Рецепти од соковник

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Ќе може ли некои рецепт за некој сок да направам од соковник.
Кои рецепти ги правите и мешате?
 
Лимон, цвекло и морков.... и потоа додади мед..... мераци :love:
 
Лимон,јаболко,цвекло,морков и мед нема боље
 
Мразам цвекло. :sick:
Некои без цвекло?
А ова и со мед првпат слушам дека се меша.
 
Мразам цвекло. :sick:
Некои без цвекло?
А ова и со мед првпат слушам дека се меша.
Јаболко и морков, лимон и портокал, морков и брокула... :)
 
Моментално мешам јаболко, портокал и моркови и понекогаш додавам киви или марула, зависно што имам дома.
 
Еден совет од мене, фрлете тоа соковниците и земете блендери. Соковникот фрла голем дел од овошјето или зеленчукот, а голем дел од витамините се наоѓаат во она што се фрла. Секој ден си правам по некој сок во блендер, повеќе му доаѓа како каша ама ќе ставите вода и е таман. Плус ме најадува. Си правам со било што, цвекло, јаболко, портокал или банана, јаболко, портокал, киви и некогаш ставам смрзнати малини или капини (зависи што имам дома) и многу е добро.
Пробајте некогаш со блендер, бар знаете дека секое витаминче сте го испиле, а ништо не сте фрлиле.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 09:39 ---
Еве некои добри рецепти :)
 
3 кг портокал и мраз, совршенство.
 
Jaс досега само со морков и јаболко имам пробано. А пред да го земам соковникот леле леле секој ден ќе правам, секој ден ќе експериментирам.
Тибам желбата што ми помина за нецела недела. (n)
 
Правев од јаболко и портокал. Многу е вкусен, нема кому нема да му се допадне.
 
Сега со зимава има и повеќе евтино јужно овошје и време е да го активирам соковникот.

Обично немам еден ист рецепт комбинирам во зависност од намирниците. Најчесто правам со:

Боровинке една шака, 2 портокали, 2 јабуки, 1-2 киви, и 1 лимун. Малиот највеќе ја пие оваа комбинација или нешто искомбинирано од ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom