Ракопис

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување
Десничар, пишувам брзо и разбирливо, ако е за мои потреби знам да скратам од зборовите за да не губам време, кога е за било каква административна работа се трудам да биде средено се, ако згрешам зимам нов лист не шкрабам и бришам.
 
Десничар. Криптиран ракопис :D како докторите. Јас си разбирам се што сум напишал, но друг.....тешко ќе му биде. Иако ретко имам потреба да пишувам но кога морам нешто официјално да пополнам се трудам да биде разбирливо. Но кога се работи за пишување на лични белешки тоа си го правам во мој стил.
 
... внимателно анализирање на ракописот е една од вештините и способност да се одреди психолошките карактеристики на тој што напишал, тоа е цела наука т.н. Графологија често применлива во судското вештачење и криминалистика за утврдување на идентитетот на личноста на основа на ракописот или проценување на неавтентичноста на некој потпис!

...никаде не постои ист ракопис, лично мојот ракопис е варијабилен и зависи од расположение, а и од ситуација каде и кога пишувам, така да најчесто немам ист ракопис, почетната голема буква секогаш ми е нагласена имам многу рамно хоризонтално пишување што посебно доаѓа до израз на бела хартија без линии, бројките ми се јасни, големи, а потписот ми е читлив не ми е шкрабаница, подобро пишувам со дебело стило!
... инаку во друштво порано најчесто се гледало на кафе, а јас ќе кажам ај земи напиши две реченици, датумот и потпиши се ќе ти раскажам исто како на кафе да ти гледам! а и држењето на стилото има значење, како желба на кафе кога ќе се дупне :D
 
Последно уредено:
Јас не пишувам... Јас везам и тоа со лева! Пишувам читко и сакам да изгледа убаво. Секогаш дополнително ме мотивира кога ќе видам со колкав труд сум напишала нешто. Пишувам често .. иако ми зема повеќе време одколку на компјутер ..со пишувањето сум сигурна дека информацијата ми се врежува во меморија.
 
Прво/второ одделение останував на дополнителна поради две причини:
1. Да вежбам цртање затоа што сум природен антиталент и
2. Да го вежбам ракописот.

После го поправив.

Ракописот ми е разбирлив, меѓутоа премногу ситен. Користам и премногу скратеници кои само јас си ги разбирам, така беше и кога фаќав белешки и кога ги раскажував лекциите затоа што не научив да учам директно од книга. Мораше да ми биде напишано, па од напишаното да учам.

На факс имав друг проблем кога одговарав писмено, левак сум и листот многу го вртам, ми викаа ко арапски да пишувам. Кога пишувам листот е 180 степени искривен, вертикала, така тој до мене можеше комотно да препишува. :icon_mrgr:
 
нешто што највеќе ме мрзи е рачно да пишувам, немам убав ракопис најверојатно ради тоа :kafence:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom