Има ли некое место пабче, ланџ бар, ресторан, кафана или било што во Скопје, што има помфрит сервиран налик Менада/Горки на времето? Менада не работи 9 години веќе, Горки гледам исто го затвориле перманентно, а ептен ми се пријадоа нивниве XXL помфрити. Ако некој не пробал и не му е јасно што барам: помфритот беше доста тенок (но не празен), порцијата беше огромна - цел послужавник (саат време со брзо темпо само јадеш), 2 соса следуваа, помфритот беше со оригано + уште нешто зачин можеби имаше. Нешто налик вакво во последно време некаде да сте начекале?