Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
Физички посилните ученици често пати одземаат пари, храна, па дури и мобилни телефони од послабите соученици или оние од помладите генерации.Сето ова не е многу честа појава, но е измачувачко секојдневие барем за оние ученици кои не можат физички да им се спротивстават на своите другари во училиште. За младата личност која претрпува ваков вид на малтретитање, последиците можат да бидат тешки во подоцнежниот живот.
- Има многу негативни влијанија. Влијанието се одразува подоцна врз детето, кое имало такви проблеми со своите врсници. Реални се шансите тоа дете кое претрпело такво насилство, подоцна самиот тој да стане насилник.
Родителите се постојано преокупирани со своите обрврски, ретко разговараат со своите деца, не им обрнуваат внимание кога имаат помали проблеми на училиште. А некогаш малите проблеми можат да прераснат во нерешливи.
Нападите и изнудувањето на пари и вредни предмети меѓу учениците се случува во периодот пред и по завршувањето на часовите. Реални бројки за вакви случки не можат да се кажат, но факт е дека постојат меѓу децата.
- Се почесто забележуваме дека вакви случаи има. Конкретно не може да се зборува во бројки, некогаш реалните бројки се искривени, конкретно не можеме да знаеме колку случаи се. Треба да се влијае за да се намалат овие случаи.
Училишните педагози и психолози треба покоординирано да работат за спречување на ваквите појави. Психо-советувалиштата се секогаш отворени за учениците кои имаат проблем. Родителите,се први на кои треба детето да се обрати за помош, потоа да се посети психо-советувалиште, а на крај со случајот да се запознае и полицијата.
Дали некој од вас забележал или директно бил учесник во еден ваков случај?