Reading bingo challenge

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
btb2020_epic_reading_bingo.png

Ќе направам уште еден напор да го раздвижам овој подфорум, така ви го претставувам reading bingo challenge.

Како се добива бинго? Бинго се добива откако ќе бидат исполнети, едно до друго, 9 квадратчиња т.е. предизвици, со книгите кои ги читаме тековно, било тоа ветрикално, хоризонтално или дијагонално.

Откако ќе биде прочитана одредена книга, тука, треба да се напише кој предизвик го исполнувате со таа конкретна книга и истиот да го прешкртате на табелата споделена погоре.

Притоа една книга може да биде искористена само еднаш. Откако ќе биде искористена, не може да се изврши промена.

Централното квадратче означува книга по избор.

Со оглед дека се потребни најмалку 9 прочитани книги, и со оглед на времетраењето да се прочита една книга, предизвиков нека биде отворен една година односно до јуни 2023. :noze:

happy-minions.gif
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
btb2020_epic_reading_bingo_edit_608388395147915.png

1. "Читачот" од Берхард Шлинк
- Убаво добро склопена приказна за истрајноста на љубовта, правната сигурност, правичноста, моралната (карактерна) доследност и човековата упорност. Вook turned movie, и истиот топло го препорачувам.

2. "Криптолог" од Изабела Малдонадо.
- Ужасно лош трилер. Започнувајќи од градењето на приказната до репликите. Психопрофилирањето на убиецот, кое се прави дискретно, многу ми се допадна, а тука се и живописните трауми на агентката Герера, кои имаат психолошка доследност. Тоа би го издвоил, како единственото позитивно, од самата книга. Вook with no romance, нема ни грам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom