Разговор на кафе...

  • Креатор на темата Креатор на темата Ultimate'
  • Време на започнување Време на започнување

Ultimate'

Диктатор
Член од
23 октомври 2007
Мислења
118
Поени од реакции
9
Што разговарате најчесто кога сте на кафе со дечко девојка симпатија и.т.н :) Е сеа незнам дали темава е за овде али...
 
Обично разговарам за се’. Секогаш се трудам да дознаам што повеќе за неа, а сепак ја да си останам прикриен односно за мене да знае само онака основни информации. Така е поинтересно. Бидејќи колку си потаинствен се’ повеќе ќе сака да се среќава со тебе и да открива некои нови нешта за тебе. Сеа па ти немој ни името да не и го кажеш. ;)
 
Дај жити се,кај ќе најдеш човек, што има муабет кој што "најчесто го прави кога е на кафе" ???

Ако е за така тој човек би бил жива досада,никој не би сакал да си тепа време,за исти муабети да слуша:icon_lol:

А ако преку темава бараш совет,за тоа каков муабет да и направиш на твојата симпатија(која изгледа имаш прилика да ја викнеш на кафе:))....е тогаш потруди се да не глумиш префинетост,и да не делиш комплименти ко некој манијак....биди си истиот ко да седиш со другарите,само за нијанса по отмено....бидејќи подобро е да те запознае по твоето најприродно однесување,отколку да створиш лажна слика за себе.
 
Што разговарате најчесто кога сте на кафе со дечко девојка симпатија и.т.н :) Е сеа незнам дали темава е за овде али...
Најчесто за глобалната геополитичка состојба и состојбата на блискиот исток, а во последно време доста често и за кулминацијата на состојбата во Косово, како и хипокризијата и безизлезноста во која е западнато нашето општество.
 
бош муабети :) почнуваш со бош тема, завршуваш со бош тема ..

се повлече и некој виц, троа ..
 
па коа ке искочиш на кафе со симпатијата, најдобро е да разговараш за спорт, и тоа за било кој, футбал кошарка било кој спорт што го сакаш и она што го сака
 
Што разговарате најчесто кога сте на кафе со дечко девојка симпатија и.т.н :) Е сеа незнам дали темава е за овде али...
Што е толку битно што разговарам? Приватни работи. Абе само да се отворало безвезе теми.

бтв.ме изненади темава што е отворена во љубов и секс...
 
За секс разговараме,кога сме имале последен пат, како било и кога ќе имаме нареден пат и што ќе смениме.
 
Воениот конфликт во Либија, вооружениот судир во Сирија и можноста на Американците да интервенираат таму, после можеш да преминеш на масоните и нивното влијание врз светов па после ситуацијата на северот на Косово.. за крај сврти малце на нуклеарна физика. Тоа е тоа :ROFLMAO:
 
Најчесто за глобалната геополитичка состојба и состојбата на блискиот исток, а во последно време доста често и за кулминацијата на состојбата во Косово, како и хипокризијата и безизлезноста во која е западнато нашето општество.
добар си ама не може секогаш за музика да се зборува :icon_mrgr:
 
Воениот конфликт во Либија, вооружениот судир во Сирија и можноста на Американците да интервенираат таму, после можеш да преминеш на масоните и нивното влијание врз светов па после ситуацијата на северот на Косово.. за крај сврти малце на нуклеарна физика. Тоа е тоа :ROFLMAO:
А за Илинденското востание ?
 
Најчесто за нашата свадба,каде да одиме на меден месец,колку деца да имаме,како да ни се викаат,во кое средно и факултет да ги запишеме,каде на бања во пензионерските денови,која песна на погреб да ни се свири и така...
 
ако сакаш да оставиш посебен впечаток зборувај нешто што не го зборуваат повеќето. Значи не оние класични досадни муабети, како на факс, бла бла..
И многу повеќе игра улога говорот на телото отколку тоа што го зборувате. 7% од тоа што го зборуваш е темата, другото е тонот на гласот, eye contactot, гестикулациите, или со едно име говорот на телото. Биди опуштен и сигурен во себеси, е сега за да го скршам мразот секогаш почнувам со некоја шега во моја полза (кревам акции) на нејзина сметка, со тоа и давам на знаење дека си има работа со опасен дечко и нејзе ќе и се допадне тоа. инаку можеш да ја прашаш..

дали некогаш била заљубена, дали стои добро со нејзините бивши, дали е водач или следбеник, кон што се стреми во животот, што највеќе мрази кај машките, кое е првото нешто на кое не би можела да каже не, каде би сакала да биде сега, колку е успешна во излегување со машки сето тоа со кратки паузи и долг ајконтакт и многу антиципација.. има милион теми што ми текнуваат моментално. Само немој да изгледаш ко инспектор. После некое прашање заќути и почекај таа нешто тебе да те праша, да отвори тема. И гледај да не одговараш многу сериозно туку со доза хумор и мистичност, за тоа треба досетливост и искуство.
 
Оставаш да те води инстинктот, ништо предвреме спремано никакви совети вежби пред огледало итн. Едноставно без очекување како што само инстинктивно и самото од себе ќе си дојде, и инстинктивно ќе знаеш што е што.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom