Мора така на почетокот

ако се опуштиш на почеток кој ќе те прибере после
туку да те прашам ... шо праиме со оние кои од Ислам преминале во Христијанство? дали и тие ја спознале вистината? или пак оние во Јудаизам ... итн ...
priatelce tuka parite se vrtat ima nekoi alcni za pari pa prodavat se pa i vera. iskren vernik toa ne go pravi.evee toa kako go pravat misionerite baptisti vo irag ,,
,,
--- надополнето ---
Швајцарецот кој се залагаше за укинување на минариња стана муслиман
Даниел Стреич , воен инструктор, и до пред некое време член на СВП ја напушти партијата и стана муслиман.Две години таа негова определба ја чуваше во тајност од своите поранешни сопартици.
Претходно беше посветен христијанин и редовно одеше во црква.Сега се моли пет пати на ден и редовно оди во џамија.Самиот вели дека исламот му ги понудил логичките одговори што досега не ги пронашол во христијанството.Досега неговите сопартици даваат контраверзни изјави.
Едни дури го сметаат и за опасност по безбедноста на земјата заради познавањето на воените тајни на Швајцарија,
,
--- надополнето ---
Жак Ив Кусто
Бил офицер во француската морнарица. Роден е во 1910 година, во Сент Андреја де Кузбак. Преку неговите истражувања со бродот „Калипсо“, стана најпознатиот океанограф на светот во нашето време. Порано бил католик, сега е муслиман.
Еден ден, некаде во длабочините на океанот, Кусто си ги вршеше неговите истражувања. Одненадеж виде дека во солената вода на морето имаше неколку извори на слатка вода. Тоа што го запрепасти уште повеќе беше дека слатката вода од овие извори во морето не се мешаше со неговата солената вода. Долго време се трудеше да ја најде причината за природата на оваа појава, но безуспешно. Еден ден, кога Кусто за ова му кажа на својот пријател, професорот Морис Бикај, кој отпорано го беше прифатил исламот, овој му кажа дека таквата појава не е нешто ново и дека таа е објаснета во к*ранот уште пред четиринаесет векови:
„И Он е оној кој одвои едноподруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (Ел-Фуркан: 53), и
„Ги оддели двете мориња кои само се допираат: меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“ (Ер-Рахман: 19-20)
На крајот на истражувањата, Кусто виде дека водената маса и нејзините особини, како на Белото Море така и на Атлантскиот Океан, беа различни една од друга. Според фактите, бидејќи овие две водени маси се спојуваат во Гибралтарскиот Теснец, процентот на сол и нивната густина би требало да се еднакви. Но тоа не се случуваше. Водите не се мешаа една со друга. Како заклучок од истражувањата произлезе дека постои една чудесна водена пречка која го спречува мешањето на водите една со друга
--- надополнето ---
--- надополнето ---
,, raperot loon najslavniot raper prifaka islam.
--- надополнето ---
Д-р Морис Бикај
За неговото прифаќање на исламот вели:
„Како и другите Французи, и јас го познавав исламот како вера создадена од генијалниот Мухамед. Меѓутоа, ја имав среќата како хирург да се сретнам со пациенти муслимани и да разберам повеќе за исламот. Постепено, кога ми беа рецитирани неколку к*рански ајети (делови), почнав да увидувам колку малку знам за исламот, а во меѓувреме бројни обвинувања доаѓаа од печатот, од телевизијата и од други страни. Ова се случуваше околу 1926 година, кога муслиманско-христијанскиот дијалог сè уште беше далечна можност.
Разбрав дека ќе треба директно да го студирам к*ранот, па така две години студирав арапски јазик и литература, кое ми го олесни и читањето на оригиналот (к*ранот). Набргу по ова, сфатив дека к*ранот е Божја книга и дека Мухамед (Божјиот мир да е над него) е Неговиот последен пратеник.“[
--- надополнето ---
Од Холандија во последниве години, кога станува збор за исламот, претежно слушаме приказни или вести за напад на исламот, и слично.
Меѓутоа, Холандското друштво има и други искуства со исламот. Имено, познато е дека многу Холанѓани последниве години го прифаќаат исламот. Токму поради оваа појава говори и репортажата на Радио Холандија низ приказната на Јаков ван Блом и неговата сопруга Стефани. "Јаков ван Блом е роден Ротердамец, има сини очи и црвеникава брада. Пред неколку години, го прифатил исламот. Тој кажува дека луѓето прават големи грешки кога кон Исламот гледаат како на странска култура која нема ништо со Холандија. „Ако ја одделите сржта на оваа вера од културните наследства, ќе останете во преубава вера која е вистина за сите ", вели Јаков, додавајќи: „Јас пораснав како христијанин, но секогаш имав свое мислење и теории. Во исламот, го открив она што отсекогаш сум барал и верувал. " Неговата сопруга Стефани е родена Гркиња, а претходно била член на Грчката православна црква.
Кога нејзиниот сопруг, Јаков го прифатил исламот, силно се спротивставила. „Кога мојот сопруг го прифати исламот, си помислив дека е луд, зошто за исламот знаевме од медиумите кои исламот го претставуваа на многу лош начин. Меѓутоа, кога почнав да го истражувам малку подобро и учам за исламот, моите чувства се променија. " Набргу по Јаков, и Стефани со драго срце го прифатила Исламот. На крајот се наведува и ова мислење на Јакоб ван Блом: „Стравот од Исламот, кои некои го чувствуваат тука кај нас, доаѓа примарно поради недостаток на информации. Овде во Холандија, ние не ги знаеме дури и основните поими за Исламот. Исто така, за исламот, не знаат ништо ни во нашата влада, ниту во безбедносните служби