Разумот и возраста

  • Креатор на темата Креатор на темата Raziel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.785
Поени од реакции
8.313
"Реката на почетокот беше мала и претставуваше тенка црта на тек во целиот падински пејсаж,која срамежливо го создаваше својот пат кон океанот.
Дождот беше нејзин ресурс,гравитацијата нејзин мотиватор,а земјата нејзино тло и пречка.
Малата река знаеше дека мора да стигне до океанот и тоа и беше единствениот објектив.Таа за смисла на своето постоење го создаде идеалот да порасне доволно и својот тек да го насочи кон создавање на права линија помеѓу нејзиниот извор и океанот,тргајќи ги сите препреки,со што таа би била поефективна и нејзината цел во перфекција исполнета.

Векови поминаа.Водата паѓаше,коритото стануваше поголемо,се судираше со други текови,за на крај конечно да стигне до океанот.
Но,правата линија никогаш не успеа да ја создаде.Напротив,реката сама по себе стана меандар(река која има корито во форма на S).
Веќе старата река резонираше дека најкраткиот пат помеѓу две точки е обиколниот,што,мора да е точно,затоа што и самата таков создала."

Во младоста,реката не ги познавала пречките пред себе,па си ја симплифицирала задачата.
Во староста,реката не се навратила на компромисите кои попатно морала да ги прави за да стигне до океанот,па ја пресимплифицирала логиката.

Дали првичната констатација дека правата линија на тек од изворот до океанот е точна,или изговорот на еден возрасен ум полн компромиси е всушност реалноста и прагмата,која го дава единствениот реален одговор?
 
Odgovorot na ova prasanje e dosta relativen, zavisen pred se od faktickata sostojba i potencijalot na nasata mala rekicka.
Razvojot i tekot na mladata reka e kontinuirano predusloven od resorsite, gravitacija kako motivator i zemjata, koj so nivnoto krucialno vlijanie go nasocuvaat tekot na mladata reka kon funalnata cel okeanot. Sledejki go kontinuirano razvojot i tekot na rekata nestata dobivaat na dinamicnost i konstanta promena,- i mladata reka ke e konstanto opkruzena od neprevidlivi predizvici se dodeka ne go izgradi subjektivno nejziniot vistinskiot pat kon okeanot. Nejziniot tek znacitelno ke bide predodreden od krucijalnite promeni vo tekot na nejziniot posledovatelen razvoj i tek kon finalnata cel.
So ogled na toa sto sekoja mlad izvor si go izbira svojot tek i pat po koj ke uspee da stigne do svojata konecna cel, mozam da kazam deka i dvata odgovori se dosta relativni i zavisni od mnogu ostanati faktori koj vlijaat vrz formiranjeto na rekata i nejziniot pat.

No koga bi razmislile apstraktno, zarem finalniot ishod mora li da bide da taa nasa malata rekicka uspee da se sliva vo okeanot, zarem ne bi bilo prekrasno dokilku prirodata bogato ja nagradi mladata reka i ja napravi takva ubavica so neverojaten potencijal sto ke sozdade zavist kaj ostanatite reki koj se slivaat kon istiot okean na beskonecnosta i gi natera niv da se absorbiraat vo ovaa nasa mlada reka koja so neverojata brzina i kapacitet se razviva vo kralicata na taa nasa planina?!?! I so znacitelno posilen, povlijatelen, poobemen protok se spusta vo toj golem okean na razumot??
 
Како беше она...Не сум толку млад, за да знам се. :)
Би додала и...Не сум толку млад, за да можам се.

Младоста го има ветувањето за живот кој чека и е спремен да ги истури пред нејзините нозе своите прилики.
Староста пред себе има ветување на крај.

Младоста не е нагрдена од искуствата на болка и неуспех. И кога ги има, сеуште не се врежуваат како шеми и кочници во потсвеста.
Староста, пак ги има тие шеми, и ги нарекува искуство, мудрост, разум. За да ја предупредат...и закочат.

Од биолошки аспект, знаеме дека неуронските врски во мозокот, со годините се прекинуваат. Односно, се раѓаме со огромен број на истите, за веќе на дванаесет/тринеасет години, нивниот број да се преполови (во зависност од тоа какви активности доминантно упражњаваме). Ваквиот процес продолжува и понатаму со годините, повторно во зависност од тоа кој центри од мозокот, и за што, најмногу ги користиме.
Поинаку, што повеќе старееме, и што повеќе се ограничуваме на одредени области и активности, мозокот се повеќе се "затупавува" за поинаквите, новите.
Економичен орган:)

Од друга страна, неуролозите велат дека меморијата, когнитивни способности и сличните мозочни активности, докажано не опаѓаат со возраста. Само ние одбираме да ги запоставиме и деградираме.

И конкретно во склоп со темава...Самите ние се ограничуваме во некогаш доживеани искуства и осознаени факти, отфрлаќи ги другите како невозможни. Самите ние, за да не ги срушиме ѕидовите на егото кои толку грижливо ги градиме, велиме дека реката и онака никогаш не би можела да биде права и најразумно е да си остане крива.
Идјеата за права, и онака била само луд сон на арогантната младост.

А, тоа не е разумност. Не е мудрост. НЕ е реалност.
Само страв.
 
На младоста и е дозволено да греши,на староста не.Во младоста е попаметно да се сонува ,во староста да се евоцираат спомени.:)

Малата река мисли дека е изводливо да го конструира своето течение во вид на права линија,но малата река не знае дека постојат надворешни фактори како релјефот на земјиштето,климата,поземни води и сл. кои мора да предизвикаат извесни закривувања на таа утопистичи заснована идеја за праволиниски пат.И нормално е да не знае,но ќе научи и ќе го прифати тоа,ако сака да стигне до океанот.Ако не ќе прекини на првата препрека и нејзината тврдоглава права линија ќе остане премногу кратка.Да ги оствари двета идеали,да биде права и да стигне до океанот е поприлично амбициозна и неостварлива цел,па со тек на време ќе свати дека мора да избере меѓу двете опции.

Сметам дека мудроста доаѓа со искуството и дека не постои повредна лекција од онаа што ја дава животот.Но не постои ништо апсолутно,па ни искуството не би требало да диктатор на нашето идно поведение,туку само показател и помошник.
 
На младоста и се препуштаат грешките , на староста и се препуштаат последиците. :smir:

Инаку токму така како што кажа Рената , мудроста доаѓа со искуство меѓутоа има некој кој на 18 години имаат поминато многу повеќе од некој на 50 години...Сепак , релативно е.
 
Дали првичната констатација дека правата линија на тек од изворот до океанот е точна,или изговорот на еден возрасен ум полн компромиси е всушност реалноста и прагмата,која го дава единствениот реален одговор?
Првенствено не верувам во идеологијата на реален или вистински одговор, човекот како субјективно суштество е ставен како главниот објект во темата и е апсолутно невозможно да се добие една слика, затоа што секоја сама по себе ќе биде искривена, испревртена и полна со бои кои што не се препознаваат од сечие око, но, тоа настрана. :)

Општо верување во општеството е дека човекот го добива искуството со текот на годините, а неговата логика се изострува исто така низ процесот на стареење за тој да може полесно да се носи со ударите на судбината и поедноставно да ги прифаќа решенијата и одговорите на веќе одамна познатите прашања за кои што додека бил млад имал оптимизам да ги победи, а не да ги реши.
Според мене нема тоа некоја посебна поврзаност со степенот на рационализација или стратификација, сите стануваме уморни кога ќе добиеме премногу удари, она што не прави Амазон а не Бабуна е колку силно ќе вратиме и дали ќе дозволиме да бидеме скршени од страна на кривата линија која што требало да биде права.
А и сфаќањето за крива и права е релативно, како што далтонистот не може да разбере базична разлика помеѓу одредени бои.Кога не постои објективноста, не постои и неправилниот тек на реката сама по себе, што значи остануваме само со нашиот суд произлезен од нашата перцепција која што одлучува колку логиката ќе биде симплифицирана во однос на годините или обратно.
Ахил секогаш ќе биде зад желката исто како што стрелата никогаш нема да ја достигне целта. :)
 
Back
На врв Bottom