I nema zakon koj vika deka moras da imas azbesten pokriv....
:smir:
Сигурен си дека власта не мора да ги смени азбестните покриви?
Читај:
Градските власти ќе ги менуваат азбестните покриви на образовните институции што се под нивна надлежност, но стартот на акцијата се' уште е неизвесен.
Инаку, покрај градските власти, на опасноста од азбестот што е вграден во покривите, не само на дел од образовните институции туку и на голем број други установи и индивидуални куќи, досега неколку пати укажуваа и други субјекти. Имено, азбестот, кој е познат како тивок убиец, покрај тоа што има негативно влијание врз животната средина, е најопасен за здравјето на луѓето.
Засега е познато дека во Скопје има и околу 130.000 метри квадратни азбестни покриви на индивидуални домови. На нивните сопственици, како што најавуваа пред една година од Градот, планирано е да им се дадат одредени бенефиции за замената на канцерогените покриви, односно со помош на градските власти да се најдат субјекти кои по поволни услови ќе го извршат отстранувањето на покривите.
цела статија
тука
п.с.Пари од буџет за замена на азбестните покриви се одвојуваат последниве две-три години, а покривите не се заменуваат.Кај се тие пари?:raz:
znaci imas pravo da odberes kaj ke sedis 8 casa???
Се читаш ли што пишуваш пред да стиснеш испрати мислење?
ДОМА МОРАМ ДА СЕДАМ МИНИМУМ 8 ЧАСА, А ВО КАФАНА(ЗА ДА СЕ ИЗЛОЖАМ НА "ОТРОВЕН" ВОЗДУХ ОД ЦИГАРИ) БИРАМ ДАЛИ ЌЕ ОДАМ.
И еве ти за радонот
Радонот е радиоактивен гас без боја, мирис и вкус. Настанува при распаѓање на ураниумот и може да се вовлече во домовите низ пукнатините во темелите или во подрумите на зградите, преку одводите.
Радонот е, исто така, најчест причинител за рак на бели дробови кај непушачите. Изложеноста на радон значително ја зголемува опасноста од рак на бели дробови кај бившите пушачи.
Најновата препорака на СЗО е да во становите се дозволат најмногу 100 бекерели радон по кубен метар, што е за 10 пати помалку од препорачаниот максимум од 1000 бекерели по кубен метар, кој се применува од 1996 – та година.
Поголеми количини на радон се присутни во рудниците, подрумите и одделите за препработка на водата. Количината на радонот во стамбените згради може да се намали со релативно мали вложувања, односно со затворање на пукнатините во темелите на здрадите, на подовите и на зидовите, како и со подобра вентилација.