Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
[DOUBLEPOST=1401783715][/DOUBLEPOST]Неса, со ДУкан диетата се симнуваат многу бргу килограмите. Важное да се тера до крај, за да не се вратат.
Првата фаза не смее да биде подолга од 10 дена. Ако сакаш да ослабиш:
- 4 -5 kg – 2 дена
- 9 kg – 3 дена
- 18 kg – 5 дена
- 18 kg па нагоре – 7 максимум 10 дена
Дозволени намирници:
-телешко и говедско (филе)
-пилешко и мисиркино(гуска и патка не) без кожа
-салама од пилешки гради и шунка од мисирка
-морски плодови и риба (може и конзерва, но да биде во саламура, не во масло)
-јајца: белките неограничено, жолчки дозволено до 4 неделно
-млеко и јогурт со низок процент на маст,
- посно сирење
Подготвување на храната: се пече во тефлонски садови или на скара или во рерна или се вари
Значи: ПРЖЕЊЕ НЕМА!
Во оваа фаза не се препорачува вежбање. Треба да се јаде обилно и да не се прескокнуваат оброците.
Не смее да се користи масло или маргарин при подготовка на јадењата, не се додава шеќер, овошје или сируп, не се користи кечап, се редуцира солта.
Дозволено е користење на зачини, оцет, кромид, лук, магданос, мајчина душичка, сол и сенф (сенфот многу го подобрува вкусот).
Може да се јаде во неограничени количини кога ќе се почувствува глад. Се пие многу вода, и пожелно е да се пијат витамниски апчиња.
Јадењето само протеини може да предизвика запек, па се препорачува навечер да се земе филџан јогурт со овес (така го преведува гуглтранслејт, на германски се вика Haferkleie).
Втората фаза е слична како првата, само се додава зеленчук. И јадеш 5 дена протенини со зеленчук, 5 дена само протеини додека не ја постигнеш саканата тежина.
Дозволени намирници кои се додаваат на оние од првата фаза се:
Домати, краставици, ротквица, спанаќ, брокула, праз, зелка, габички, целер, коморач, тиквички, патлиџан, пиперка, зелена салата, морков, репка.
Забранети намирници:
Ориз, компир, пченка, грашок, грав и леќа.
Масло и понатаму не смее да се користи, може да се користат тн. dressing без маснотии (сок од лимон, јогурт, зачини, оцет).
Трета фаза
Нејзиното траење се пресметува на слениот начин: бројот на изгубените килограми се помножува со 10 и толку дена ќе трае оваа фаза.
Се јаде како и во претходната фаза и се додава следнови:
-1 овошка дневно, но не банана, грозје, цреши, ореви, бадеми, лешници
- 2 парчиња леб од интегрално брашно
- до 400 гр сирење дневно
- 2х неделно оброк од скроб (тестенини, ориз и сл.), но треба да се избегнува додавањето масло, значи по нашки кажано без запршка
-еднаш или двапати неделно може да се конзумира јагнешко, свинско или шунка
- два оброка по избор што вклучуваат и десерт и вино, но да не бидат во два дена еден по друг
Еден ден во седмицата мора да биде чист протеински, како во првата фаза
Четвртата фаза
Одберете еден ден во седмицата кој ќе ви биде чист протеински, а другите денови јадете што сакате. Тоа трае до крајот на животот))[DOUBLEPOST=1401459911][/DOUBLEPOST]Мое искуство во врска со Дукан:
Уште на вториот ден почна да ми се гади од посното сирење и од варените јајца. Имав вртоглавици, гадење и почна да ме боли главата. ДОмаќинот вели дека тие што не биле на ваква диета никогаш, ги имаат тие симптоми и дека треба две три недели да се навикне мозокот дека нема шеќер. Мене тоа ми беше долго, па апнав една бонбона и мислам дека ми се раздени!
Е сега, бидејќи тој е на онаа протеинската, јас готвам само посно, а си јадам сладолед од време на време или коцка - две чоколадо. Правев и слатки работи со стевија, ама баш имаа вкус на вештачко благо, па одлучивме кој кога има криза да си апне вистински шеќер.
Инаку организмот многу бргу се навикнува да не му треба слатко, значи ниту јас ниту тој не се тресевме за благо.
Зошто не се препорачува домат овде?
Внимателно ја следам темата инаку. Треба да скинам некое килце од зимата.
До сите што сакате да постирате на темата: во рецептите би требало да има протеини, минимум масти, а јаглените хидрати да бидат влакна, а не шеќери.
Ова не е тема за салати за мезе. Темата е како да се направат јадења кои ќе бидат вкусни за тие што се на диета.
Еве, кај Сунѓерот БоБ:
Еве оваа салата е ОК, ако :
- сирењето е посно
- без домати
- без грашок
- кромид може и тоа една глава
- јогурт со мал процент масти
Кај Медмен:
Салатата е ОК ако:
- туната е во саламура, т.е. во вода
- без домати
- 1 кромид
- без боранија
Се извинувам но морам да те корегирам....боранијата, грашокот, гравот и сите мехунарки во својот состав вклучуваат протеини.....за вегетеријанците и веганите може да се каже дека мехунарките се единствениот извор на протеини
разликата меѓу протеините од животинско и растително потекло е тоа што животинските протеини се целосни, додека растителните протеини се нецелосни и потребно е да се искомбинираат неколку растителни извори на протеини за да се задоволат потребите на организмот
....во секој случај, месото и јајцата се најдобар извор на протеини , но за луѓе со специфичен начин на исхрана и мехунарките вршат работа
Лепчиња од пченични трици
Еве го оригиналниот рецепт, а еве како ги правам јас.
Потребно е:
Сето тоа се замешува, мене ми излегува многу течно и го ставам (со лажица) едно по едно, на хартија за печење во тепсијата. Се пече во загреана рерна на 180 степени и се пече 20-30 минути.
- 8 лажици пченични трици
- 4 лажици овесни трици (ако ги нема, може и само со пченични)
- 2 јајца
- 1 јогурт (треба лајт, ама јас земам 2,8% и го разредувам со вода)
- половина прашок за пециво
- малку маслиново масло
- сол, лук во прав
Откако ќе ги извадите од рерната, покријте ги со крпа, нека се задушат малце и после „одлепете“ ги винмателно од хартијата за печење.
Чувајте ги во пластична кутија, да не се исушат.
Ланге абе ова многу течно излезе. 1л. јогурт ставив, толку ли треба?
хахахах, ми текна и направив дупла доза додадов пченични и овесни трици. Не знам дали да додадам уште 1 јајце.[DOUBLEPOST=1408989920][/DOUBLEPOST]Сендвич со рибчиња и лепчиња од пченични трициОх, не. Еден мал јогурт. Стави му уште трици, ќе имаш за повеќе време. Истури го целото да се пече, како тесто за торта, па ќе си го сечеш на коцки, да не мора да печеш повеќе тури.
Here we go again
Мафини од мелено месо
300 гр. мелено јунешко
2 јајца
магданос
оригано
сол
црн пипер
1 главица кромид
лажичка сенф
малце овесни трици (1 лажиче)
Се меша се како смеса за ќофтиња, се става во калапи и се пече во претходно загреана рерна. :*
ПРЕД
Прегледај го приврзокот 105236
ПОТОА
Прегледај го приврзокот 105237
Пак моите фотографски способности се беспрекорни ...