 марки мај месец 1998 година.

п.с. башка и не е мал колку што изгледа на сликата, кажав и у еден друг пост, знаат понекад да одберат `џинови` кога се работи за технологија како модели. телефонов во склопена состојба е подолг од нокиа 3310
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Имам во рака држено ваков телефон, тогаш ми беше чудно што беше на лизгање особено што мајка ми имаше една моторола од тоа време во која не се ставаше сим картицата прикачена на целата пластична плоча што е колку кредитна кратичка, денес кога се зема нов број сим картицата одма се одвојува од поголемиот дел пошто чисто се сомневам дека сеуште користи некој телефон на кој така се става сим картицата. Освен тоа имаше преклопец на тастатурата и беше ептен цигла, а овој сименсов спрема него изгледаше малечок и компактен.
 
T

The Blob

Гостин
Сега баш барав кој мобилен тогаш го користев (добро де татко ми ми го позајмуваше...:)) Siemens C10 (или 11 не ме држи за збор). Ама овај со лизгање многу помодерно и полуксузно ми изгледа. Тој мојот на времето во една кожна футрола огромна беше и личеше на токи-воки :)
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
The Blob напиша:

јас тука имам еден Ѕ10 актив, тотално се исти на изглед само мојот е гумен. Знам дека и двајцата имаат колор екран и екстра изгледаат.
овој мојов сеуште функционира... батерија држи по 13/14 дена.
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Bacillus gagous напиша:
Имам во рака држено ваков телефон, тогаш ми беше чудно што беше на лизгање особено што мајка ми имаше една моторола од тоа време во која не се ставаше сим картицата прикачена на целата пластична плоча што е колку кредитна кратичка, денес кога се зема нов број сим картицата одма се одвојува од поголемиот дел пошто чисто се сомневам дека сеуште користи некој телефон на кој така се става сим картицата. Освен тоа имаше преклопец на тастатурата и беше ептен цигла, а овој сименсов спрема него изгледаше малечок и компактен.
доагаат и такви пациенти што користат телефони од 97' или 98' на големи сим картички.
Едно време добро се заработуваше на тие големите држачи, оти испаднаа телефони со мали сим карти и големи така тогаш ги викавме и ако некој имаше мала сим карта а ја фрлил големата и му се расипал телефонот и си купил телефон на голема картица али неможе да ја вметне... ме сфакате нели...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ваков телефон сеуште неам видено. Имам ц 10, Ериксон 2628 (може не се толку стари)...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom