Редок примерок

Големи проблеми имаш, ако сакаш да се замараш можеш на пример да мислиш за децата во Етиопија или шознам. :cautious:

Рубинот од прилепско е редок примерок, виолите од Алшар што се полни со талиум и арсен се редок примерок, а тоа што ти го даваш ко пример за редок примерок не е нешто ендемично, секојдневно е, глупо, просто, самобендисано, без никакви интереси да научи нови работи, само сака да блее ко некоја стока или да паразитира врз плеќите на нивните родители.
 
Напишав еден огромен текст , но несакајки притиснав "Backspace" и се отиде у ... Ќе бидам краток овој пат друже.

Според начинот на кој пишував , користиш интерпукција , читко и јасно , во споредба со некои главни фраери во градот кои на потпис на лична карта ставаат иницијали бидејки незнаат да си го напишат името , ти си друже далеку од "затуцана" личност.

Овој проблем што го имаш ти , на мене буквално ми ги сјеба тинејџерските години , но верувај ми не жалам воопшто за тоа. Мојата повлеченост ме направи 1000 % по креативна личност , и моментално во главата имам идеи кои ќе пробам да ги реализирам , а верувај ми ако ги напишам овде ќе ми се смее цел форум. Никојпат немав друштво знаеш онака , да бидеш близок со некој , да споделуваш ствари , освен по некој залутан другар чисто колку на кафе да излезеш. Никојпат не сум бил близок со некој , а сега имам прилично добро друштво но никојпат нема да ја поминам границата на приватната интима , или со нив да дискутирам за семејните ствари или љубовниот живот , нешто што е секојдневно во денешните друштва. Незнам зошто , можеби затоа што баш тие години кога се формира личноста јас бев асоцијален тип , но ни најмалку не жалам.
Пред година ипол ја имав таа огромна чест да разговарам цели 15 минути со Џоана Роулинг , една од најдобрите писатели во светот , жена што во евра тежи скоро милијарда , една ултра успешна жена. Беше толку едноставна , толку опуштено зборуваше како да ме познава цел живот , правеше шали на нејзина сметка , просто бев запрепастен. Кога си отидов дома потоа плачев 15 минути зошто неможам да бидам во вакво друштво секојдневно. Незнаеш каков контраст е кога ќе зборуваш со таква личност , а потоа мораш да се вратиш во реалноста и кога правиш муабет со девојче ќе ти се убаци идиотот на кој му прилега темата , и ќе почне да зборува за новиот мотокултиватор , и како бил метален а не пластичен. И кога јадете во некое кафанче а он нема општи познавања од користење прибор за јадење , па ронките се шетаат по соседната улица , а келнерот е принуден да го дигне целиот чаршаф од масата поради страв од глодари и бубашваби , сето тоа проследено со поглед со многу прашалници , и нормално , ти едноставно сакаш да се отвори земјата и да пропаднеш внатре. Да не зборувам за јачината на тонот на гласот на таа личност , му измислија надимак "Фул волуме" :pos: Имам уште многу да пишам но почнаа очите да ми се замарат , и пред тоа пишав огромен текст. :)
Па јас не сум ни најмалку креативен во моментов. Еве, со страв одам нашколо, излгедам ужасно. Значи сите деца од мојот клас седнати на клупа, не зборувам многу со нив, иако сакам, но се срамам и молчам. Поминувам покрај нив, и молчам, а можев барем да се поздравам со нив. Еден од моите проблеми е тоа. Еве, на пример, сега на форумов сум слободен, зашто не се познаваме, како анонимни да сме. Ама на пример да се видиме во живо, нешто што мене ми е срам да го пправам тоа, ќе одбијам, или ќе дојдам, цел испотен, збунет...Туку да не сериме на темава со офтопици, или нова тема да отовирме, или да не пишуваме повеќе овде за тоа.
 
Така ни било на сите во прва година, чекај, само што започна учебната година, нормално дека неможеш одма да се здружиш со непознати луѓе. Но тоа не значи дека не треба да се трудиш,
сигурно ти не си единствениот за на кој соучениците му се засега непознати. Пробај да се приклучиш на некој муабет, дали за фудбал, домашна, дота или што ти ја знам што. Труди се да бидеш позитивен, насмеан, сите ги сакаат таквите луѓе. И во мојот клас кого почнавме средно ретко кој со кого се познаваше со некого, ама до четврта година станавме едно супер друштво. Така да не треба да се обесхрабруваш. Едноставно некои луѓе се послободни, по пријателски расположени, но тоа не значи дека само тие можат да запознаат нови другари :D
И мене првата недела на факултет ми беше тешка, не познавав ама баш никого, ама ако си пријателски настроен, пријателите сами ќе дојдат :)
 
Па кога гледам, повеќето се познаваат и веднаш се здружени, а тие што ме знаат(двајца од основно), и тие се познаваат су другите, а мене не ме гледаат. Незнам зошто ама така беше кај секое друштво. И во онсовно, ме дружеа само неколку, двајца тројца. А да одев кај друштвото со брано, секогаш ке правеа муабет со мене, само да ме заебаваат, како мало дете.
 
Епа видиш можеби тие луѓе не се за тебе, едноставно не ти одговараат. Потруди се да најдеш некој кој ти одговара на твојот карактер. Ако сакаш да се дружиш со сите, тогаш треба да го измениш начинот на однесување. Не можеш да бидеш мирен, тивок, повлечен и да очекуваш тие да ти пријдат. Биди позитивен, на час кажи некоја интересна заебанција, помогни му на некој со домашната / учењето. Зборувај со луѓето што седат околу тебе, макар и да ги прашаш кој час ни е следен или за гума/пенкало/молив. Муабетот за школото е секогаш добар почеток на конверзација. Само едно најважно нешто да надополнам. Никао не им дозволувај да ти се потсмеваат или да те навредуваат. Ако ја започнеш годината така, така ќе тераш до крај. Секогаш треба да знаеш да покажеш заби, ако треба и тепачка да направиш, но никогаш не смееш да трпиш. Вистина е дека насилството е лошо средство за комуникација, но некогаш е неопходно а и помага да стекнеш одредена доза на почит.
 
Треба да го изменам. Се трудам, инаку, поразлични се во карактер, и јас се менувам, веќе не сум она мирното дете како порано(порано бев таков) сега се обидувам колку толку.
 
слушај .... јас бев тепан,навредуван ,морално осакатен .... но останав јак поради силното јас што го имав ..... признавам дека еве и на 22 години сеуште имам тешки психолошки белези,панични напади ,останувам силен и прогресивен .... важно е,колку и да те повредуваат важно е да си силен внатре да опстанеш .... кој ги ебе кретените кои те малтретираат ..... важен си ти ...... јас бев жртва на она што е познато денес во светски рамки на тежок bullying .... но останав силен што ги игнорирав,се обидував да не бидам паничен и што е можно повеќе комуникација со повеќе луѓе ..... денес имам прекрасно друштво од 5 души најблиски , 3 другарки и 2 двајца најдобри копиљаци-пријатели кои чесно ме почитуваат ..... биди силен ... глава горе ... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom