Од сите работи во Америка највеќе се купува оружје и муниција, а компанијата ГЛОК за производство на оружје си доби и реклама со масакарот
МАСАКРОТ РЕКЛАМА ЗА ГЛОК
По масакрот во Аризона, за само еден ден во оваа сојузна држава е забележан 60 процентен пораст на продажбата на Глок, полуавтоматскиот пиштол со кој беше застрелана американската конгресменка и беа убиени 6 лица.
На 10-ти јануари зголемена била побарувачката и во Охајо и тоа за цели 65%, во Илиноис 38%, Њујорк 33% и Калифорнија 16%, во споредба со истиот датум од минатата година. На ниво на САД, продадени биле вкупно 7.906 парчиња од таа марка на пиштоли.
Сопствениците на продавници за оружје велат дека тоа е вообичаена појава по вакви крвави настани, пред се затоа што луѓето стануваат позагрижени за безбедноста на своето семејство, но и се плашат владата да не ја забрани продажбата на оружје.
Застапничката на Демократите од Њујорк, Керолин Мекарти чиј сопруг беше убиен во масакрот во Аризона, планира да предложи воведување закон кој ќе го забрани оружјето со висок капацитет. Меѓу 19-те лица ранети во пукањето, беше и нејзиниот син.
До скоро, законот на Аризона дозволуваше секој да носи пиштол во јавност, под услов оружјето да биде ставено на видно место. Но, минатата година оваа сојузна држава воведе закон кој дозволува носење сокриен пиштол, без претходно добиена дозвола.
Пиштолот Глок беше употребен и во крвопролевањето на Вирџинија Тек од 2007-ма година, во кое имаше 32 жртви.
http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=7A79AE79D9EF3149A63EA6396B26FB74