Речник

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiko
  • Време на започнување Време на започнување
K

Kiko

Гостин
Другар – Некој од кој можеш да позајмиш пари и никогаш да не ги вратиш.
Мито – Машко име, обично се дава на луѓе кои нудат пари за секс со Корупција.
Корупција – Женско име, види Мито.
Џип – Фабрика која е најпозната по своите теренски возила, толку позната што во Македонија сите теренски возила ги викаат џипови иако тоа не се.
Блогерај – Еден од поголемите (пишани) докази за тупавоста и глупавоста на луѓето, впрочем, сигурно сте прочитале до сега.
Тендер – Договор помеѓу неколку пријатели кои имаат фирми, при што условите е доволно да ги исполнува само оној што оди со најниска (или највисока, во зависност од тоа дали се продава или купува) цена. Најпознати примери од општеството: ЕСМ, Телеком, и скоро сите останати.
Лекови – Служат за цедење пари од болните.
Пари – Парчиња безвредна хартија со бројки кои успеваат да им создаваат проблеми на многу луѓе. Според некои верувања тие се причината зошто земјата се врти, како таа да не се вртела кога немало пари.
Автомобил – Продолжеток на машкиот полов орган.
Мобилен – Види автомобил.
Скопје – главен град на БЈРМ.
БЈРМ – Територија на балканот, не прашувај.
Демократија – Општество во кое сто будали да речат „ДА”, а еден паметен да рече „НЕ”, ќе ги послушаат будалите.
Телевизија – Одличен начин за обликување на мозокот според однапред одредени параметри , кои во голема мера не одат во прилог на оние кои гледаат телевизија.
Новинар – Личност која за одреден надомест ќе напише се она што во моментот ви треба.
Македонец – Човек што посакава да умре козата на комшијата.
Македонче – Човек што покрај тоа што посакува да умре козата на комшијата, се подмачкува со вазелин на секое ново најавено ебење од владата.
Расизам – Одбивање да се види човек.
Бик – Животно, или позната француска фабрика за бричови, толку позната што сите бричови во Македонија се викаат бикчиња.
Социјализам – Најпозната дефиниција за социјализмот е следнава „Клати врата зимај плата”.
Цигари – Отров за кој треба да платите соодветна сума на пари. Што поскап отров купувате толку поголем фраер станувате.
Рибари – Луѓе кои не сакаат да им кажеш „Со среќа” и обично живеат во заблуда дека кога ловат мора да бидат многу тивки, иако рибите практично се глуви.
Работа – Осум (и повеќе) часовно робување за кое добивате финансиска надокнада која во голема мера не е доволна за задоволување на основните животни потреби.
Протест – Илегален собир на повеќе од десетина луѓе кои јавно го искажуваат своето незадовоство.
Научници – Луѓе кои го отфрлаат секое ново револуционерно откритие поради тоа што неможат да го сконтаат. Истите тие за соодветна сума на пари можат да извршат истражување за било кое нешто при што резултатите ќе бидат онакви какви што сака да бидат тој којшто ги дава парите.
Струја – Движење на електрони. Во почетокот сите мислеле дека струјата тече од плус кон минус за потоа да откријат дека не е баш така. Грешката не е ниту до ден денешен поправена, а тоа може да се забележи од формулите во електротехничката струка.
Вселена – Огромен простор кој човекот комплетно го објаснил од постанокот, па до сите појави кои се случуваат во неа, иако не ја истражил ниту својата планета доволно.
Газирани сокови – Одлична идеја да се продава блага водичка во боја за цена која многупати ја преминува производната вредност.
Хуманост – Придавка која се додава на зборот нож (станува збор за нож кој овозможува побрзо искрварување на жртвата за да не се мачи) и на зборот куршум (хуман куршум е проектил кој откако ќе навлезе во телото експлодира за да ги намали шансите да преживеете и да умирате во маки).
Куршум – Турски збор кој во превод значи олово, додека правилниот македонски збор би бил проектил. Служи за убивање на други луѓе под различни изговори.
Исус – (позајмена дефиниција) Човек кој го заковале на дрво затоа што кажал дека за промена е добро луѓето да бидат љубезно едни кон други.
Ајвар – Словенско национално јадење кое се прави од македонски пиперки.
Политичар – Лопов.
Поп – Човек со брада, заработува пари така што ги лаже луѓето дека тој е пратен од Бог, што е мошне чудно затоа што Бог никогаш не спомнал цркви или било какви други зданиа кои мора да се изградат во негова чест.
Владика – Поп без жена.
Постење – Одличен начин (во средниот век, многу порано, денес, а и во иднина) да се научат луѓето (преку религија секако) поздраво да се исхрануваат.
Религија – Обид да се научат луѓето на морал и етика, кој подоцна е искористен за манипулација, перење мозок, и убивање на луѓе, како и нивно држење во покорност.
Боречки вештини – Изнаоѓање на повеќе начини да се повреди или убие човек, при што најнаглесна реченица е дека тие не треба да се користат.
Оџа – Човек кој мисли дека знае да пее и има кокошкино слепило што би го објаснило неговото раноденско мумлање.
Дрвја – Служат за горење, правење мебел, и најважно, за производтсво на мека тоалетна хартија.
Шанк – Поило (Позајмена дефиниција од Говорете Македонски)
Бурек со сирење – Одлична идеја да се продаде мрсна пита со урда.
Книжарница – Место каде што се продаваат книги дури и по неколку стотина пати поскапи од цената која би ја платиле за изнајмување на истата од библиотека.
Книги – Служат најчесто како интериер за дневни соби.
Сликар – Човек кој заработува многу пари после својата смрт.
Слика – Приватна сопственост, која доколку сакате да ја гледате мора да ја купите или да платите одреден паричен надомест.
Вистина – Кажување на работи што луѓето, обично, не сакаат да ги чујат.
Ракета – Заостанато вселенско превозно возило.
Авион – Служи за брз превоз на луѓе и стока, рушење на згради, бомбардирања и сл.
Потковица – Знак на среќа, најверојатно поради благодарност што коњите не летаат, затоа што би било незгодно да ве погоди потковица во слободен пад од неколку стотици, илијади метри.
Индијанец – Редок вид на човек кој опстанува во неколку резервати.
Крокодил – Голем воден гуштер.
 
Мене ми е многу познат речников, пробувам да се сетам од каде и не ми успева сеуште.. закон е!
 
Рекурзија (и)=Види рекурзија
 
Љубов - работа што ја измислиле ружните женски за да не останат невини. ;)
 
Ми стигна нешто ептен интересно на мејл, баш како за тука, па еве да го пастирам! :vozbud:


ШТО Е.......?


ЉУБОВ: Збор од пет букви - два самогласника, три согласника и два идиота.

АРХИТЕКТ: Тип кој не бил доволно маж да стане инжинер ниту доволно педер за да стане дизајнер.

БАНКАР: Тип кој ќе ти го позајми својот чадор на сончев ден и ќе ти го побара назад кога почнува да врне.

ИЗВИДНИК: Дете облечено како кретен кому му командува кретен облечен како дете.

КОНСУЛТАНТ: Тип кој ќе ти го симне часовникот од рака, ќе ти каже колку е саат и после ќе ти го наплати тоа.

ДИПЛОМАТ: Оној кој ќе ти каже да одиш у пизду материну и тоа ќе ти го каже на таков начин што едвај ќе чекаш да почне патувањето.

ГЛАВОБОЛКА: Контрацептивно средство за жени.

ЕКОНОМИСТ: Стручњак кој утре точно ќе знае зошто она што го предвидел вчера не се остварило денес.

КВАНТЕН ФИЗИЧАР: Слеп човек кој во мрачна соба бара црна мачка која не е таму.

ФУДБАЛ: Тоа е она за што се мажи секоја жена, без да знае.

HARDWARE: Дел од компјутерот кој прима удари секогаш кога ќе погреши софтверот.

ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ: Индивидуа која поседува капацитет да размислува повеќе од два часа за нешто што не е секс.

ЈАЗИК: Сексуален орган кои некои идиоти го користат за говор.

ПРОГРАМЕР: Тоа е оној тип кој ќе ти реши проблем кој не си ни знаел дека го имаш на начин кој не го разбораш.

ПСИХОЛОГ: Оној кој гледа во сите останати кога некоја згодна девојка ќе влезе во просторијата.

ТИМСКА РАБОТА: Можност вината да се префрли на друг.

ВРСКА: Процес на трошење на огромни количини пари, време и енергија за подобро запознавање на некој кој во моментот не ви се допаѓа премногу, а во иднина веројатно ќе ви се допаѓа уште помалку и сето тоа поради секс.

ЛЕСНА ЖЕНА: Термин кој се употребува за опишување жена со морални квалитети на маж.

ПРИЈАТЕЛ (КА): Личност од спротивниот пол со некоја очигледна физичка мана поради која сексот со неа не е интересен, а тоа ја прави личноста особено погодна за муабет и заедничко опивање.

НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ: Чувство. Најчесто го имаат жените за одредени мажи, а тие тоа го толкуваат како “пушти ја, се прави важна, сака само да ме намачи за да дојдам до неа”.

НИМФОМАНКА: Термин кој го користат мажите да опишат жена која сака секс почесто од нив.

ТРЕЗНОСТ: Состојба во која не е можно човек да се заљуби.

ИРИТИРАЧКА НАВИКА: Она во што се претвора нечија симпатична навика која на почетокот на врската се опишува како “хемија”.

ПРИВЛЕЧНОСТ: Поврзување на сопствената напаленост со некоја личност.

ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД: Запознавање на две напалени лица кои не се особено избирливи.

:pos::pos2: :pos2:
 
7ца- Место каде што се работи само со крупни пари, лажна реклама и соја:)

Љубов- Збор измислен од страна на партизаните за да ****без пари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom