- Член од
- 15 август 2009
- Мислења
- 2.023
- Поени од реакции
- 4.874
Ајде луѓе помагајте со совет. Мој другар сака да почне бизнис со услуги и веќе има клиент од кој секој месец би добивал фиксен месечен прилив и можеби повремено и дополнителни приходи. Е сега клиентот од икс причини мора да потпише договор со фирма, а не со физичко лице. Другарот е веќе редовно вработен во друга фирма. Кои се опциите? Каква фирма треба да отвори. Покрај данокот дали фирмата мора да плаќа продонеси за некој вработен? Дали самиот тој може да биде управител? Какви се трошоци ќе има за да биде се легално. Не се работи за голема сума па да не испадне повеќе трошоци него приход. Многу би била благодарна доколку има некој поупатен да ми даде одговори.
Сепак фала на предлог.
не дека сакам да се правам паметен, ама...залутан си малце. Значи уште еднаш, може да биде управител вработено лице, може да функционира фирмата, може да потпишув фактури и да барата со сметката во банка. Сметка во банка се отвара во самиот процес на регистрација на фирма (едношалтерски систем ? ти текнува?), истата само се активира со заверен потпис од управителот(зп образец), и од тој момент можеш што сакаш да правиш со сметката. Ти бараат од банка м1/м2 образец? НЕ! Овластување да потпишуваш фактури, договори и сл. имаш врз основа на актот за основање на друштвото и решението од Централен регистар, кај што стои дека си запишан како управител, зашто мешаш работи? Каква фирма во мирување, какво активирање, какви бакрачи ? Ај те молам објасни ни тука како се активира фирма, а како се остава неактивна ? Знаеш ти од кога не постои фирма во мирување?