Расипан телефон

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Замислете си ја следната ситуација:
Разговарате со некој свој пријател/пријателка, на тема доаѓаат одредени детали од вашиот живот кои се разбира сте напоменале дека сакате да останат помеѓу вас и по некој изминат период се среќавате со друга пријателка која ви ги кажува работите на сосема видоизменет начин и ви потврдува кој и ги кажал. (значи првата личност со која сте разговарале на таа тема)

Сега, во кој ќе ја изгубите довербата?

1.Во првата личност, затоа што ја прокоцкала довербата која сте и ја пружиле
2.Во втората личност, со тоа што ви докажува дека не е некој на кој може да му се верува ако вас ви зборува како некој друг зборува за вас
3.И во двете

Или било која друга опција или решение се добредојдени, значи ... кога некој си игра расипан телефон со „вашиот живот“?
Како постапувате тогаш?
Превземате мерки или просто оставате се да помине?

Епа нема потреба да ја замислувам ситуацијава... знаејќи ќи денешниве луѓе мислам дека на секој му се има случено ова. Енивеј, првата личност дефинитивно ќе ја изгуби мојата доверба засекогаш, затоа што „Не кажувај на никој!„ не е нити метафора, нити нешто неразбирливо за да не и е јасно дека не треба да г прераскажува тоа на други луѓе, па уште и различно.:nenene: А втората личност... зависи како ми го пренела сето тоа. Може да дојде и да ми рече другарка ти збори вака и вака, точно ли е, не ли е. Тогаш ќе и бидам благодарна. Значи во случај да ми пристапи пријателски и да знам дека сака да помогне, само благодарност ќе добие од мене. Али ако ме исмејува пошто ете знае некои детали од мојот живот и ако има некоја злобна намера тогаш секако дека ќе ја изгубам довербата во неа. И за крај, кога некој си игра расипан телефон со мојот живот. Епа се случувало тоа порано, јас не се замарам многу со такви работи и не сум по исправање криви дрини, така да нити негирам нити пак се трудам да објаснам што е вистината. А луѓето кога гледаат дека нешто не допира до тебе одма си наоѓаат нова жртва, така што последниве години, фала Богу, више и да нема трачеви за мене. Игнорирањето е најдобар лек за сите алапачи.:pipi:
 
Ми се случило да сум некаде на средина, но само на една случка убаво се сеќавам. Бев малку мутава и не знаев како да реагирам, чувствував блага нервоза и разочарување. И` поверував на втората личност бидејќи првата си знаев дека си има такво хоби да си лаже, додава и јаде трици. Со првата расчистив и не можам да го опишам олеснувањето кое го почувствував, а со втората и ден денес си го надградуваме другарството:heart1: Се чувствува кој е искрен, а кој е гомнојадец.
 
Во денешно време сите гледаат да ти се сладат на тагата НЕ БАШ СИТЕ има и прави другари али малку се ако ми се случи неш лошо сите ќе ме прашаат не дека ги интересира а ако е добро ако не им се пофалам ниш МОЈА СИТУАЦИЈА НЕЗ ЗА ВАС.
 
Замислете си ја следната ситуација:
Разговарате со некој свој пријател/пријателка, на тема доаѓаат одредени детали од вашиот живот кои се разбира сте напоменале дека сакате да останат помеѓу вас и по некој изминат период се среќавате со друга пријателка која ви ги кажува работите на сосема видоизменет начин и ви потврдува кој и ги кажал. (значи првата личност со која сте разговарале на таа тема)

Сега, во кој ќе ја изгубите довербата?

1.Во првата личност, затоа што ја прокоцкала довербата која сте и ја пружиле
2.Во втората личност, со тоа што ви докажува дека не е некој на кој може да му се верува ако вас ви зборува како некој друг зборува за вас
3.И во двете

Или било која друга опција или решение се добредојдени, значи ... кога некој си игра расипан телефон со „вашиот живот“?
Како постапувате тогаш?
Превземате мерки или просто оставате се да помине?
Губење на довербата - под 3, и двете.
Постапување - ќе си ги задржиш и понатаму во близина и ќе си ги искористиш кога сакаш нешто да се прочуе „а да не излезе од тебе„.:свиркам:

Башка бонус, кога ти е досадно ненормално добра забава е да им пушташ „буви„ за некои глупости и да си гледаш како во друштво испаѓаат кретени.:D

Нормално, интимни муабети повеќе со нив јок (види потпис ;)).
 
Замислете си ја следната ситуација:
Разговарате со некој свој пријател/пријателка, на тема доаѓаат одредени детали од вашиот живот кои се разбира сте напоменале дека сакате да останат помеѓу вас и по некој изминат период се среќавате со друга пријателка која ви ги кажува работите на сосема видоизменет начин и ви потврдува кој и ги кажал. (значи првата личност со која сте разговарале на таа тема)

Сега, во кој ќе ја изгубите довербата?

1.Во првата личност, затоа што ја прокоцкала довербата која сте и ја пружиле
2.Во втората личност, со тоа што ви докажува дека не е некој на кој може да му се верува ако вас ви зборува како некој друг зборува за вас
3.И во двете

Или било која друга опција или решение се добредојдени, значи ... кога некој си игра расипан телефон со „вашиот живот“?
Како постапувате тогаш?
Превземате мерки или просто оставате се да помине?
значи не би изгубила верба во никој..не се они криви..
Како би можел/а да очекуваш од некој да ја чува твојата тајна кога ни ти самиот/та не можеш да ја зачуваш???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom