Rape & Revenge (Силувања и одмазда) хорор трилер филмови (Темата содржи спојлери)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ова е мал поджанр на хорор филмови посебно популарен во седумдесеттите години на минатиот век. Содржината на тие филмови се опишува воглавно на насловот од поджанрот. Тоа се филмови карактеристични по своето експлицитно представување на насилството во нив што физичко тоа и сексуално.

The Virgin Spring (Изворот на девицата) Ingmar Bergaman 1960.

Изворот на девицата е шведска драма снимена 1960 година и се смета како зачетник на поджанрот. Дејствието се случува во средновековна Шведска каде што се случува силување и убиство на млада девојка, потоа следи одмаздата на нејзиниот татко. Филмот е доста критикуван поради експлицитната сцена на силување.


Други попознати филмови снимени во седумдесеттите и осумдесеттите година на минатиот век се: House on the Edge of the Park ( Куќата на крајот од паркот), Fight for your Life (Бори се за својот живот), Last House on the Left (Последната куќа од лево) и I Spit on Your Grave (Плукам на твојот гроб). Последните два имаат римејк од поново време.
Најпознати филмови филмови од овај поджанр снимени последната декада се: Run! Bitch Run ( Трчај кучко трчај) 2009, потоа шпанско- аргентинскиот филм No Morire Sola (Не умирај сама) и најпознатиот поради Моника Белучи :icon_lol: Irréversible (Неповратливо).
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
На Синбад имаше ми се чини една епизода таква.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ајде модератор бриши ги овие двајцава претходно сосе мој коментар.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
Bergman :) и Noe :) :)

Двајца од моите омилени режисери. The Virgin Spring уште ми е во D. Исто така ми се допадна и Irreversible. (Memento on crack без цензура).
Ама се додека е со уметнички шмек е во ред, се друго ми е невкусно. Како I spit on your grave.

Also, одма ми текнува на Antichrist, Српски филм, еt cetera..
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Одма се лутиш па ти.

Неам глеано многу филмови од овој жанр, ете Српски Филм ако се рачуна, и несфатливо ми е која уметност ја има во тој филм.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еве уште еден понов филм кој спаѓа во овај поджанр и е римејк на постар филм.

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
Одма се лутиш па ти.

Неам глеано многу филмови од овој жанр, ете Српски Филм ако се рачуна, и несфатливо ми е која уметност ја има во тој филм.
Па не го спомнав во уметничкиот контекст како со другите, туку само дека ми текнува. Мада стојам зад тоа дека филмот е добар.
Плот, твист.. во целост приказна што заинтересирува.
Камера, поготово за нашиве простори, фантастична.
Одлична глума.

Сега експлицитноста и идењето до крајни граници, за кого како. Aма сепак дел од поентата, од импактот, од психолошкиот терор, од што уствари се состои и жанрот. Некому е премногу.. (што и јас мислам дека е) ама сепак во поголемата слика, филмот останува за мене добар.

Еве уште еден понов филм кој спаѓа во овај поджанр и е римејк на постар филм.

Поблаго малку ама нејсе, стриктно оригиналот препорачувам. Римејков не го догледав..
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Deliverance се рачуна? Според мене не е само ликот на Нед Бити силуван од страна на планински хилбили туку вкупно сите од групата се "силувани" од страна на суровата природа, но за разлика од осветата која е спроведена врз планинците тие не можат на природата да се осветат, или пак така барем филмот го сфатив.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
bucio

najnovo Only God Forgives, rape and revenge film.

i se nadevam si go izgledal originalniot Straw Dogs dosega..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.236
Поени од реакции
84.233
Чарлс Бронсон и неговите vigilante филмови дали влегуваат у оваа фиока?
Не знам, пошто он е осветникот, али него не го силуваат у тие филмови.

Ако - да, онда ваљда и Иреврсибл влегуе тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom