Религијата за љубовта (каква е таа)

  • Креатор на темата Креатор на темата Radost
  • Време на започнување Време на започнување
Да видиме што вели Апостолот Павле за љубовта, како духовно-етичка категорија:

„..Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива,...„...„...не е непристојна, не бара свое,не се срди, не памти зло...„....„...не се радува на неправда, туку се радува на востина...„...„...се покрива, во се верува, на се се надева, се поднесува...„...„...Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне...„ -Коринтјаните, 13.4-13.7.

Очигледно е дека христијанската љубов не е брзопотезна и променлива емотивна категорија.
 
Да,најубаво нешто е токму ова од Апостолот за љубовта....Љубовта спрема секого,без разлика.......:)
 
Не знам зашто се меша инквизицијата или крстоносниот поход со религијата. Ако на некои им текнало да одат во крстоносен поход, не значи дека религијата е крива!? Свештениците не се религијата. Они би требало да насочуваат, а тие што не насочувале како што треба, не значи дека исполнувале Божји заповеди.
 
Не знам зашто се меша инквизицијата или крстоносниот поход со религијата. Ако на некои им текнало да одат во крстоносен поход, не значи дека религијата е крива!? Свештениците не се религијата. Они би требало да насочуваат, а тие што не насочувале како што треба, не значи дека исполнувале Божји заповеди.

Работата е многу едноставна. Оние поединци кои се надвор од Црквата и кои таа Црква неможат да ја смислат, постојано наоѓаат (само)оправдување за своето опстојување понастарана од Црквата, во стилот „..јас не влегувам во Црква заради тоа и тоа..„. Инквизицијата и крстоносните војни и се припишуваат и на православната Црква па очигледно е непознавањето на состојбите во христијанскиот свет денес и историјатот од самото христијанство.
 
Знам дека биле веќе одвоени тогаш двете цркви и мислам дека дури и католиците не треба да се поврзуваат со инквизицијата и сите тие работи... Тоа била група на луѓе (инквизицијата) што може да се каже, ја злоупотребувале религијата.
 
Во принцип е така, но знаеш како е во стварноста: кога си дел од одредена заедница, ќе треба да ги трпиш и сите нејзини слабости, грешки и глупости. Невелам дека сите римокатолици се инквизитори или крстоносци, но сепак на таа црковна заедница и се припишуваат и инвкизицијата и крстоносните војни, но и колонизацијата на амеркианскиот, африканскиот и австралискиот контитнет а со нив и појавата на робството и етноцидот на цели народи и заедници во Америка, Австралија и делумно во Африка.
Претходниот Папа, Јован Павле, пред неколку години, јавно се извини за инквизицијата па јасно е до каде доаѓала истата.
 
Прво послание до Коринтјаните 13 глава има се за Љубовта
 
[FONT=&quot]Љубов се делата, големи и мали.-toa go najdov nekade ovde na internet i go zacuvav
i sega znam deka sto i da zbruvame e dzabe edinstveno sto treba e da pokazame so delo zasto toa navistina vredi i ne ispolnuva.Barem mene.:pipi:
[/FONT]
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom