Рецепти за Дукан/протеинска диета

  • Креатор на темата Креатор на темата langelina
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто не се препорачува домат овде?


Внимателно ја следам темата инаку. Треба да скинам некое килце од зимата.
 
Еве го мојот пост за ДУкан диетата за да видите за што се работи:

Неса, со ДУкан диетата се симнуваат многу бргу килограмите. Важное да се тера до крај, за да не се вратат.

Првата фаза не смее да биде подолга од 10 дена. Ако сакаш да ослабиш:
- 4 -5 kg – 2 дена
- 9 kg – 3 дена
- 18 kg – 5 дена
- 18 kg па нагоре – 7 максимум 10 дена

Дозволени намирници:
-телешко и говедско (филе)
-пилешко и мисиркино(гуска и патка не) без кожа
-салама од пилешки гради и шунка од мисирка
-морски плодови и риба (може и конзерва, но да биде во саламура, не во масло)
-јајца: белките неограничено, жолчки дозволено до 4 неделно
-млеко и јогурт со низок процент на маст,
- посно сирење

Подготвување на храната: се пече во тефлонски садови или на скара или во рерна или се вари
Значи: ПРЖЕЊЕ НЕМА!
Во оваа фаза не се препорачува вежбање. Треба да се јаде обилно и да не се прескокнуваат оброците.
Не смее да се користи масло или маргарин при подготовка на јадењата, не се додава шеќер, овошје или сируп, не се користи кечап, се редуцира солта.
Дозволено е користење на зачини, оцет, кромид, лук, магданос, мајчина душичка, сол и сенф (сенфот многу го подобрува вкусот).

Може да се јаде во неограничени количини кога ќе се почувствува глад. Се пие многу вода, и пожелно е да се пијат витамниски апчиња.

Јадењето само протеини може да предизвика запек, па се препорачува навечер да се земе филџан јогурт со овес (така го преведува гуглтранслејт, на германски се вика Haferkleie).

Втората фаза е слична како првата, само се додава зеленчук. И јадеш 5 дена протенини со зеленчук, 5 дена само протеини додека не ја постигнеш саканата тежина.
Дозволени намирници кои се додаваат на оние од првата фаза се:
Домати, краставици, ротквица, спанаќ, брокула, праз, зелка, габички, целер, коморач, тиквички, патлиџан, пиперка, зелена салата, морков, репка.

Забранети намирници:
Ориз, компир, пченка, грашок, грав и леќа.
Масло и понатаму не смее да се користи, може да се користат тн. dressing без маснотии (сок од лимон, јогурт, зачини, оцет).
Трета фаза
Нејзиното траење се пресметува на слениот начин: бројот на изгубените килограми се помножува со 10 и толку дена ќе трае оваа фаза.

Се јаде како и во претходната фаза и се додава следнови:
-1 овошка дневно, но не банана, грозје, цреши, ореви, бадеми, лешници
- 2 парчиња леб од интегрално брашно
- до 400 гр сирење дневно
- 2х неделно оброк од скроб (тестенини, ориз и сл.), но треба да се избегнува додавањето масло, значи по нашки кажано без запршка
-еднаш или двапати неделно може да се конзумира јагнешко, свинско или шунка
- два оброка по избор што вклучуваат и десерт и вино, но да не бидат во два дена еден по друг

Еден ден во седмицата мора да биде чист протеински, како во првата фаза

Четвртата фаза
Одберете еден ден во седмицата кој ќе ви биде чист протеински, а другите денови јадете што сакате. Тоа трае до крајот на животот :)))[DOUBLEPOST=1401459911][/DOUBLEPOST]Мое искуство во врска со Дукан:

Уште на вториот ден почна да ми се гади од посното сирење и од варените јајца. Имав вртоглавици, гадење и почна да ме боли главата. ДОмаќинот вели дека тие што не биле на ваква диета никогаш, ги имаат тие симптоми и дека треба две три недели да се навикне мозокот дека нема шеќер. Мене тоа ми беше долго, па апнав една бонбона и мислам дека ми се раздени!

Е сега, бидејќи тој е на онаа протеинската, јас готвам само посно, а си јадам сладолед од време на време или коцка - две чоколадо. Правев и слатки работи со стевија, ама баш имаа вкус на вештачко благо, па одлучивме кој кога има криза да си апне вистински шеќер.

Инаку организмот многу бргу се навикнува да не му треба слатко, значи ниту јас ниту тој не се тресевме за благо.
[DOUBLEPOST=1401783715][/DOUBLEPOST]
Зошто не се препорачува домат овде?


Внимателно ја следам темата инаку. Треба да скинам некое килце од зимата.

Доматите немаат шеќери, но тие понатаму се додаваат. Мене ми беше идејата да постирам што сум испробала од рецептите за првата, протеинската фаза, затоа што изборот е многу мал.
Се’ се врти околу пилешкото и рибите. :)
 
До сите што сакате да постирате на темата: во рецептите би требало да има протеини, минимум масти, а јаглените хидрати да бидат влакна, а не шеќери.

Ова не е тема за салати за мезе. Темата е како да се направат јадења кои ќе бидат вкусни за тие што се на диета
. :)

Еве, кај Сунѓерот БоБ:



Еве оваа салата е ОК, ако :
  • сирењето е посно
  • без домати
  • без грашок
  • кромид може и тоа една глава
  • јогурт со мал процент масти


Кај Медмен:



Салатата е ОК ако:

  • туната е во саламура, т.е. во вода
  • без домати
  • 1 кромид
  • без боранија

Се извинувам но морам да те корегирам....боранијата, грашокот, гравот и сите мехунарки во својот состав вклучуваат протеини.....за вегетеријанците и веганите може да се каже дека мехунарките се единствениот извор на протеини

разликата меѓу протеините од животинско и растително потекло е тоа што животинските протеини се целосни, додека растителните протеини се нецелосни и потребно е да се искомбинираат неколку растителни извори на протеини за да се задоволат потребите на организмот

....во секој случај, месото и јајцата се најдобар извор на протеини , но за луѓе со специфичен начин на исхрана и мехунарките вршат работа
 
Се извинувам но морам да те корегирам....боранијата, грашокот, гравот и сите мехунарки во својот состав вклучуваат протеини.....за вегетеријанците и веганите може да се каже дека мехунарките се единствениот извор на протеини

разликата меѓу протеините од животинско и растително потекло е тоа што животинските протеини се целосни, додека растителните протеини се нецелосни и потребно е да се искомбинираат неколку растителни извори на протеини за да се задоволат потребите на организмот

....во секој случај, месото и јајцата се најдобар извор на протеини , но за луѓе со специфичен начин на исхрана и мехунарките вршат работа

Сори, сосема ги сметнав од ум вегетеријанците. :oops: Не би знаела да кажам што би јаделе тие ако се на Дукан. Мехунарките имаат шеќери, затоа се избегнуваат во почетокот, т.е. во првата и во втората фаза.
 
Ролат со мелено месо и јајце
500 гр. мелено мешано месо (повеќе јунешко, помалку свинско)
1 лажичка вагета
1 јајце
оригано
црн пипер
вагета
1/2 главица кромид
трошки леб (јас сакав без леб ама додека се свртам сестра ми изронила помалце од 1/2 кришка, демек за да не се ронело месото, лебот ги држел заедно состојките)
3 варени јајца

Подготовка
Го мешате месото со зачините, јајцето и изренданиот кромид.
Ги варите јајцата (5 мин откако ќе заврие водата)
Го ставате месото на поголемо парче фолија (намрсете ја со 2 капки зејтин, ама само 2 :) )
Го распоредувате месото во вид на коцка - правоаголник со дебелина од 1 цм
На вашиот крај ги редите јајцата едно до друго, и со помош на фолијата виткате ролат.
Свитканата фолија ја ставате во тава за печење, додавате филџан за кафе вода
Печете 40 мин на 200 (мислам) или додека не е убаво испечено

IMG_20140604_215209_113.jpg

сори фор д потејто....
 
Лепчиња од пченични трици

Еве го оригиналниот рецепт, а еве како ги правам јас.

Потребно е:

  • 8 лажици пченични трици
  • 4 лажици овесни трици (ако ги нема, може и само со пченични)
  • 2 јајца
  • 1 јогурт (треба лајт, ама јас земам 2,8% и го разредувам со вода)
  • половина прашок за пециво
  • малку маслиново масло
  • сол, лук во прав
Сето тоа се замешува, мене ми излегува многу течно и го ставам (со лажица) едно по едно, на хартија за печење во тепсијата. Се пече во загреана рерна на 180 степени и се пече 20-30 минути.
Откако ќе ги извадите од рерната, покријте ги со крпа, нека се задушат малце и после „одлепете“ ги винмателно од хартијата за печење.
Чувајте ги во пластична кутија, да не се исушат.


Слика пред печењето:

IMGP1286.JPG

Еве ги испечени:

IMGP1307.JPG

Може да си правите сендвичи со сирење, зелена салата, пилешка шунка, сенфче...

Кога сум на пат, ги заменувам со ова:
http://www.vitalia.com.mk/zitni-snegulki-mk-ns_article-orizovi-galeti-zitni-snegulki.nspx

Тие се од ориз и не се толку добри како лепчињата од пченични трици.[DOUBLEPOST=1402057135][/DOUBLEPOST]Мусака со тиквички

Потребно е:

  • 3 тиквички (понекогаш 4, зависи од големината)
  • 400 грама мелено месо од мисирка или пилешко (јас ставив 250 и ми беше малку, ама така ми е пакувано во длабокото)
  • 3 јајца
  • 150 мл јогурт (тоа е повеќе од око)
  • малку маслиново масло
  • сол, црн бибер, црвен пипер, зачин по вкус (јас имам чубрика (y))


Тиквичките се лупат и се сечат на тенки кругови и се редат во тепсија обложена со фолија еве вака: IMGP1434.JPG
Месото се меша со со едно јајце, се ставаат и зачините и се истура врз тиквичките. Се разнесува рамномерно и врз него се реди вториот ред тиквички.
Се става малку маслиново масло одозгора и се пече во загреана рерна на 180 степени, цца пола саат.

Се замативаат две јајца и јогурт, се става сол, лук во прав (по желба)

Тиквичките се вадат од рерната и се полеваат со оваа смеса и се печат уште 20-30 минути.

Вкупно се пече 1 час и треба да изгледа вака:

IMGP1445.JPG
Истиот рецепт може наместо со месо, да го направите со сирење, т.е. урда.
И ќе ви излезе вака:

IMGP1295.JPG
 
Последно уредено:
Ај малце да ја заживееме темата

Мафини со екстракт од ванила

2 јајца
6 лажици Oat Bran
6 лажици јогурт со мала масленост (јас користев 0,9%)
1 мала лажичка пециво
1 мала лажичка екстракт од ванила (јас ставив 2, зошто лаком газ трагедија :) )
засладувач по желба (растворив 6 апченца Натрен во една мала лажичка вода, ама многу благи се, значи 3-4 Натрена се доволни)

Се матат јајцата со маталка, се додаваат останатите состојки, се меша до хомогена смеса.
Се полнат хариените корпички со смесата и се пече (15-18 мин на 180 степени целзиусови)

Е сега не ставам слики, зошто моите наместо мафини, излегоа како тесто за торта. Се разлеа се и се спои на средина :D

А треба да изгледаат вака.

-5.jpg


Мојот проблем беше што од таа смеса треба да се наполнат само 6 хартиени големи корпички, но јас импровизирав со тоа што го имам и кај мене излегоа 14 мали корпички (не пробувајте со мали корпички, како бисквити излегуваат)

Ај кога ќе ми се погодат ќе постирам и јас слики.

Неса аут...
 
Како што ветив
МАФИНИИИИИИИИИИ...
Значи направив 2 тури. Солени и благи. Рецептот е ист како погоре, само во солените наместо ванила и натрен, додадов сецкани пилешки гради и лажица доматно пире.
Солените се украсени со павлака со мала масленост и копар

m1.jpg
m2.jpg

Благите се украсени со цимет ....
m3.jpg
m4.jpg

Неса аут... :D
 
Лепчиња од пченични трици

Еве го оригиналниот рецепт, а еве како ги правам јас.

Потребно е:

  • 8 лажици пченични трици
  • 4 лажици овесни трици (ако ги нема, може и само со пченични)
  • 2 јајца
  • 1 јогурт (треба лајт, ама јас земам 2,8% и го разредувам со вода)
  • половина прашок за пециво
  • малку маслиново масло
  • сол, лук во прав
Сето тоа се замешува, мене ми излегува многу течно и го ставам (со лажица) едно по едно, на хартија за печење во тепсијата. Се пече во загреана рерна на 180 степени и се пече 20-30 минути.
Откако ќе ги извадите од рерната, покријте ги со крпа, нека се задушат малце и после „одлепете“ ги винмателно од хартијата за печење.
Чувајте ги во пластична кутија, да не се исушат.

Ланге абе ова многу течно излезе. 1л. јогурт ставив, толку ли треба?
 
Ланге абе ова многу течно излезе. 1л. јогурт ставив, толку ли треба?

Ох, не. Еден мал јогурт. Стави му уште трици, ќе имаш за повеќе време. Истури го целото да се пече, како тесто за торта, па ќе си го сечеш на коцки, да не мора да печеш повеќе тури.
 
Ох, не. Еден мал јогурт. Стави му уште трици, ќе имаш за повеќе време. Истури го целото да се пече, како тесто за торта, па ќе си го сечеш на коцки, да не мора да печеш повеќе тури.
хахахах, ми текна и направив дупла доза додадов пченични и овесни трици. Не знам дали да додадам уште 1 јајце.[DOUBLEPOST=1408989920][/DOUBLEPOST]Сендвич со рибчиња и лепчиња од пченични трици
Лепчињата се прават како што има напишано Лангелина погоре, само со 1/2 л. јогурт. :D

Печени рипчиња со оцет

Се одмрзуваат и се мијат убаво рипчињата. (јас земав замрзнати белвици, и ставив пола пакување)
Се додава малце маслиново масло, сол, црн пипер (др. зачини по желба) и филџан за кафе вински оцет.
Се печат, додека не испари оцетот или на вкус се готови (Јас ставив многу оцет, па беа готови па го цедев оцетот на крај)


Сликата е страшна, зошто сум многу јак фотограф, но сепак ...

IMG_20140825_195842_195.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Here we go again
Мафини од мелено месо

300 гр. мелено јунешко
2 јајца
магданос
оригано
сол
црн пипер
1 главица кромид
лажичка сенф
малце овесни трици (1 лажиче)

Се меша се како смеса за ќофтиња, се става во калапи и се пече во претходно загреана рерна. :*

ПРЕД

IMG_20141022_192734_612.jpg

ПОТОА

IMG_20141022_202846_426.jpg

Пак моите фотографски способности се беспрекорни ...
 
Полнети пиперки со урда (дукан френдли)

Потребно е :

  • урда
  • јајце 1-2
  • лук во прав
  • сол, бибер,
  • пиперки
  • маслиново масло
Се меша урдата со јајцето и со зачините и се полнат пиперките. Се редат во тепсија, се капнува малку маслиново масло и се стават да се печат.
 
Here we go again
Мафини од мелено месо

300 гр. мелено јунешко
2 јајца
магданос
оригано
сол
црн пипер
1 главица кромид
лажичка сенф
малце овесни трици (1 лажиче)

Се меша се како смеса за ќофтиња, се става во калапи и се пече во претходно загреана рерна. :*

ПРЕД

Прегледај го приврзокот 105236

ПОТОА

Прегледај го приврзокот 105237

Пак моите фотографски способности се беспрекорни ...


Ова го направив излезе превкусно. И доста интересно како мафини.

Незнам дали ви се поклопуваат сите состојки со рецептов али ќе ви споделам:

Две тиквички претходно ги сечете на половина по должина и им го вадите средишниот дел со лажичка и ги обарувате. Пилешкото месо на ситни коцкички јас го пржам, вие може да го варите и да додадете зачини кои одат со Дукан. Јас ги пржам и додавам вегета, лажичка сенф и малку кечап. Од кога ќе се запржи ја додавам средината од тиквичките уште неколку минути. На крај ја додавам павлаката.

Со ова ги полнам обарените тиквички и ги ставам во релна на некои си 15/20 минути да заруменат.

Ова се јаде со кисело млеко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom