Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Нели се предлагаше секој газда на кафич да си одлучи дали во неговиот кафич ќе се пуши или не, до каде стаса тој предлог (во собрание) ???
 
Ти едноставно не сфаќаш дека секој си има право на свој избор. А тоа право, верувај дека многу менува. Ако тој некој не се секира за влијанието шо го предизвикуват цигариите, шо има јас или ти или кој и да е ,да му солиме памет ... џабе ти е. Па ако толку се секираш за своето здравје,не излегувај од дома, на крај краева, сокриј се под стаклено ѕвоно што викаат. Изолирај се комплетно. Не излегувај од дома, престани да се дружиш со сите...
Болестите демнат на секој агол. А ти некој хипохондрик да не си :smir:
Добро бе девојче, кој ти вели дека немаш право на избор?

Тебе можеби не ти е грижа за здравјето или можеби не си сосема информирана... како и да е имаш право да одбереш да не се грижиш за работи како пасивно пушење. Само немој мене да ме нарекуваш хипохондрик затоа што сум направил поинаков избор од твојот.
И зошто да не излегувам? Имам право и сакам да излегувам а и притоа имам право да не вдишувам тутунски чад. Ако веќе има толку работи во врска со здравјето, за кои не можам да не направам компромис ... за оваа работа сега не морам. Законот вели така. :wink:

Инаку кога веќе даваш свое мислење на форум, треба да знаеш дека секој има право да го коментира. Не разбирам зошто те лути тоа...
 
Воопшто не се лутам, далеку од тоа, само гледам дека имаме судир на мислења и за жал не се разбираме :) Далеку од лутење. А за неинформираноста, те молај не повторувај го тоа по 3 пат, пошто веќе 6 години учам медицина така да добро сум запознаена, ако сакаш и на ниво на клетка ќе ти објаснам што се случува :smir:
Поздрав и ја запирам дискусијата тука :)
 
Леле Ванлок многу напињаш. Едностанво сфати дека немаат сите ист став како твојот и заборави дека нешто од она што го пиша како реплика на моето мислење ти држи вода.
Факт е дека премногу слепо се држиш за својот став. Не биди толку ограничен во погледите на светот. Божеееее, дај олабави не сите, те молам.

И стварно извини што не се грижам за моето здравје како што треба и што сум недоволно информиран. Извини што ќе умрам поради сопствена негрижа.
 
Некој тука стварно е напнат... ама не ќе да сум јас. :)

Јас коректно ти напишав што имав.
Ако не ти се допаѓа, добро. Ако мислиш дека сум ограничен, пак добро... твое право.


Имаш право да мислиш и да зборуваш што сакаш а јас имам право да не се сложам со тебе.
Само немој да ме советуваш да одам на „редовни лекарски контроли„ и слични смешки. Ниту ме знаеш лично ниту имаш било какви информации за моја здравствена култура.
Како што Ти (или било кој друг) имаш право да не се согласуваш со (или да ги игнорираш) опасностите што ги носи пасивното пушење, така јас имам право да го правам спротивното.
Тоа кој од нас е во право е веќе друга работа. Можеби тоа што заради ова се носат вакви закони во цел свет (во оваа или онаа форма) е факт сам по себе...


П.С. Ти барем, како модератор, ги знаеш можностите на кодот што стои позади форумов. Кој не сака да ме чита поради било која причина, може да ме додаде во листа за игнорирање... и завршена работа, не мора да ме чита, уште помалку да ми одговара.
Не кршам ниедно правило на форумов, зошто и со кое право бараш да не пишувам?
 
Ванлок, носењето закони е мнооооогу субјектвина работа, посебно кај нас.
И ти не знаеш никого лично од форумов каков човек е и што е за да си дозволиш толку гневен однос према сите пушачи.
Не побарав да не пишуваш, туку да не напнуваш дека си во право.
Две спротивставени страни се тераат на темава, и факт е дека ниту ти нути било кој друг не може да го убеди оној од спротива во своето.
 
Ванлок, носењето закони е мнооооогу субјектвина работа, посебно кај нас.
И ти не знаеш никого лично од форумов каков човек е и што е за да си дозволиш толку гневен однос према сите пушачи.
Не побарав да не пишуваш, туку да не напнуваш дека си во право.
Две спротивставени страни се тераат на темава, и факт е дека ниту ти нути било кој друг не може да го убеди оној од спротива во своето.

RESPECT :) :smir:
 
А зошто не се забрани алкохолот? Па зарем од тоа не умираат луѓе? Ке бидеме исто како земјите од блискиот исток (Кувајт и Ирак на пр.). Мене како новопечен анти-алкохоличар (нели пиењето не оди без цигара) ми сметаат пијаните луѓе кои ме смараат. Посебно оние пијани непушачи кои и во пијана состојба пробуваат да ме убедат дека законот за непушење е добар и недискриминирачки.
Хипохондрици од сите земји-обединете се.
 
Неколку страни поназд пишав дека веќе нема да пишувам за темава али морам да те прашам тебе ГОСПОДИНЕ Vanlok Кој и колку те плаќа да го браниш овој идиотски „изум“ за десоцијализација на луѓето наречен „Закон против пушење на јавни места“?:toe:
 
Или е платен да биде ладнокрвен S.O.B. (пошто во неговите постови не осетив емоција, страст) или е од оние што уживат на сите да му одат на жегал или пак у реалниот живот не пушта глас од себе, па тука се издишува. Еден куп народ помина низ темава само Ванлок е константа, секој на него се спрепнува. Полека темата нема да биде законот, туку зошто Ванлок го бране законот.
 
don-quixote.png


Vanlok!
 
:pos2:Секако дека бирам ама не според критериумот дали е некој пушач или непушач, а ако ти бираш според таков критериум тогаш не ти е лесно:pos2:

Се согласувам:smir: Пушењето не е некоја физиолошка потреба и не треба толку да се потресуваат околу законот.. На крајот на краиштата секој може да се откаже доколку сака, а каква логика е тоа да има локали специјални за пушачи и непушачи, значи ќе треба да бираме со кого да се друшиме и излегуваме:pos2:
Незнам зошто луѓето не разбираат дека е штетно по здравјето да се биде толку зависен од цигари? И како е можно на нас, непушачите, кафето да ни биде убаво и јадењето да ни е слатко и без цигара? И секако, кај нас парфемите имаат ефект :):smir:

пријателите ги бирам по начинот на размислување и кога ќе излезам со пријател пушач на кафе не сакам на секои 15 минути да станувам од маса и да излегувам надвор за да не го прекинуваме муабетот.
Што е толку комплицирано да има неколку локали каде ќе биде дозволено пушењето, оние на кои им смета чадот не мора да одат по тие места едноставно ќе си излегуваат онаму каде не е дозволено пушењето и каде никој нема да им дува во лице а пушачите да можат раат да си го испијат кафето или алкохолот
 
Или е платен да биде ладнокрвен S.O.B. (пошто во неговите постови не осетив емоција, страст) или е од оние што уживат на сите да му одат на жегал или пак у реалниот живот не пушта глас од себе, па тука се издишува. Еден куп народ помина низ темава само Ванлок е константа, секој на него се спрепнува. Полека темата нема да биде законот, туку зошто Ванлок го бране законот.
Неколку страни поназд пишав дека веќе нема да пишувам за темава али морам да те прашам тебе ГОСПОДИНЕ Vanlok Кој и колку те плаќа да го браниш овој идиотски „изум“ за десоцијализација на луѓето наречен „Закон против пушење на јавни места“?:toe:
Слободни сте да си замислувате какви и да сакате приказни.

Не е мој проблем тоа што на вам не ви влегува во глава како е можно некој да го брани овој закон (а да не е платен за тоа). Вашите мислења за мене не ме тангираат на било каков начин. Све што ме интересира од вас е што имате да кажете на темата.
Во моето повеќегодишто искуство со пушачи од секаков вид навикнат сум на се и сешто, едноставно така реагираат зависниците кога се спречени во практикувањето за зависноста.
На страна зависниците, кога веќе ќе се изгубат сите аргументи во една дискусија, па и ваква на прилично ниско ниво, она што му останува на оној што не сака да се соочи со реалноста е да ја нападне личноста на дискутантот одспротива.

Епа господа, да ве подсетам на реалноста.

- Пушењето е штетно по здравјето.
- Пасивното пушење е штетно по здравјето.
- Ширум светот се носат закони како нашиот токму врз основа на овие факти.
(помалку или повеќе слични)

Се додека не ги побиете горенаведениве работи со научни факти џабе ви е се. Законот е закон и ќе го почитувате.
 
- Пушењето е штетно по здравјето.
- Пасивното пушење е штетно по здравјето.
- Ширум светот се носат закони како нашиот токму врз основа на овие факти.
(помалку или повеќе слични)

Се додека не ги побиете горенаведениве работи со научни факти џабе ви е се. Законот е закон и ќе го почитувате.

Јас никаде не видов дека ТИ ги докажа горните работи.
И не вели дека сите знаат
 
Леле Ванлок, објасни ми што е со непушачите кои не го поддржуваат законот?
Освен оној тромавиот факт дека не се доволно загрижени за своето здравје и дека не се доволно информирани за негативните последици од пушењето на оние околу нив.
Ние или сме глупи или реални. Јас би за второто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom