Напишав еден огромен текст , но несакајки притиснав "Backspace" и се отиде у ... Ќе бидам краток овој пат друже.
Според начинот на кој пишував , користиш интерпукција , читко и јасно , во споредба со некои главни фраери во градот кои на потпис на лична карта ставаат иницијали бидејки незнаат да си го напишат името , ти си друже далеку од "затуцана" личност.
Овој проблем што го имаш ти , на мене буквално ми ги сјеба тинејџерските години , но верувај ми не жалам воопшто за тоа. Мојата повлеченост ме направи 1000 % по креативна личност , и моментално во главата имам идеи кои ќе пробам да ги реализирам , а верувај ми ако ги напишам овде ќе ми се смее цел форум. Никојпат немав друштво знаеш онака , да бидеш близок со некој , да споделуваш ствари , освен по некој залутан другар чисто колку на кафе да излезеш. Никојпат не сум бил близок со некој , а сега имам прилично добро друштво но никојпат нема да ја поминам границата на приватната интима , или со нив да дискутирам за семејните ствари или љубовниот живот , нешто што е секојдневно во денешните друштва. Незнам зошто , можеби затоа што баш тие години кога се формира личноста јас бев асоцијален тип , но ни најмалку не жалам.
Пред година ипол ја имав таа огромна чест да разговарам цели 15 минути со Џоана Роулинг , една од најдобрите писатели во светот , жена што во евра тежи скоро милијарда , една ултра успешна жена. Беше толку едноставна , толку опуштено зборуваше како да ме познава цел живот , правеше шали на нејзина сметка , просто бев запрепастен. Кога си отидов дома потоа плачев 15 минути зошто неможам да бидам во вакво друштво секојдневно. Незнаеш каков контраст е кога ќе зборуваш со таква личност , а потоа мораш да се вратиш во реалноста и кога правиш муабет со девојче ќе ти се убаци идиотот на кој му прилега темата , и ќе почне да зборува за новиот мотокултиватор , и како бил метален а не пластичен. И кога јадете во некое кафанче а он нема општи познавања од користење прибор за јадење , па ронките се шетаат по соседната улица , а келнерот е принуден да го дигне целиот чаршаф од масата поради страв од глодари и бубашваби , сето тоа проследено со поглед со многу прашалници , и нормално , ти едноставно сакаш да се отвори земјата и да пропаднеш внатре. Да не зборувам за јачината на тонот на гласот на таа личност , му измислија надимак "Фул волуме"

Имам уште многу да пишам но почнаа очите да ми се замарат , и пред тоа пишав огромен текст.