Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Законот си е супер...многу ме израдува...само што ептен ригорозно и наеднаш го воведоа па на луѓево им е чудно. Како и за се друго и тоа е навика, па кога се мора-ќе се може и ќе се навикнеме.
И нема шанси прометот на услужните објекти да е намален 70%-90 или незнам колку% и дека којзнаеколку објекти се затвориле поради законов
 
Јас сум за забрана на пушењето мисе допаѓа што владата проба да биде ригорозна ама ... сепак треба рестораните , кафичите и тн ... да бидат издвоени од овој закон, како што се казината.Или пак како што беше првично проектирано пола ресторан, пушачки пола не, ама не во иста просторија...
Колку што знам, казината не се издвоени од законот. Газдите нормално нешто мрчеа на телевизија ама остана на тоа...

„Поделбата„ што ја предлагаш може да функционира само со мали издвоени и посебно вентилирани простории, внатре во самите локали. Во спротивно им се наштетува на луѓето што мораат по службена должност да се присутни во... димот.
 
Тоа што кафиките биле празни не е никакво алиби за законот. Смешно е да се каже дека економијата била уништена бидејќи на јавни места не се пушеле цигари.
Јасно ми е тоа :) Затоа и го спомнав во моето мислење :)
 
И,се донесоа измени или не?

Не се донесоа промените. Владата е премногу загрижена за нашето здравје за да не испушти од раце.:tapp:
Изгледа ќе станеме здрава, непорочна, шаолинска нација, која не пие, не пуши, а само ќе се ебе (закон за трето дете). :kesa:
 
Не се донесоа промените. Владата е премногу загрижена за нашето здравје за да не испушти од раце.:tapp:
Изгледа ќе станеме здрава, непорочна, шаолинска нација, која не пие, не пуши, а само ќе се ебе (закон за трето дете). :kesa:

Не дозволија на летни тераси и плажи?
 
Не дозволија на летни тераси и плажи?

На вести не слушнав ништо.
А баш се надевав дека барем на лето ќе можам на раат да си го пијам кафето. Вака излегувам во чаршија еднаш или ниеднаш неделно, не е лезет ни пиво ни кафе, пушам само дома или во кола на враќање од работа.
 
Е значи стварно ги поминаа сите граници на толеранција!Последни години ќе им се овие!Гадови неразбрани,просто проширени.
 
Колку повеќе ја следам темава толку повеќе нервоза ми се ствара. :nerv:
 
Колку повеќе ја следам темава толку повеќе нервоза ми се ствара. :nerv:
Зш? Запали си цигарче, сркни кафенце, салеп...уживај :)

Е значи стварно ги поминаа сите граници на толеранција!Последни години ќе им се овие!Гадови неразбрани,просто проширени.
Ја го, од прва рака...извори блиски до...

Собранието на Република Македонија вечерва го изгласа предлог-законот за изменување и дополнувања на Законот за заштита од пушењето, поднесен од пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во прво читање, додека претходно не беа прифатени измените предложени од опозицијата.
Со измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ пушењето ќе биде дозволено на тераса и летни бавчи на угостителските објекти, односно ресторани, кафетерии, кафеани, кафе-барови, отворени летни дискотеки и плажи, во периодот од 1 март до 31 октомври. Во делот каде што ќе биде дозволено пушењето, терасите и летните бавчи нема да смеат да имаат покриви, ниту дополнителна опрема која на објектот ќе му дава затворен карактер.

Измените на опозицијата предвидуваа, како што појасни појасни Владо Бучковски, еден од предлагачите, сопствениците на угостителските објекти со големина до 100 метри квадратни сами да се определат дали објектот ќе биде за пушачи или за непушачи. Доколку објектот е поголем од 100 метри квадратни да има простор за пушачи со европски систем за вентилација. Тие побараа и да може да се пуши секаде на отворено без разлика дали има или нема тенда.

Пратеникот на ВМРО - ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во реплика посочи дека со предложените измени на Законот, Македонија ќе има регулатива како повеќе земји, меѓу кои се Португалија, Франција Велика Британија, Финска, Норвешка, Исланд, Турција... и оти предлогот на СДСМ го има само во четири европски земји, односно во Белорусија, Украина, Молдавија и Косово. Ѓорчев истакна дека со Законот за заштита од пушењето не се забранува правото на избор на пушачите, односно пушачите слободно нека пушат, но истовремено да не ги загрозуваат непушачите.
Извор
 
Да смирам нерви,таман помислив да кревам бунт :)
Сепак Трендо беше во право:Прво ќе донесат ригорозен и сите ќе пцујат влада и после месец два ќе направат измена и сите ќе се клаљаат за тоа колку е добра владата.
Епа во негов стил фала владо што си толку добра и ова чудо ни го дозволи,да не беше ти,ќе исцркавме.
Аицд планирај ја собиранката за мај/јуни некаде :)))
 
Собранието на Република Македонија вечерва го изгласа предлог-законот за изменување и дополнувања на Законот за заштита од пушењето, поднесен од пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во прво читање, додека претходно не беа прифатени измените предложени од опозицијата.
Читај "натпреварот кој повеќе пари ќе испере."
Значи ние пушачите право на слободен живот имаме само пролет и лето.
Интересантно.
Но во секој случај подобро вака отколку никако, што не значи дека им се клањам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom