Религијата за љубовта (каква е таа)

  • Креатор на темата Креатор на темата Radost
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 јуни 2008
Мислења
441
Поени од реакции
20
Љубовта не е глад за блискост и допир и чувство на блаженство,кога таа глад е заситена.
Љубовта не е игра,макар што може да ја има сета привлечност на играта.Тоа не е игра-ти давам за да ми дадеш.Тоа не е игра-дај ми за да ти дадам.Љубовта е чисто давање,песна на радост,на едно срце,кон друго срце.
Љубовта никогаш не е желба за сопственост,никогаш барање или свршувачка,туку повеќе е сила на откажување.Љубовта е одлука на срцето,на некој да му дава безусловно.
Љубовта не е само чувство на благодарност поради она што го добивам,љубовта пред се е радост поради она кое можам да го дадам.Бидејќи каква друга награда може да бара за возврат,освен приликата да се искаже преку гест,збор,допир,подарок?
Љубовта не е конвенција,и се она што во себе содржи,дури и најмалата трага на конвенција не е љубов.
Љубовта не е пресметана.Така набљудувано,љубовта е непрактична,бидејќи не води сметка за економијата на срцето и непосредната добивка.Нејзината добивка е долготрајна и лежи зад Вечноста.
Љубовта е несебична и тешко пушта корен во светот на себичните и егоистите.Затоа има толку малку неисцрпни извори на љубов,малку неисцрпни поттикнувања на љубов.
На љубовта и годат планинските ливади на духот,а не мочуриштата на егзистенција.
Љубовта не е да се стигне некаде.Љубовта е да се патува заедно.
Љубовта не е напорна (заморна).
Љубовта е однос кон себеси,другиот,Постоењето.Тоа е однос на прифаќање,разбирање,привлечност,давање,поверение....
Љубовта е видување и прифаќање на другиот таков каков што е.
Љубовта е да се биде слободен и да се почитува слободата на другиот.
Љубовта е состојба на свест,во која ти и јас не сме двајца,туку Едно,иако ги гледаме и почитуваме поединостите и границите на другиот.
Љубовта е препознавање на оној кој се сака.
Љубовта не бара докази.Таа е доказ самата по себе.
Љубовта е она недофатливо меѓу световите,конвенцијата,луѓето...
Љубовта е чин на вера,и како таква таа е света: религиозен чин во својот изворен,чист облик.
Љубовта е ширење на свеста,до спојување со Вечниот,Универзалниот,Едниот...Љубовта е практичен доказ за постоење на Боженствената Милост.
За љубовта е потребна храброст.За љубовта е потребна сила.

Извадок од “Беседи под крстот“
 
Старица Гаврила вели Љубовта е жртвувана, љубовта е на крстот.
 
Да,љубовта е нешто најголемо и најсвето,најубаво.....Бог е љубов:)
 
Љубовта небара свое не се срди не мисли зло, на неправдата не се радува, туку на вистината се радува, се извинува, во се верува, на се се надева, љубовта никогаш не престануво.А сетот друго ако се јазици ке замолкнат, а ако се учења ќе исчезнат.
 
Да љубиш, значи да сакаш. Да сакаш, значи да можеш.Да можеш вистински да љубиш, за и тебе вистински да те сакаат.Кога љубиш некој, сакај го од љубов. Од љубов Христос дојде на земјата и пострада за нас.Од љубов Он им прости на овие кои што го распнаа......о, какво блаженство е вистински да љубиш!
 
Љубовта е начин на живеење, таа е полнота на заедништво на човекот и Бог, низ домостројот на спасението, за да станеме во се Христови.
 
Љубовта е мојата религија. Во која не влегуват шаблонизирани, ис хс, ни ка муабети кои ги прифаќаат луѓе кои не ја почувствувале.
 
Црквата нема ништо против твојот начи на на живеење ниту пак те осудува, слободна воља.:toe:
 
Љубовта е мојата религија. Во која не влегуват шаблонизирани, ис хс, ни ка муабети кои ги прифаќаат луѓе кои не ја почувствувале.

Е,баш ми е мило.Штом љубовта е твоја религија,тогаш твојата религија е православието:wink:......Православната вера е вера на љубовта.Само во неа се изразува во потполност значењето на љубовта....Незнам дали си верник,или не( а претпоставувам не си),но штом твојата религија е љубовта,тогаш дефинитвно зборуваме за православието:)
 
Религија на љубовта?
Да, на љубовта кон инквизицијата, кон крстоносните војни, кон разликите, кон педофилството.....
 
Религија на љубовта?
Да, на љубовта кон инквизицијата, кон крстоносните војни, кон разликите, кон педофилството.....

Да,православието е религија на љубовта кон се што создал Бог.А љубовта кон инквизиција,разлики,па и на крај педофилие,барај ги во љубовта на СВЕТОТ кон злото....
 
Да,православието е религија на љубовта кон се што создал Бог.А љубовта кон инквизиција,разлики,па и на крај педофилие,барај ги во љубовта на СВЕТОТ кон злото....
Ако е така, тогаш црквата е светот на злото...
 
Љубовта како таква е виша сила бидејќи ги прави животните проблеми ситни наспроти нејзината огромна моќ.
Сите на ваков или онаков начин сме сплотени заради таа една универзална религија.
 
Љубовта како таква е виша сила бидејќи ги прави животните проблеми ситни наспроти нејзината огромна моќ.
Сите на ваков или онаков начин сме сплотени заради таа една универзална религија.
Да бидеме реални...љубовта несекогаш е позитивна...на пример љубовта кон алкохолот, кон дрогата, кон криминалот, кон убиствата и.т.н...со „еден“ збор: љубовта кон злото...

Едит: мислам дека темава треба да биде во „филозофија“...затоа што е..„филозофиите на религијата“...има друго мислење во врска со ова?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom