Републикански кандидати за претседател на САД

Немав нешто попаметно денес па зедов да гледам клипчиња од Рон Пол.Доста интересен тип,секогаш искрен и како само лесно замолкнува ривали.

Би сакал да видам каква ќе биде Америка под негово водство,но сум скептичен за некои работи како на пример надворешната политика.Да бидеме реални и со Рон пак ќе има стабилен американски курс против Иран и најверојатно ни Гвантанамо беј нема да биде затворен.Ако се реши да скршне од курсот не му бега судбината на Кенеди.
 
Немав нешто попаметно денес па зедов да гледам клипчиња од Рон Пол.Доста интересен тип,секогаш искрен и како само лесно замолкнува ривали.

Би сакал да видам каква ќе биде Америка под негово водство,но сум скептичен за некои работи како на пример надворешната политика.Да бидеме реални и со Рон пак ќе има стабилен американски курс против Иран и најверојатно ни Гвантанамо беј нема да биде затворен.Ако се реши да скршне од курсот не му бега судбината на Кенеди.
Пол е единствениот, или барем еден од ретките, кои тврди дека лошата надворешна политика на Америка е причина за нападите на 11ти Септември. Ако дојде на власт, Гвантанамо беј нема сигурно да биде затворен, но тој тврди дека би го намалил бројот на војници во странство бидејќи на Американците им е веќе смачено од војни. И во право си што велиш дека оној кој ќе скршне од курсот ќе му се случи „Кенеди“.
 
Ционистите и илуминатите се против Рон Пол... Он ја зборува вистината, а тие бараат маскота која ќе чита од телепромптери што некој и` напишал.

Рон Пол повикува и на поголема индивидуална слобода и одговорност на секоја единка кон себе и кон другите. А америте не го сакаат тоа. Они упорно бараат некој друг да се грижи за нив и на друг да му ја префрлаат вината за сё.
 
Коа јас би имал можност да гласам, би гласал или за Пол или за Гингрич. Мада ниту еден од нив не ми има фаца за амерички претседател. На почетокот типував дека Рик Пери ќе победи, ама глеам на анкетине не котира баш најдобро.

Него кој срам беше оној црнецот, тој пица-момакот. :)
 
Баш ме чуди како во најголемата “демократија“ во светот скоро и да нема ниту една жена кандидат за претседател на Америка, а во историјата никогаш не ни имале жена претседател, али битно први се секаде да дрват муда за демократија и либералност.
 
Баш ме чуди како во најголемата “демократија“ во светот скоро и да нема ниту една жена кандидат за претседател на Америка, а во историјата никогаш не ни имале жена претседател, али битно први се секаде да дрват муда за демократија и либералност.
И тоа што имаат црнец за претседател е достигнување за таква „демократска“ земја како Америка. А жена, ќе биде за стотина години.
 
Рон Пол е можеби најсоодветен со замислената либерална претстава на Американците за себе. Ама не е така во реалноста. Претседателот не треба да е таков. Треба да е "златна" средина. Џабе им беа и Вудро Вилсон и Теди Вулсон, секад се истите типови за претседатели, колку и да се поинакви во кампањите.
 
А зашо па да има жена претседател, ако не е соодветна за таа позиција? Мислам, и Обама тепаше затоа што мнозинството белци не беа задоволни од Конзервативците, и плус затоа што беше Афроамериканец. И што се деси? Едно големо ништо.
Затоа јас сум против да се гласа за некој заради пол, раса, националност и слично. Марсовец нека е, ако вреди за позицијата нека ја добие, ама не да се добиваат позиции само заради одредена специфика. Нема врска демократијата со тоа. Јас како жена, никогаш не би гласала за жена, само затоа што е жена. Ако сметам по моите политички уверувања дека ќе е компетентна, ондак ќе ја гласам. Ама да гласам за некој само затоа што припаѓа на малцинска група (без разлика дали е тоа пол, раса, националност, сексуалност), нема да се деси никогаш.
Да живеев во времето на Маргарет Тачер, ќе ја гласав до крај на животот, и откога се повлече ќе ја пишував на ливчиња. А жена е. Ама тоа е жениште со муда, со став.
Треба да се гласа според заслуги, а не според некои изнасилени параметри.
 
Ако Рон Пол победи во САД и почне да исполнува тоа што ветил тешко него, ама буквално, ваков искрен човек немало од времето на Ендру Џексон, единствен претседател кој го исплатил националниот долг и ги 'убил' банкарите.

Рон Пол е можеби најсоодветен со замислената либерална претстава на Американците за себе. Ама не е така во реалноста. Претседателот не треба да е таков. Треба да е "златна" средина. Џабе им беа и Вудро Вилсон и Теди Вулсон, секад се истите типови за претседатели, колку и да се поинакви во кампањите.
Ова што го кажа само докажува дека во САД, нема демократија, Вудро Вилсон е одговорен за ФЕД т.е приватната централна банка која ги печати доларите и која е директно или индиректно одговорна за многу војни во светот. Јес да се покаал за тоа ама касно било веќе.
 
Ќе биде мошне интересно сега за сега неможам да издвојам некој фаворит но малку ме влече према Рон Пол :)Ги гледав пред некој час VOA и можам да кажам дека ќе има голема битка допрва ќе станува интересно.
 
На почетокот типував дека Рик Пери ќе победи, ама глеам на анкетине не котира баш најдобро.
Рик Пери нам како Македонци ни е симпатичен затоа што многу потсетува на Буш. Доколку го исклучам тоа и се ставам во позиција на Американец, не би го гласал. Ама со било кој републикански претседател ќе имаме поблагонаклонета американска администрација од оваа на Обама.
 
Републиканциве ги пробаа сите „вистински“ конзервативци минативе 6 месеци. Од Бакман, па Рик Пери и Херман Кејн, дури и Гингрич имаше 5 минути слава. Ама тие сами се закопаа со своите изблици на „интелигентно“ мислење.

Ромни и Рон Пол цело време беа конзистентни, ама републиканциве ги неќат. Заради ова ги изгубија минатите избори. МекКејн беше само постар, погрд и поглуп Буш. Не може да му се верува на републиканското гласачко тело дека ќе одбере кандидат што аќе го победи Обама.

Рон Пол и неговите либертаријански принципи мене ми се најблиски, ама тешко дека ќе помине кај републиканците. Се надевам дека неговите подржувачи ќе му ја донесат номинацијата, зашто се вистински фанатици.
 
До изборите има уште цела година, баш тоа беше поентата во едно видео на јутуб, тинејџери реагираат на кампањата на Рик Пери. Јако е, гледајте го.
А за републиканскиот кандидат ќе биде или Ромни или Пол.
 
Луѓе незнам дали до сега сте сфатиле или не.....но американските претседатели "немаат"(не смеат да помислат) ингеренции да влијаат на зацртаните планови за надворешната политика.

Они можат само да си донесат своја администрација....да уфрлат чат пат по некоја реформа....и другите 90% од нивниот мандат е медиумска маскота.

Значи да повторам....американските претседатели не менуваат надворешни политики.
 
Нека победе некој Про-Македонски ориентиран :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom