Раскинување или не? Ако замине на одредено време (5-6 месеци)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola-
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2010
Мислења
78
Поени од реакции
2
Споделете ги вашите мислења за тоа дали би му раскинале на некој кој што го сакате,во врска сте со него некое одредено време,можеби 8 - 9 месеци,и тој/таа заминува надвор од државава на некое време...Како вие би постапиле??


---------------------:wub:--------------------
 
Ќе разговараме, ако решиме заедно да раскинеме - ќе раскинеме, а ако несака да раскинеме - ќе шврљам и то, па што биде биде, сигурно нема да ја чекам да се врати и да плачам по неа :tv:
 
Одредено време?
Кој кур да раскинеш ако го/ја сакаш?

п.с. не се важи ако одреденото време прескокнува период кој не можеш да го издржиш сам ради низа причини, али за 5-6 месеци а се сакате, не знам шо е проблемот
 
Хаха, интересна тема, ме потсеќа на случаите кога едниот заминува на времена работа во странство (6 месеци на брод, на пример), па се поставуваат прашањата дали кога ќе се врати, се ќе биде исто, стравот дека ќе запознае некој/ некоја и ќе ви раскине месец пред да се врати, преку смс во кој вели дека веќе 4 месеци е со друг /а..., а вие верно сте чекале цело време, можноста дека и вие можеби ќе запознаете некој /а со кој/а ќе сакате да бидете интимен... бла бла...

Одговорот зависи од секој случај посебно: степенот на доверба, должината на врската, заедничките цели и пред се ... вистински ли го сакате?
 
Пред се зависи од цврстината на врската и дали имате заеднички планови за во иднина за кои вреди да се чека. Доколку има, трогаш не гледам каде е проблемот, ќе може да се почекате.
 
Идејата ми дојде од еден филм,но еве и мене ми се дешава тоа..ако дае господ,односно америчкава амбасада виза ке идам летоска за USA,па прееска една другарка на женска ми искоментира,ја би му раскинала,неможам да издржам..Па ме интересираа повеке мислења..Како и да е,мое мислење е ако го/ја сакаш нема причина,мн гејски звучи,али колку и да се прајш фраер,сите имаме чуства,јбг...:)) Али интересно ке биде,од страната на тој шо оди некаде,да му/и каже да прави со сака додека го/ја нема,па ако шмрљал/а тогаш ке свати дали доволно си му/и значел/а ... :)))) :mist:
 
Баш и не е црно бела ситуацијата, иако се бара црно-бело решение на крај. Сепак има еден куп фактори што влијаат на едната и другата страна и што ја прават одлуката исправна или точна.

Иам видено и вакви и онакви ситуации, една од поинтересните е дотичниот беше на брод, а дотичната шо требаше да го чека... не го дочека, се мажи :pos:
 
Јас има дечко кој шо одевме 6 години, и веке накај 5 години фаќавме и он замина странство на работа. Додека беше тука значи ние ретко се каравме, не знам...се беше вистина ок..никогаш немаше покажано ни он ни ја некоја љубомора и сл (и покрај тоа што јас студирав у др. град и си идев преку еден викенд, немаше ништо). Арно ама по некое време он таму у пичку матер , јас тука у Мк. почна као демек " Кај сi сеа,... Со кој си...Па кога ќе се прибереш и сл. " Цимерките, другарките и не знам уште кој не ми рекоа дека таквата реакција била нормамлна од него кога сме мн километри одалечени...арна ама тоа од кај си сеа и со кога прерасна во " Кој е типот до тебе и сл срања"..а немаше никакво тип и тоа му го докажав милоин пати... Па следеа карања по телефон " оти не си дое дома за викенд,..зш излезе за викенд и сл " ..И така еден ден мене ми дое преку п***а се и раскинавме. Сакам да кажам дека и покрај доверба ,љубов и не знам шо кога сте заедно со некој или некоја ...кога се одалечени мн километри сето тоа се заборава од едната страна..И така не може некој да ми каже дека и покарј далечината останала љубовта иста...
 
Брат, ако ја знаеш месец дена, а заминува на 8 месеци... мислам дека одговорот ти е јасен -.-
Ама ако станува збор за долга, стабилна и "продуктивна" врска, најди си друга причина да прекинеш однос.
Можеби ќе раскинете на четвртиот месец од моментот кога си заминала, затоа што односот оладил или не е тоа тоа или 300 други глупости, тоа Е веќе причина за прекинување на врска, ако веќе нема компромис.
Ама, зашо си заминала?
Ја не би го сторил тоа, ако сеуште има љубов во мене.
 
И јас сум во таква ситуација. Тој заминува на работа во странство а јас останувам поради работа. Иако има љубов и планови за иднина, во моментов мора да е вака. Се договоривме да не си даваме не знам какви ветувања, само ОВА - си ветивме дека барем нема да се врзуваме за друг. Планот е после да се средиме заедно, па ке видиме што понатаму. Возрасни сме, нема плачење, ако издржиме - добро, ако не - пак добро.
 
хахаха.. Во врска некое време па после одење во странство :D Јас бев во врска кога одев на печалба во америка. Иако врската пред одење не ми беше нешто посебно кога се вратив дома имав друго размислување за се. Не ја варав, не сум се ни затрескал, немало некоја што ми го свртела умот таму, но после толку време одвоени врската почнуваш да ја гледаш и со разум. Она што на почеток срцето ке избрише а тоа се некои фалични работи и ти ќе ги гледаш само добрите, разумот подоцна ги разработува. Кога се враќате дома исто како да сте почнале одново врска со некого, но сега не се чувствувате исто како порано а знаете за некои нејзини карактеристики што не ви се допаднале. Па Никола , мислам дека не треба да раскинувате пред да одиш. Ке си видиш колку ја сакаш таму па кога ке се вратиш знаеш што да правиш. Ако се е исто и по враќањето тоа е знак дека постои љубов меѓу вас.
 
Јас би се обидел да издржам т.е. да нема раскинување (зборувам за салам сериозна врска со планови). Ако е онака..преку курац ти е и веќе тука...пф...нема што да му ја мислиш.
 
Јас би ти препорачал да не раскинуваш, ама да си бидиш на спремен за се. Можи да се скарате дури си таму, можи да се скарате ко ќе си дојдиш, бидејќи нема да биди исто ко порано, а можи и да ви се зацврсти врската од ко че се вратиш.
Уствари, сето е индивидуално бе...
 
Ако постои вистинска љубов ќе опстои таа врска,па 6 месеци и не е кој знае колку долг период.Па што да кажеме за тие што се во брак,а ете едниот брачен другар заминува на привремена работа во странство,значи ако е така тие треба одма да се разведат.Значи ако врската е сериозна,квалитетна мислам дека ќе опстои.
 
Уште е рано да се мисли на ова али го прочитав насловот па реков ајде да пишам..
Идам со една цура, не знам како ќе биде во иднина и колку ќе идеме али ако идеме до лето тогаш ќе биде тешко затоа што би требало таа да замине во Швајцарија да живи..
Највероватно ќе раскинеме, врска на таа далечина не успева и според мојот темперамент и карактер тешко дека ќе останам верен ако е таа отсутна a не е ни блиску до мене..
Поголеми маки ќе имаме само, а неможам да ја чекам година дена да наполни 18 години па да остане, сепак многу ми е рано да се женам :pipi:
Секогаш има и ќе има други девојки, се надевам дека ќе успеам брзо да ја преболам тогаш и то..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom