Разумот ми вели дека ме љуби, но срцето не

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Ја познавате вообичаената ситуација во која иако кога разумно би размислувале и знаете дека не ве сака, сепак срцето не ви дава да го оставите.
Но што ако, само ако, се најдете во ситуација кога ви ги дал сите можни знаци дека ве љуби, дека сте му се на светот, но сепак, срцето и не ви е така сигурно, едноставно нешто во приказната не ви штима.
Разумот ми вели дека ме љуби, ама срцето не?
:devojce 1:
 
Вакво нешто да помислам би ме натерале само нејасните сигнали кои ми ги праќа. Игрите ладно-топло отсекогаш ме збунувале и не сум можела да ги следам.
Тоа-само ако моите чувства кон него се сигурни, т.е. сигурна сум дека има хемија.

Друго нешто што би ме натерало да се „посомневам“ би биле моите сопствени емоции кон дотичниот. Ако не сум сигурна дека јас го сакам истото што и тој, можам да си направам некое потсвесно филмче дека истото се дешава и од негова страна.
 
~*~

Вакво нешто да помислам би ме натерале само нејасните сигнали кои ми ги праќа. Игрите ладно-топло отсекогаш ме збунувале и не сум можела да ги следам.
Тоа-само ако моите чувства кон него се сигурни, т.е. сигурна сум дека има хемија.

Друго нешто што би ме натерало да се „посомневам“ би биле моите сопствени емоции кон дотичниот. Ако не сум сигурна дека јас го сакам истото што и тој, можам да си направам некое потсвесно филмче дека истото се дешава и од негова страна.

Токму на тоа мислев и јас.
Дека постои веројатност да се убедувам сама себе во нешто за да не се чувствувам виновна кога ситуацијата ќе се реши подоцна со крај.:devojce 1:
 
Те љуби бе... не се секирај :)

Разумот слушај го, срцето лажи :) т.е. што ќе лаже тоа ништо не знае, обично мускулче кое прави тап-туп...

Според ситуацијата која ти ја кажуваш доаѓам во еден заклучок: Ти не го љубиш... двоумењето доаѓа од тебе, а не од срцето...
 
Многу лоша варијанта.
Многу.
Те наведува да мислиш дека не си доволна, дека нешто фали и се прашуваш зошто тоа го чувствуваш кога се е ок и кога нема причина за такви чувства.
А што знам може и да бидеш сигурна во своите чувства кон него, но ете да ти се случи период кога има нешто кое што придонесува да чувстуваш дека чувствата од другата страна се бледи и ли воопшто не постојат.

А може и да се случи ако човек едноставно нема самодоверба и смета дека не е возможно некој да има чувства за него, па затоа се јавуваат такви сомнежи.
 
Во никој случај не би можела да се чувствувам како да не ме љуби.
За срцето е доволно и најситно нешто за да верува во таа љубов, додека е разумот е тој кој многу пати може да направи мучки и да не доведе до двоумење.
Срцето- никогаш! Тоа само може да трпи болка и да чувствуваме празнина поради сите тие “погрешни“ мисли кои ни се вртат во глава...
 
Јас мислам дека срцето треба да ти каже дали те љуби. Како на пример разумски се одлучува дали некој те сака? Правиш сума од што? Избираш некава специјална формула и добиваш апсолутно точен или високо веројатен резултат? Можеш да почуствуваш дали те сака не можеш да знаеш...
 
Епа да речеме, дечко ми ми изгледа некако сомнително ( пу пу, скраја да е ) и јас со разумот навлегувам во секој детал, го мозгам за да дојдам до некое сознание/решение...
Додека за да почувствувам топлина и пеперутки во стомакот доволно е само малку... само малку за да се најдеме на 7мо небо, но и многу брзо да се спуштам на земја доколку разумот ми кажува нешто друго...
 
Јас досега не сум се нашла во ситуација кај шо срцето ми вели дека не ме сака. Пологично ми е разумот та работа да ја речи.
Љубовта можиш само да ја почувствуваш, а со разумот некако ја материјализираш, ја множиш, ја делиш, ја оставаш..
Подразмисли подлабоко, можеби ти си таа што не е сигурна во своите чувства и своите емоции.
 
Епа неможе да не штима доколку не си сигурен во едно од овие две неможеш да се смириш никогаш...затоа отворен и директен муабет е најдобро за разрешување на дилемите
 
Ми се дешава.... По долготрајна и макотрпна анализа на постапки доаѓам до заклучок дека ме љуби... арно ама кога срцето не се баш согласува со заклучоков доаѓа период на двоумење и обиди да се искарам со дотичната личност доколку со текот на времето срцето ми е се победено дека не ме сака... па ке си најдам друг ваљда
 
Интересна и мошне комплексна тема. Секогаш сум го слушала разумот, за секоја потенцијална љубов. И секогаш сум се лажела себеси. Еднаш, одлучив да го послушам срцето, пак се излажав. Мислам дека кога ќе дојде вистинскиот, нема да се меша разумот каде што постои љубовта...:smir:
 
Мене ми се случуваат повремено кратки испади „дека нешто ми фали“ кога ми текнува или дека „не е доволно посветен на мене и на нас, бла бла“ ама после се замислувам и сфаќам дека за да ме трпи некој мора да ме сака вистински:)
 
Си се пронајдов себеси во темава! Како баш се погоди еј
Моментално сум во ваква ситуација, разумот ми вели дека ме сака, по работите што ги направил, (некои), но сепак срцето е тоа што чувствува дали станува збор за љубов или не! Единствено тоа може да осети чиста и вистинска љубов! А моето вели НЕ!:(
 
Зашто идејата ја поистоветувате со разум, а пенисот/вагината со срце?
=/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom