- Член од
- 3 јуни 2008
- Мислења
- 441
- Поени од реакции
- 20
Љубовта не е глад за блискост и допир и чувство на блаженство,кога таа глад е заситена.
Љубовта не е игра,макар што може да ја има сета привлечност на играта.Тоа не е игра-ти давам за да ми дадеш.Тоа не е игра-дај ми за да ти дадам.Љубовта е чисто давање,песна на радост,на едно срце,кон друго срце.
Љубовта никогаш не е желба за сопственост,никогаш барање или свршувачка,туку повеќе е сила на откажување.Љубовта е одлука на срцето,на некој да му дава безусловно.
Љубовта не е само чувство на благодарност поради она што го добивам,љубовта пред се е радост поради она кое можам да го дадам.Бидејќи каква друга награда може да бара за возврат,освен приликата да се искаже преку гест,збор,допир,подарок?
Љубовта не е конвенција,и се она што во себе содржи,дури и најмалата трага на конвенција не е љубов.
Љубовта не е пресметана.Така набљудувано,љубовта е непрактична,бидејќи не води сметка за економијата на срцето и непосредната добивка.Нејзината добивка е долготрајна и лежи зад Вечноста.
Љубовта е несебична и тешко пушта корен во светот на себичните и егоистите.Затоа има толку малку неисцрпни извори на љубов,малку неисцрпни поттикнувања на љубов.
На љубовта и годат планинските ливади на духот,а не мочуриштата на егзистенција.
Љубовта не е да се стигне некаде.Љубовта е да се патува заедно.
Љубовта не е напорна (заморна).
Љубовта е однос кон себеси,другиот,Постоењето.Тоа е однос на прифаќање,разбирање,привлечност,давање,поверение....
Љубовта е видување и прифаќање на другиот таков каков што е.
Љубовта е да се биде слободен и да се почитува слободата на другиот.
Љубовта е состојба на свест,во која ти и јас не сме двајца,туку Едно,иако ги гледаме и почитуваме поединостите и границите на другиот.
Љубовта е препознавање на оној кој се сака.
Љубовта не бара докази.Таа е доказ самата по себе.
Љубовта е она недофатливо меѓу световите,конвенцијата,луѓето...
Љубовта е чин на вера,и како таква таа е света: религиозен чин во својот изворен,чист облик.
Љубовта е ширење на свеста,до спојување со Вечниот,Универзалниот,Едниот...Љубовта е практичен доказ за постоење на Боженствената Милост.
За љубовта е потребна храброст.За љубовта е потребна сила.
Извадок од “Беседи под крстот“