РЕК пропаѓа.. чија е одговорноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.064
Поени од реакции
1.190
Најголемата термоелектрана пропаѓа! Во последниве месеци во РЕК се јавија премногу проблеми.. Во ноември минатата година имаше инцидент со што производството на јаглен беше сопрено.. Сличен инцидент се случи и пред околу еден месец.. околу 500.000 тони јаглен и јаловина се срушија врз транспортниот систем.
Во РЕК Битола беше формиран и кризен штаб како резултат на состојбите што се јавуваат во последно време.
Според директорот Зоран Коњановски во РЕК немало кризен штаб и ги отфрли сите убвинувања и ја обвини предходната влада.
Но опозицијата изјави дека на 6 октомври 2006 година рудникот е предаден записнички во исправна состојба и до денес никој не кажа дека стабилноста на рудникот е нарушена заради неработење, односно грешно работење на претходното раководство.

Дали Македонија ќе го загуби најголемиот производител на струја и може да не зафати струјна криза? Дали овие инциденти во РЕК се иссценирани со цел да се перат пари, и дали раководството може и сака да го спаси РЕК?
 
Добро е, те заинтересирало и „домашно“ нешто...покрај Интер :)

Туку, не смее да згасне РЕК....Грција плаќа пуно пари, ќе остане во мрак иначе...
 
НА директорот неписмен КОЊАНОВСКИ- абе три пати му се случува ист дефект и не сака да слушне за тоа брее кретен човек
 
Pa krivo e segasnoto rakovodstvo na celo so Konjanovski koi pred da stane generalen nemase stapnato vo REK.
 
Сите се криви од 1991 до ден денешен.
РЕК модернизиран е некогаш? Или се е технологија од пред 30 години?
Зошто да се вложува кога може да завршува по приватни џебови?
Арно што се не се срушило досега.
 
Абе без паника.....Татко им е директор на термото.Вакви дефекти се случувале одсекогаш само што никогаш не се актуелизирале.Сега поинаку дојде.А да и Коњо(зоран) појма нема од животот.Тој цел живот работеше во стрежево и сеа изгубен е во свемиро.Само се слика пред новинари и бла бла а за работа појма нема...И нема уште долго да е во Рек тој.Во суводол јаглен има уште за 5 години само сега дефектите се затоа што неквалитетен е јагленот и со песоk малку го горат и зато пукат цефки.Од Брод-Гнеотино сеа се копа во длабочина за да дојдат до јагленот.Се на се РЕК мора да опстои ако не на јаглен тогаш на нешто друго оти Македонија нема друг така поголем енергетдки капацитет и треба доста инвестиции.Сеа зо законот нов се овозможува ЕЛЕМ да се погати и можи да се инвестира ама и добро е за крадење ама да не биди аплата :).
 
Сите се криви од 1991 до ден денешен.
РЕК модернизиран е некогаш? Или се е технологија од пред 30 години?
Зошто да се вложува кога може да завршува по приватни џебови?
Арно што се не се срушило досега.
Во најголем дел си во право, но има и нешто друго односно што не се изградени други капацитети за производство на струја, така да со цел да се увезува што помалце струја трите блока се истовремено во погон што е недопуштиво. Се знае како РЕК треба да работи....треба да работи само еден блок додека другиот е на редовен ремонт, а третиот треба да влетува само повремено при енергетски шпицови.
 
Ако,можи ке сфатат еднаш дека со неписмени електрана не можи да работи.Последниве година дена само пикаат,гнетат и кадро и некадро,се ВМРО-вци од по селата,од соседните општини ,без никакво образование,без соодветно образование.Не можат и тие што сакаат таму да си ја работат работата да работат од тие селанковците таму.Демек,вмровци биле тие,не биле за работа,ако биле за работа не иделе во РЕК Битола.Ова е јавна тајна,не само директорите во РЕК,туку и малите деца го знаат тоа.Градоначалникот на Новаци цело село го згнети таму,навалете таму платата без работа се дава.Ете,затоа господа се случуваат циркуси таму.Ке почадат уште малку оџаците.Секоја недела носат само дечишта на овој бил,на оној бил.На сите тие таквите им посакувам да ги истераат и тоа на клоци кога ке се смени власта,само да не пиштат тогаш.Доттогаш ке си гледаме сеир како оваа раководна гарнитура во РЕК Битола ја “тера“ работата.
 
Не мора да ги истераат бе,доволно е да ги пикнат на кота (-9) или кота (-12) ако така сеуште се означуваат котите од времемето кога јас работев таму,ќе дуваат и ќе бегаат како попарени.:)
 
Ke izdzat toa elektranite nekako do krajot na mandatot na ovaa vlada...ke i go smestat PROPAGJANJETO na sistemot na Sekernata.....verojatno taa ke e sledniot premier....,ako se prodolzi vaka cekorenjeto po toa stote cekori :) ......
 
Во најголем дел си во право, но има и нешто друго односно што не се изградени други капацитети за производство на струја, така да со цел да се увезува што помалце струја трите блока се истовремено во погон што е недопуштиво. Се знае како РЕК треба да работи....треба да работи само еден блок додека другиот е на редовен ремонт, а третиот треба да влетува само повремено при енергетски шпицови.
Како може бе да работи само еден блок знаеш ли ти колку е тоа малку два блока да работат се малку а не еден, ремонти одсекогаш имало само веќе одминува рокот на траење на РЕК и ти ќе стануваат се почести. Кога ја направиле РЕК уште тогаш рекле дека ќе ни трае 30-35 max години е сега кој ни е крив што откако ја направиле наместо да се почне да се бара чаре уште тогаш ние ај кога ќе престане РЕК тогаш ќе мислиме. Само нуклеарка е мајката
 
АБЦ работел таму, па тој ќе ти објасни, ако сака.
Инаку не се летај за работи (од стручен аспект) што не ги познаваш.
 
АБЦ работел таму, па тој ќе ти објасни, ако сака.
Инаку не се летај за работи (од стручен аспект) што не ги познаваш.

Убаво вели детето бе,само нуклеарка му е мајката!
 
Абе зошто ќе пропадне оти ABC работел таму :pos2: инаку да и јас сум за нуклеарка
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom