Редок примерок

Имам еден таков у друштво , ако му речaм излегувам со машко друштво не му се доаѓа , ама ако му речам излагам со едно девојче а брат и ја ќе дојдам мора да ја упознаам да видам со каква си имаш работа да те советувам. Како да сум ја мало дете па ми треба и светилка над глава да не напрам некоја глупост.
 
Изгледа те сака, ама не знае ни тој дека е геј.
 
ако е веќе дојдено ДО КУРЦА, а да не биде ќотек, тогаш мислам дека еден лаксатив ќе среди работа. нормално ова ако не е кај тебе дома:pos: али за у кафич, кино, кафана, ..... ух мислам дека е топ работа. ;)
 
Немам некои вакви екстремни примери, да ми виси над глава или да ми тропа дома како ќе им текне. Ова си се некои ептен зафркнати личности со пореметени социјални вештини.

Имам една, не толку блиска, колешка и другарка од основно. Е, кај неа значи се може да се слушне. Се нејзе и се случуваат некои интересни работи, се она знае што другите не знаат, абе за еден саат ќе научиш се што ти треба без Фб да отвориш цел месец. :pos:
Што е најтрагично, многу си измислува.
Таму била, ваму била, тој и пишал, овој ја сакал, свашта. И за оценки си лаже. Ако и пишале 6ка, она вика 8ца. :pos:
Интересна ми е и нема ич лоша душа девојчето, али некогаш кога ќе ми се смачи некој муабет и тропнувам нешто остро и чудно ме гледа после тоа. :D

Друго, имам една, порано беа и две (вторава веќе одамна не ја сметам за ништо), од типот на тие јас што ги викам "родени за да те посрамотат".
Абе, да не се знае пред кој да се држи муцката затворена.
Сум кажувала некои работи во доверба, за другиот ден да слушнам дека си тропнала таму на некоја колешка што едвај ме познава мене.
И да, некои коментари кога си во друштво, кои би требале да изгледаат ко шега, прифаќам и сама некогаш си правам шеги на моја сметка, али овие не се такви шеги. Овие се од оние кои те тераат да им ја поставиш етикетата "идиотка".
Доверба во вакви, никако повеќе, ништо, ништичко.
 
По воведниот пост се добиваат два впечатоци. Има две варијанти на приказната или барем јас така си мислам дека јас сум бил реткиот пример. Порано имав друштво во кое од страна изгледаше како јас да сум несфатен или нешто така и се чуствував како некој да ме држи и ограничува. На крај дознав и дека за мене имало и гомна јадење од страна на другарите .. и решив да барам друго друго друштво,и го најдов и се чудам како не ми „текнало“ порано. Сега едвај чекам да искачам, а не само ради реда. Сакам да кажам дека има прави „ретки“ примери, а може и ретките примери да бидат „исфорсирани“
 
Ko шо вика Гадот, овие не се endangered spieces, ама ги имаш минимум еден, макс. два. Пошо повеќе од потребно е да имаш барем еден во друштво.
Не би сакал да звучам осудувачки кон нив, но покрај толкуте муабети со нив, толкуте трескања на глава од ѕид, објаснувања лице во лице, директно, индиректно, секако... кога самите не можат или повеќе, не сакаат да сфатат и да сменат малку пристап за да бидат прифатени од некоја поголема група на луѓе (или повеќе помали групи), секако дека би ги етикетирал како давежи во најмала рака. КАко што реков, сите имаме макар еден кој константно ќе ви лупа муабет кој само него го интересира, ќе ви извршува десант додека вие имате некакви аспирации кон личност од другиот пол, ќе ви пишува смс пораки во ниедно време како некој пубертетлија што е затрескан во некоја цура... И вашата огорченост пораснува и се претвара во еден вид на затапена омраза. И секогаш викате дека следниот пат ќе го набиете на шилец, но сепак останувате на тактика на игнорирање со надеж дека еден ден ќе заврши сето тоа. Guess what? Нема. Затоа што тие се веќе длабоко навлезени во системот поради тоа што вие веќе им дозволивте. Единствено решение за ваквите е упорност во комбинација на никакво придавање на внимание. НИКАКВО.
 
Јас се чусвувам како да сум редок примерок. Еве вака: Не сум јас некој бељаџија, многу што дрдори, без зрам, и со инает. Еве сега почнавме нашколо(средно сум I-ва, техничко). Ги гледам другарите кои биле во основно со мене, си се собрани во друштво скоро цел клас. Јас се чувствувам затворен тип, или несфатен, затуцан, никој не прави муабет со мене, а јас се срамам да направам мубает(мое мислење имам социјална фобија). За друштвата, така е со мене. Сакам да си оформам друштво, се надевам во иднина, и несакам да сум етикетиран како глупчо(порано ми се чини и бев таков). Некое чаре? Некој совет?
 
http://www.ted.com/talks/susan_cain_the_power_of_introverts.html
 
Уште полошо па, ти ѕвони на телефон:
-Ало?
-Кај си бе?
-Еве со девојка ми седиме кај мене дома..
-Ееј пер досадно ми е ај и јас ќе доам.
( океј нека дојде да ни свети )
Толку напорни, неможеш да ги трпиш, едноставно ти се плаче од вакви.. Кажете некое мислење за нив :)

Претпоставувам знаеш како да си го исклучиш телефонот или да го ставиш на silent така? Сега пријатни мигови со девојката. Повели и друг пат.
 
Јас се чусвувам како да сум редок примерок. Еве вака: Не сум јас некој бељаџија, многу што дрдори, без зрам, и со инает. Еве сега почнавме нашколо(средно сум I-ва, техничко). Ги гледам другарите кои биле во основно со мене, си се собрани во друштво скоро цел клас. Јас се чувствувам затворен тип, или несфатен, затуцан, никој не прави муабет со мене, а јас се срамам да направам мубает(мое мислење имам социјална фобија). За друштвата, така е со мене. Сакам да си оформам друштво, се надевам во иднина, и несакам да сум етикетиран како глупчо(порано ми се чини и бев таков). Некое чаре? Некој совет?

Напишав еден огромен текст , но несакајки притиснав "Backspace" и се отиде у ... Ќе бидам краток овој пат друже.

Според начинот на кој пишував , користиш интерпукција , читко и јасно , во споредба со некои главни фраери во градот кои на потпис на лична карта ставаат иницијали бидејки незнаат да си го напишат името , ти си друже далеку од "затуцана" личност.

Овој проблем што го имаш ти , на мене буквално ми ги сјеба тинејџерските години , но верувај ми не жалам воопшто за тоа. Мојата повлеченост ме направи 1000 % по креативна личност , и моментално во главата имам идеи кои ќе пробам да ги реализирам , а верувај ми ако ги напишам овде ќе ми се смее цел форум. Никојпат немав друштво знаеш онака , да бидеш близок со некој , да споделуваш ствари , освен по некој залутан другар чисто колку на кафе да излезеш. Никојпат не сум бил близок со некој , а сега имам прилично добро друштво но никојпат нема да ја поминам границата на приватната интима , или со нив да дискутирам за семејните ствари или љубовниот живот , нешто што е секојдневно во денешните друштва. Незнам зошто , можеби затоа што баш тие години кога се формира личноста јас бев асоцијален тип , но ни најмалку не жалам.
Пред година ипол ја имав таа огромна чест да разговарам цели 15 минути со Џоана Роулинг , една од најдобрите писатели во светот , жена што во евра тежи скоро милијарда , една ултра успешна жена. Беше толку едноставна , толку опуштено зборуваше како да ме познава цел живот , правеше шали на нејзина сметка , просто бев запрепастен. Кога си отидов дома потоа плачев 15 минути зошто неможам да бидам во вакво друштво секојдневно. Незнаеш каков контраст е кога ќе зборуваш со таква личност , а потоа мораш да се вратиш во реалноста и кога правиш муабет со девојче ќе ти се убаци идиотот на кој му прилега темата , и ќе почне да зборува за новиот мотокултиватор , и како бил метален а не пластичен. И кога јадете во некое кафанче а он нема општи познавања од користење прибор за јадење , па ронките се шетаат по соседната улица , а келнерот е принуден да го дигне целиот чаршаф од масата поради страв од глодари и бубашваби , сето тоа проследено со поглед со многу прашалници , и нормално , ти едноставно сакаш да се отвори земјата и да пропаднеш внатре. Да не зборувам за јачината на тонот на гласот на таа личност , му измислија надимак "Фул волуме" :pos: Имам уште многу да пишам но почнаа очите да ми се замарат , и пред тоа пишав огромен текст. :)
 
Од екс-интроверт - менувајте го својот социјален механизам само ако самите сте сигурни дека тоа го сакате, не поради околината. Премногу заглавуваат во тешки лични срања под ова прашање само заради тоа што избрзале во даден момент и сега имаат последици од монументален калибар. Во најдобрата варијанта од ова срање, истите заглавуваат во некој злобен циклус да бидат сметани од останатиот свет како socially awkward луѓе. Ако ви лежи таков вид на живот (интровертен), најдете уште енда интроверт-особа и со неа комуницирајте кога ви е потребна комуникација. Прекинот на комуникација, макар и на подолго време, нема да биде сфатен погрешно од другата страна, напротив - подобри ќе ве разбере од 99% од останатиот свет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom