Ресторан во Лондон - ПЛАТЕТЕ КОЛКУ ШТО МОЖЕТЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Еден ресторан во Лондон смислил како да го реши проблемот со намалената посета по економската криза. На посетителите не им се даваат сметки, туку им се препушта тие самите да одлучат колку бил вреден оброкот, а можат дури и да не платат.

„Тоа е во исклучива надлежност на гостите. Можат да платат 100 фунти или 1 пени. Единствено што барам е да платат онолку колку што тие сметаат дека вреди храната и услугата“ - изјавил сопственикот на ресторанот.

restoran.jpg


Ресторанот "Little Bay" во северен Лондон овој месец нема да им издава сметки на гостите, само пијалаците имаат фиксни цени.

„Дури и ако луѓето не платат ништо, персоналот ќе се однесува исто како да платиле 100 фунти“ - додал сопственикот.

Порано обоците во ресторанот чинеле од 3 до 4 фунти, а главните специјалитети околу 10 фунти.

охридњус


Што мислите за идејава и што мислите, дали доколку кај нас некој отвори вакво нешто ќе доаѓаат цели фамилии, ќе јадат за без пари и плус ќе носат тенџериња за да им стават и за дома? :pos:
 
овде и ваква кафана на рецка ќе функционира :):)
 
Тенџериња да... само се прашувам кое магаре ќе им го наполни :)
 
Поинаква култура е тоа. Сигурно плаќаат дури и повеќе одколку што чини за почит да им направат. Кај нас ке се собираат цели фамилии и ке јадат 3 пати дневно без да плаќаат и ке пропадне такво нешто.
 
Како што се стиснати англичаниве и мислат на секоја фунта, гарантирам дека повеќе од 10 фунти не даваат за јадење од 50.
 
Системот плати колку можеш функционира само во црква(и тоа не секогаш)и во ептен цивилизирани општества-не е тоа за кај нас.Секако дека кај нас(и општо во 90%од светот)ќе грабаат ненаситно.Јас еднаш бев сведок на слична таква случка-во близина на еден пазар кај мене продавачите на лубеници оставија стотина лубеници зошто не му се исплатело да ги враќаат.Таква гужва настана човек да се чуди-по 4членови од семејство трчаа и земаа,некој дури и колички донесоа:pos2:ќе повторам-не сме ние луѓето доволно еволуирани за да се практикуваат вакви работи...
 
Поинаква култура е тоа. Сигурно плаќаат дури и повеќе одколку што чини за почит да им направат. Кај нас ке се собираат цели фамилии и ке јадат 3 пати дневно без да плаќаат и ке пропадне такво нешто.



Кај нас треба да си ептен богат да отвориш вакво нешто..
 
Како што се стиснати англичаниве и мислат на секоја фунта, гарантирам дека повеќе од 10 фунти не даваат за јадење од 50.
Шкотите се поскржави:helou:
 
Системот плати колку можеш функционира само во црква(и тоа не секогаш)и во ептен цивилизирани општества-не е тоа за кај нас.Секако дека кај нас(и општо во 90%од светот)ќе грабаат ненаситно.Јас еднаш бев сведок на слична таква случка-во близина на еден пазар кај мене продавачите на лубеници оставија стотина лубеници зошто не му се исплатело да ги враќаат.Таква гужва настана човек да се чуди-по 4членови од семејство трчаа и земаа,некој дури и колички донесоа:pos2:ќе повторам-не сме ние луѓето доволно еволуирани за да се практикуваат вакви работи...
Kaј нас е вака дека ние не сме навикнати да имаме многу и тоа нешто што после ќе го раздаваат гага ние го мањачиме и пробуваме да земеме што повеќе.
 
кај нас има мн скитници прегладнети и незгрижени, ко прво нив не можат да ги нахранат па не да отвараат нешто вакво. А исто мислам дека да има кај нас ваква ствар ке се работи фушерски пошто знаат дека нема никој да даде многу пари па бара да се израмнат со квалитетот....и последна работа која сакам да ја кажам: Неаме ние култура за вакво нешто, затоа јадете у 7-ца, вегера Фреш...а и дома :jaj:
 
кај нас да отворат ваква кафана, ќе пропадне газдата и ќе се затвори за 1 недела хаха
 
Каква кафана бе да се отвори?Која економска криза?Кажете ми кога во Македонија имало криза во кафаните?Македонците за јадење, пиење и веселење имаат секогаш пари, а другото може да почека:)
 
Каква кафана бе да се отвори?Која економска криза?Кажете ми кога во Македонија имало криза во кафаните?Македонците за јадење, пиење и веселење имаат секогаш пари, а другото може да почека:)
точно...на македончето важно му е стомачето да му е пуно за да му е убаво на душичката...:) мислам дека сме највесели луѓе :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom